Клепач

село во Општина Прилеп

Клепач — село во областа Пелагонија, во Општина Прилеп, во околината на градот Прилеп.

Клепач

Куќи во селото Клепач

Клепач во рамките на Македонија
Клепач
Местоположба на Клепач во Македонија
Клепач на карта

Карта

Координати 41°12′15″N 21°27′37″E / 41.20417° СГШ; 21.46028° ИГД / 41.20417; 21.46028
Регион  Пелагониски
Општина  Прилеп
Област Пелагонија
Население 91 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7514
Повик. бр. 047
Шифра на КО 20048
Надм. вис. 590 м
Клепач на општинската карта

Атарот на Клепач во рамките на општината
Клепач на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Поглед на селото

Селото се наоѓа во Пелагонија, во крајниот јужен дел на Прилепското Поле и во јужниот дел на територијата на Општина Прилеп, чиј атар се допира со подрачјето на Општина Могила.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 590 метри.[2]

Мало полско село помеѓу Ерековци, Тополчани и Ношпал. Водата за пиење се добива од бунари.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Селиште, Круша, Ѓорев Вир, Кладенец, Бачилишта, Преку Друм и Извор.[3]

Селото има збиен тип. Куќите се делат на маала, а нивните имиња се одредени од родовите, како: Мирчевци, Крамаревци и Чукалевци.[3]

Селото се наоѓа во јужниот дел на Прилепското Поле, оддалечено 22 километри јужно од Прилеп.

Историја

уреди

На месноста Селиште, каде сега се наоѓаат ниви, која се наоѓа 400 метри западно од селото, се верува дека била првичната местоположба на селото. Во средината на XIX век, за да го спречат турското ширење од соседните села Ерековци и Канатларци во атарот на селото, мештаните решиле да го поместат селото. Други наведуваат дека селото било преместено поради поплава на Црна Река, што е поверојатно. На Селиште се познава црквиште (камен со крст), а биле најдени и стари гробови. .[3]

Се верува дека селото било основано за време на населувањето на Турците во блиските села, Ерековци и Канатларци. Основачи на Клепач биле македонски доселеници од Преспа. Од тие доселеници потекнуваат сите селски родови.[3]

Во минатото, селото било погодено од чума.[3]

Во XIX век, Клепач било село во Прилепската каза на Отоманското Царство.

На 15 мај 1906, реонската чета на Велко војвода, која се состоела од 9 души, е заобиколена од турска потера во с. Клепач. Четата јуначки се бранела во добро укрепена куќа, но кога таа била запалена, четниците ја кршат вратата и во бегство сите биле убиени. Од аскерот паднал 1 убиен и 3 ранети.[4]

Стопанство

уреди

Атарот е мал и зафаќа простор од 4,2 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 366 хектари, на шумите отпаѓаат 17 хектари, а на пасиштата 16 хектари, па според тоа селото има исклучително полјоделска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948371—    
1953386+4.0%
1961432+11.9%
1971389−10.0%
1981366−5.9%
ГодинаНас.±%
1991227−38.0%
1994156−31.3%
2002160+2.6%
202291−43.1%

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името К-л-п-а-ч и имало 30 семејства и 2 неженети, сите христијани.[5]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Клепач живееле 204 жители, од кои 196 Македонци и 8 Роми.[6] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Клепач имало 200 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Клепач е претставен како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 28 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[9]

Клепач поради иселувањето на населението преминало од средно во мало село по големина. Селото во 1961 година броело 432 жители, од кои 412 биле Македонци, а 20 жители Турци, а во 1994 година 156 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Клепач живееле 160 жители, сите Македонци.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 91 жител, од кои 88 Македонци, 1 Албанец и 2 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 204 200 371 386 432 389 366 227 156 160 91
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

Клепач е македонско село.[3]

Родови во селото се:

Стојчевци,Јосифофци,Звездаковци,

  • Доселеници: Чукалевци (11 к.), Крмаровци (9 к.), Мирчевци (7 к.), Палашовци (6 к.), Матевци (6 к.), Милевци (4 к.), Гроздановци (4 к.), Тосковци (3 к.), Тодиовци (1 к.) и Дерковци (1 к.), сите се доселени од Преспа.

Најстар жител во селото е Богдан Чукалески-2022год

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди
 
Поглед на главната селска црква „Св. Архангел Михаил“

Селото влегува во рамките на Општина Прилеп, која била значително проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1996 до 2004 година, селото се наоѓало во рамките на некогашната рурална Општина Тополчани.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Прилеп.

Во периодот од 1955 до 1965 година, селото влегувало во рамките на тогашната општина Тополчани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Тополчани, во која селото Клепач, се наоѓале и селата Веселчани, Загорани, Тополчани, Тројкрсти и Чепигово. Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Канатларци, во која влегувале селата Ерековци, Канатларци, Клепач и Шелеверци.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1503 според Државната изборна комисија, сместено во основното училиште.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 98 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви[18]

Иселеништво

уреди

Се знае за следниве иселени родови: Клепачани (5 к.) и Беличовци (1 к.), живеат во селото Долно Оризари; Шиндевци (4 к.), живеат во Долна Чарлија и Куртовци (6 к.) и Саравиновци (3 к.), живеат во соседното село Ношпал.[3]

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 150. Посетено на 4 октомври 2019.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски; Јован Ф. (1998). Bitoljsko-Prilepska kotlina : antropogeografska proučavanja. Белград: Српска академија на науките и уметностите. ISBN 8670252678. OCLC 41961345.
  4. Трайчевъ, Георги. Градъ Прилѣпъ. Историко-географски и стопански прегледъ. София, Печатница „Фотиновъ“ № 1, 1925. с. 268.
  5. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.71
  6. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 247.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.166-167.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 20.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 октомври 2019.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 4 октомври 2019.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 4 октомври 2019.
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди