Драмче

село во Општина Делчево

Драмче — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.

Драмче

Маало на Драмче

Драмче во рамките на Македонија
Драмче
Местоположба на Драмче во Македонија
Драмче на карта

Карта

Координати 42°00′40″N 22°42′50″E / 42.01111° СГШ; 22.71389° ИГД / 42.01111; 22.71389
Регион  Источен
Општина  Делчево
Област Осоговија
Население 115 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2320
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09008
Надм. вис. 700-840 м
Драмче на општинската карта

Атарот на Драмче во рамките на општината
Драмче на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Драмче се наоѓа во северозападниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар делумно е ограничен со државната граница со Бугарија. Селото е ридско и од разбиен тип, а се простира на надморска височина од 700-840 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 35,2 км2. Од Делчево е оддалечено 15 км.[2]

Историја уреди

Според едно предание, селото Драмче било основано од некој дојденец од Драма кој имал четири сина и ги разместил на тој простор. Иако не може да се утврди веродостојноста на ова предание, сепак интересен е податокот дека како дел од женската носија од Драмче е сината саја, која е карактерисична за женската носија од Драмско.[3]

Во почетокот на XX век, Драмче било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.

Во Првата балканска војна, од селото имало еден доброволец кој бил дел од Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Вкупно 3 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[5]

Стопанство уреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.562,2 ха, додека на пасишта отпаѓаат 901,4 ха, а обработливото земјиште зафаќа површина од 815,2 ха.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948842—    
1953996+18.3%
1961868−12.9%
1971697−19.7%
1981534−23.4%
ГодинаНас.±%
1991429−19.7%
1994416−3.0%
2002288−30.8%
2021115−60.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Драмче живееле 430 жители, сите Македонци.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 400 Македонци.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 650 Македонци.[8]

Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 288 жители, од кои 287 Македонци и 1 Влав.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 115 жители, од кои 103 Македонци и 12 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 430 400 842 996 868 697 534 429 416 288 115
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Општествени установи уреди

Во селото има основно училиште, фабрички погон за конфекција, земјоделска задруга, продавници и угостителски објекти.[2]

Самоуправа и политика уреди

Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Делчевската околија.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на истоимената општина во склоп на Малешевската околија.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0601 според Државната изборна комисија, кое е сместено во објектот на селската месна заедница.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 201 гласач.[16]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 190 гласачи.[17]

Културно наследство уреди

 
Спомен-куќата на Дедо Митко

Од селото потекнува орото Копачка, кое во 2014 година било впишано во претставителниот список на УНЕСКО за заштита на нематеријалното културно наследство.[18] Кон крајот на 2014 година, родната куќа на долгогодишниот ороводец на орото Копачка Димитрија Станоевски (1917-2009), попознат како „Дедо Митко“, била претворена во спомен-куќа, во чија поставка се из­ло­же­ни ста­ри фо­то­гра­фии, об­ја­ве­ни тек­сто­ви во до­маш­ни и во стран­ски вес­ни­ци, пред­ме­ти и ин­стру­мен­ти кои ороводецот ги употребувал, ка­ко и на­род­ни­те но­сии во кои го предводел орото. Уредувањето на спомен-куќата било финансирано со средства обезбедени од Министерството за култура, здружението Копачка и Општина Делчево.[19][20]

Културни знаменитости уреди

 
Црквата „Св. Архангел Михаил“
Археолошки наоѓалишта
Цркви
Културни установи
  • Спомен-куќа на Дедо Митко — спомен-куќа посветена на ороводецот на орото Копачка Дмитрија Станоевски (1917-2009)

Личности уреди

Починале во Драмче

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 112.
  3. Крстева, Ангелина (2005). „Размислувања за потребата од теренски етнолошки истражувања“. Етнолог. Здружение на етнолозите на Република Македонија - Музеј на Македонија (11): 142–143.
  4. Македоно-одринското опълчение 1912 – 1913 г. Личен състав, Главно управление на архивите, 2006, стр. 844.
  5. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  6. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
  16. „Локални избори 2017“. Посетено на 10 јули 2018.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  18. „Kopachkata, a social dance from the village of Dramche, Pijanec“. UNESCO Culture Sector - Intangible Heritage. Посетено на 18 декември 2014.
  19. Најстариот ороводец дедо Митко доби спомен-соба[мртва врска]“. Вечер. 28 октомври 2014.
  20. П., Н.. „Куќата на дедо Митко во Драмче ја раскажува приказната за „Копачка“ Архивирано на 21 јули 2018 г.“. Република. 15 март 2015.

Надворешни врски уреди