Карбинци

село во Општина Карбинци

Карбинци — село и административно седиште на истоимената општина, сместено во околината на градот Штип.

Карбинци

Поглед на селото од соседното Таринци

Карбинци во рамките на Македонија
Карбинци
Местоположба на Карбинци во Македонија
Карбинци на карта

Карта

Координати 41°49′0″N 22°14′15″E / 41.81667° СГШ; 22.23750° ИГД / 41.81667; 22.23750
Регион  Источен
Општина  Карбинци
Население 574 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2207
Повик. бр. 032
Шифра на КО 30022, 30522
Надм. вис. 293 м
Карбинци на општинската карта

Атарот на Карбинци во рамките на општината
Карбинци на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Ова село се наоѓа во средното сливно подрачје на реката Брегалница, недалеку од нејзината лева страна. Карбинци претставува средишно и административно место на истоимената општина.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 293 метри. Од градот Штип е оддалечено 14 километри.[2]

Селото се наоѓа во западното подножје на планината Плачковица. Со градот Штип е поврзано со локален пат.[3]

Историја

уреди

Карбинци е старо село, бидејќи уште во 1348 година селската црква „Св. Врачи“ била спомената од страна на царот Душан, која ја приложил на манастирот Хиландар. Црквата се претпоставува дека потекнува од периодот пред XIV век.[2]

Во XIX век, Карбинци било село во Штипската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Атарот зафаќа простор од 7,1 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 574 хектари, на пасиштата отпаѓаат 66 хектари, а на шумите само 55 хектари.[2]

Селото, во основа, има исклучително полјоделска функција. Во селото има услужни објекти, земјоделска задруга и оранжерија.[2]

Главно занимање на жителите е производство на житни култури, посебно на оризот.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948413—    
1953465+12.6%
1961537+15.5%
1971541+0.7%
1981590+9.1%
ГодинаНас.±%
1991629+6.6%
1994643+2.2%
2002673+4.7%
2021574−14.7%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 184 жители, од кои 144 Македонци и 40 Роми.[4] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 168 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци и 25 до 50 други жители.[6]

Селото е средно по големина, со пораст во бројот на населението. Така, во 1961 година броело 537 жители, од кои 500 Македонци, 15 Срби, 9 Турци и 11 жители неопредели, а во 1994 година 643 жители, македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Карбинци живееле 673 жители, од кои 672 Македонци и 1 Србин.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 574 жители, од кои 555 Македонци, 1 Ром и 18 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 184 168 413 465 537 541 590 629 643 673 574
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Селото претставува административно седиште на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.

Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1957 до 1965 година. Во периодот од 1955 до 1957 година селото се наоѓало во рамките на тогашната општина Радање.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Карбинци, во која покрај селото Карбинци, се наоѓале и селата Аргулица, Бурилчево, Караорман, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак, Таринци и Црвулево. Селото било дел од некогашната Општина Аргулица во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Аргулица, Бурилчево, Карбинци, Козјак, Кучичино, Припечани, Руљак и Црвулево.

Избирачко место

уреди

Во селото се наоѓа избирачкото место бр. 2324 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 517 гласачи.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 522 гласачи.[15]

Културни и природни знаменитости

уреди
 
Главната селска црква „Вознесение Христово“
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Беш Тепе — градска населба од доцноантичкото и римското време.
Цркви[17]
Споменици на културата
Споменици

Личности

уреди
Починати во Карбинци

Култура и спорт

уреди

Во селото работат фудбалскиот клубови „Карбинци“ и „Јуки Карбинци“.[18]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 148. Посетено на 4 февруари 2021.
  3. 3,0 3,1 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Караџов“. Македонска енциклопедија. , книга I (А-Љ). Скопје: МАНУ. стр. 676. Text "series " ignored (help)
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 февруари 2021.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 4 февруари 2021.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. „Предвремени избори за пратеници 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 4 февруари 2021.
  16. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 434. ISBN 9989-649-28-6.
  17. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  18. „Најди клуб“. ФФМ. Архивирано од изворникот на 2021-10-09. Посетено на 4 февруари 2021.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди