Прострање
Прострање — село во Општина Кичево, во областа Копачка во околината на градот Кичево.
Прострање | |
Куќа во традиционална зачувана архитектура во селото | |
Координати 41°21′23″N 20°59′34″E / 41.35639° СГШ; 20.99278° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Кичево |
Област | Копачка |
Население | 19 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6255 |
Повик. бр. | 045 |
Шифра на КО | 12060 |
Надм. вис. | 570 м |
Прострање на општинската карта Атарот на Прострање во рамките на општината | |
Прострање на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа во областа Копачка, во крајниот јужен дел на територијата на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 570 метри. Од градот Кичево е оддалечено 27 километри.[2]
Селото се наоѓа во долината на Прострањска Река.[3]
Соседни села на селото Прострање се: Слатино и Оздолени од запад, Велмевци од југ, Белица, Големо Црско, Мало Црско и Цер од север и североисток, и Велмеј и Сошани од југозапад.
Месностите во атарот на селото ги носат следниве имиња: Гре’ечки Камен, Дебе’а Кошара, Мажјак, Слатино, Сошани Село, Три Бари, Старо Велмешко, Цако’а, Ливада, Лениште, Шаварика, Урумица, Високи Рид, Брусец, Преодишта, Ребори, Ѓуре’ица, Снесења, Косматец, Лоза, Врчко’ица, Крагује’ица, Гумење, На Крст, Ора’ица, Лео’ица, Бигор, Пинови, Бојко’ица, Шопур и Грубанче.[3]
Историја
уредиВо XIX век, Прострање било христијанско село во рамките на Демирхисарската нахија на Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиАтарот зафаќа простор од 29,3 км2. На него шумите зафаќаат површина од 1.721 хектар, на пасиштата отпаѓаат 1.114 хектари, а на обработливото земјиште 114 хектари.[2]
Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Прострање имало 560 жители, сите Македонци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Спростране имало 560 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Прострање се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 109 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 450 Македонци.[7]
Селото е мало и во 1961 година броело 295 жители, а во 1994 година се намалил на 35 жители, од кои 33 биле Македонци, а двајца жители биле Срби.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 31 жител, сите Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 19 жители, од кои 17 Македонци и 2 лица без податоци.[9]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 560 | 560 | 503 | 468 | 295 | 175 | 78 | 36 | 35 | 31 | 19 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]
Родови
уредиПрострање е македонско православно село.
Селото го создале доселеници од некое село кое се викало исто така Прострање и кое се наоѓало во Дебрца. Селото пред 280 години имало 18 домаќинства, но потоа се зголемило. Во 1926 година имало 76 домаќинства.[3]
Родови во селото се: Дураковци (3 к.), Станојовци (4 к.), Шмејковци (6 к.), Шушлевци (7 к.), Арбовци (5 к.), Митковци (10 к.), Чакаровци (8 к.), Трајановци (7 к.), Џеверовци (6 к.), Куреловци (7 к.), Војневци (8 к.), Цветковци (4 к.), Мандаловци (3 к.), сите се доселени од селото Прострање кое постоело во Дебрца. Во Охрид живее познатиот род Спространовци, кои во Прострање имаат роднини, тоа се Трајановци.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1952 година родови во селото:[14]
- Староседелци: Ѓиковци со Мојсовци (2 к.), Берковци (1 к.), Трајановци (6 к.), Арбовци (3 к.), Коруновци со Меанџиовци (3 к.), Поповци (2 к.), Дамчевци со Цветановци (14 к.), Мандаловци (1 к.), Џаверовци, Мусовци со Андревци (2 к.), Сталевци со Китановци (4 к.), Савевци (5 к.), Крагуевци со Чакаровци (3 к.), Шлејковци (3 к.), Јовевци (3 к.), Шушлевци (1 к.), Цветковци (3 к.), Страчиовци (1 к.), Дураковци (3 к.), Станојовци (7 к.), Војневци (2 к.), Куреловци со Љамевци (5 к.) и Пупуновци со Бојовци (1 к.).
- Доселеници: Митковци со Ристевци (9 к.), доселени се од селото Слатино во Дебрца во 1797 година; Џагановци (1 к.), доселени се во 1941 година од селото Слатино. Таму имале роднини.
Општествени установи
уреди- Поранешно основно училиште, денес претворено во планинарски дом
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кичево, каде што било додадено во 2013 година по укинувањето на Општина Другово, последна промена на територијалната поделба на Македонија. Во периодот од 1996-2013 година, селото било во рамките на некогашната Општина Другово.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Кичево.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Мало Црско, во која покрај селото Прострање, се наоѓале и селата Велмевци, Големо Црско, Кладник, Мало Црско, Прострање и Цер. Општината Мало Црско постоела и во периодот 1950-1952.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 0778 според Државната изборна комисија, сместено во училишната зграда.[15]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[16] На референдумот во 2018 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[17]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви[18]
- Црква „Св. Никола“ — соборна селска црква;
- Црква „Св. Петка“ — изградена во 1920 година;
- Црква „Св. Богородица“ — помала црква во околината на селото; и
- Црква „Св. Атанасиј“ — црква од 70тите години на XX век.
- Реки[19]
- Средна Река (наречена и Прострањчица) — река која тече низ селото
Личности
уреди- Родени в Прострање
- Богоја Стојанов (1877-?) — револуционер од ВМОРО;
- Иван Крагуев (1888-1951) — револуционер од ВМОРО;
- Спиро Цветковски (1844-?) — револуционер од ВМОРО;
- Христо Крагуев — македонско-одрински доброволец;[20]
- Владо Јаневски — македонски стрип автор, писател и сликар од Австралија.
- Коста Војнески — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Илија Мојсов Влканоски — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Стојко Неданов Ангелески — македонски револуционер од ВМОРО.[21]
- Спиро Иванов Настевски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Јордан Сиљанов Спасеноски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Богоја Илиев Трајаноски — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Јордан Јаклески (1924-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
- Ќиро Костески (1918-1945) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ
Иселеништво
уредиВо постаро време се иселиле следните родови: Неделковци (9 к.), се иселиле во селото Велмеј, Арбовци (1 к.), се иселени во селото Староец, Момировци (4 к.) и Сиљановци (3 к.), на почетокот на XIX век се иселиле во селото Дворци. Во постаро време во Охрид се иселил познатиот род Спространовци или Пространовци (името го добиле по селото од кај што потекнувале), овој род дал многу револуционери, во Прострање припаѓале на родот Трајановци. Исто така, од постаро време има иселеници од Арбовци во Софија и САД, а од Шушлевци во Битола и Тетово. Според податоците на Русиќ кој во 1952 година го посетил селото, тој забележал дека иселеници има уште во Бугарија (29 семејства), Србија (3 семејства), Битола (22 семејства), САД (6 семејства), Романија (3 семејства), Скопје (1 семејство), Дебар (1 семејство), Ресен (1 семејство), Тетово (9 семејства) и во Струга (1 семејство).[14] После 1950-тите стапило најмасовно иселување на населението од Прострање, највеќе се иселиле во Кичево, Битола, Скопје, Охрид, Австралија, САД и Канада.[3][24]
Галерија
уреди-
Природен базен во селото
-
Стара куќа во селото
-
Реката над селото
-
Водопад над селото
-
Куќи во селото Прострање
-
Глетка од селото
-
Глетка од селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 247. Посетено на 5 април 2017.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Кичевија - Тома Смиљаниќ (1926) - Кичево“. Кичево. 2018-05-16. Посетено на 2018-11-25.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 256.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 15.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 5 април 2017.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 14,0 14,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 4 март 2019.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-04-10. Посетено на 4 март 2019.
- ↑ „Референдум 2018“. Посетено на 4 март 2019.[мртва врска]
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 185. ISBN 978-608-245-113-8.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 631.
- ↑ 21,0 21,1 21,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва. том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ 23,0 23,1 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том IV, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Костески, Тодор (2009). Прострање : од крајот на XIX до почетокот на XXI век. Скопје.
Поврзано
уреди- Пространска Планина (наречена и Плакенска)
- Кичевско Поле
- Општина Другово
- Кичево