Општина Вранештица
Општина Вранештица — поранешна општина во Западна Македонија. Центар на општината било селото Вранештица. Општината била создадена со територијалната поделба од 2004 година, а престанала да постои согласно предлог-измените за територијална поделба во 2013 г. кога била припоена кон Општина Кичево, заедно со општините Зајас, Другово и Осломеј[1] со воспоставување на новата локална власт по изборите на 24 март 2013 г.
Општина Вранештица
денес дел од Општина Кичево | |
Местоположба на поранешната Општина Вранештица. | |
Знаме | Грб |
Општи податоци | |
Седиште | Вранештица |
Регион | Југозападен |
Површина | 109,13 км2 |
Основана | 2004 |
Службен јазик | македонски и турски јазик |
Демографија | |
Население | 1.322 жит. |
- проценка од 31.12.2011 | 1.254 жит. |
Густина | 12,11 жит./км2 |
Населени места | |
Народности | Македонци и Турци |
Самоуправа | |
Градоначалник | Ванчо Србаковски (последен градоначалник) |
Совет | 9 члена |
Контактни податоци | |
Мреж. место | Службен портал |
Територијата на Општина Вранештица е дел од Југозападниот Регион. Општината се граничела со: Општина Другово на југ и запад, Општина Кичево на запад, Општина Македонски Брод и Општина Осломеј на север и Општина Македонски Брод и Општина Пласница на исток.
Географија
уредиОпштина Вранештица се наоѓала во Западна Македонија, дел од Југозападниот Регион. Општината се наоѓала во Кичевското Поле и имала вкупна површина од 109.13 км2. На север општината граничела со општините Македонски Брод и Осломеј, на запад со Кичево и Другово, на исток со Македонски Брод и Пласница, на југ со Другово.
Стопанство
уредиВранештица била позната по грнчарството. Во селото Вранештица има долга традиција на изработна на грнчарски производи, као што се стомни, тави, ќупови и сл.
Иселеништво
уредиНаселените места во општина Вранештица забележале пад на населението поради миграцијата село-град. Добар дел од луѓето се иселувале во поголемите урбани центри во Македонија.
Демографија
уредиСпоред пописот на население од 2002 година, општината имала вкупно население од 1.322 жители со густина на население од 12.11 жители на километар квадратен. Оваа општина била една од најмалите во државата. Етничкиот состав на општината бил следниот[2]:
етникум | број | процент |
Македонци* | 1.033 | 78.14% |
Турци* | 276 | 20.88% |
Албанци | 10 | 0.76% |
Срби | 2 | 0.15% |
други | 1 | 0.07% |
- * Во општината има Македонци-муслимани кои се изјасниле како Турци поради различни политички причини.
Мајчин јазик на населението според пописот од 2002[3]:
јазик | број |
македонски | 1.068 |
албански | 10 |
турски | 239 |
српски | 2 |
бошњачки | 2 |
други | 1 |
Религија на населението според пописот од 2002 година:
религија | број |
православие | 1.033 |
ислам | 287 |
други | 2 |
Администрација и политика
уредиПоследен градоначалник на општина Вранештица бил Ванчо Србаковски. Општината имала вкупно 9 советници кои го претставуваат 15 села од општината.
Во склоп на општина Вранештица биле следниве села: Атишта, Бигор Доленци, Вранештица, Дупјани, Карбуница, Козичино, Крушица, Миокази, Орланци, Патец, Рабетино, Речани, Светораче, Староец и Челопеци.
Општествени установи
уреди- Црква „Св. Димитриј“ - Атишта - црквата е посветена на св. Димитрија, во која интересен е фактот дека само тука се сретнуваат икони кои ги нема низ другите цркви низ Македонија.
- Црква „Св. Антониј“ - Бигор Доленци - црква од 1865 година[4]
- Црква „Св. Петка“ - Бигор Доленци - црква од 1858 година
Културни и природни знаменитости
уредиЛичности
уреди- Петар Илиевски — македонски јазичар и академик.
- Тома Николов — македонски свештеник.
- Ванчо Србаков — македонски револуционер
- Димо Калевски — македонски револуционер
- Евгени Попсимеонов — македонски револуционер
- Никола Трајков — македонски револуционер
- Софрониј Пречистански — македонски духовник
- Трајко Ковачев — македонски револуционер
- Христо Србаков — македонски револуционер
- Јане Скаев — македонски револуционер
Наводи
уреди- ↑ „ДУИ бара помош од иселениците“. Нова Македонија. Посетено на 2012-11-20.
- ↑ Попис на населението во Македонија, 2002
- ↑ Попис на Македонија, 2002: јазик, националност, религија
- ↑ „Цркви во Кичевкото архијерејско намесништво“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2011-02-18. Посетено на 2011-04-05.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Општина Вранештица во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.
- Општина Вранештица на „Златна Книга“
- Општина Вранештица Архивирано на 15 април 2012 г. на mojsovetnik.org.mk