Општина Гази Баба
Општина Гази Баба — општина во источниот дел на Град Скопје
Општина Гази Баба | |||
---|---|---|---|
Општина | |||
Држава | Македонија | ||
Посебна единица | Град Скопје | ||
Седиште | Скопје | ||
Населени места | |||
Управа | |||
• Градоначалник | Бобан Стефковски | ||
Површина | |||
• Вкупна | 110,86 км2 (42,80 ми2) | ||
Население (2021)[1] | |||
• Вкупно | 69.626 | ||
• Густина | 630/км2 (1,600/ми2) | ||
Час. појас | CET (UTC+01:00) | ||
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+02:00) | ||
Повикувачки број | +02 | ||
Регистарски таблички | SK | ||
Мреж. место | gazibaba.gov.mk |
Име
уредиИмето на Општина Гази Баба доаѓа од тогаш познатиот османлиски поет Ашик Челеби наречен „Гази Баба“ кој живеел во периодот на XVI век и, меѓу останатите места, служел како кадија во Скопје. Неговото турбе кое се наоѓало во оваа општина е оштетено од Скопскиот земјотрес од 1963 г. и останало во урнатини.
Географија
уредиСе наоѓа во северниот дел на Р Македонија и се простира во источниот дел од скопската котлина и градот Скопје. Поголемиот дел од територијата во централниот, југозападниот и јужниот дел се наоѓа во рамница под обработлива површина (65% од вкупната територија) со неколку височини, во северниот дел од општината кај паркот шума Гази Баба и во централниот дел во месноста Камник, и планински дел (Скопска Црна Гора) во источниот дел од општината. Се граничи со скопските општините: на север со Бутел и Чаир, на запад со Центар и Аеродром, на југ со Илинден и Петровец, и на исток со Арачиново и Липково. Пречникот на простирање на Општината исток-запад изнесува 10 км, а север-југ 15 км.
Површина: 92км2, голем дел од таа површина припаѓа на руралниот дел од општината, со 65% обработливо земјиште од вкупното земјиште на територијата на Општина Гази Баба.
Историја
уредиПросторот на кој се протега општината, со своите географски и стратешки обележја, се среќава низ речиси сите епохи.
Откривањето на археолошкото наоѓалиште Тумба Маџари од младото камено време (неолит), укажува на фактот дека на овие простори се живеело и се творело од самиот почеток на човештвото. Од наодите откриени во населбата се истакнуваат керамички модели на куќи оформени во вид на фигура на жена, кои во современото живеење на Општина Гази Баба стануваат дел од идентитетот и симболите на општината.
Подоцна низ вековите, територијата на која се протега денешната општина била препознатлива и како место кое изобилува со верски објекти и богати извори на вода.
Од современата историја на Општина Гази Баба за одбележување е повторното нејзино формирање на 3 ноември 1976 година, со што станува конститутивна организациона единица на градот Скопје. Од тогаш тој ден претставува патронен празник на општината.
Со осамостојувањето на Република Македонија Општина Гази Баба станува дел од главниот град на земјата и негова комуникациска и сообраќајна порта.
Стопанство
уредиОпштина Гази Баба е најголемата индустриска зона на градот Скопје и Република Македонија, и на нејзина територија се создава третина од општествениот производ на Република Македонија. Бруто-домашниот производ по жител изнесува 11.964 USD (според попис од 2002г.). Квалитетно земјиште, поволна сообраќајна положба и вкупна комунална инфраструктура, стручна работна сила, научни, образовни, здравствени и други институции, потоа традиција во одвивање на одделни дејности, како и големината и квалитетот на економската структура, се битни потенцијали во развојната стратегија на Општина Гази Баба како дел од градот Скопје.
Демографија
уредиСпоред пописот од 2002 г.[2] општината брои 72.222 жители, и со тоа е една од поголемите општини по населеност во земјата.
Народ | Број | Удел (%) |
---|---|---|
Македонци | 53.497 | 73,7 |
Албанци | 12.502 | 17,2 |
Турци | 606 | 0,8 |
Роми | 2.082 | 2,9 |
Власи | 236 | 0,3 |
Срби | 2.097 | 2,9 |
Бошњаци | 710 | 1,0 |
останати | 887 | 1,2 |
Вера | Вкупно |
православни | 54.637 |
муслимани | 15.968 |
католици | 248 |
протестанти | 14 |
останати | 1.750 |
Јазик | Говорници |
македонски | 54.664 |
албански | 12.665 |
турски | 532 |
ромски | 2.060 |
влашки | 147 |
српски | 1.429 |
бошњачки | 492 |
останати | 628 |
Демографската структура на општината според етничката припадност: Македонци 73,5%, Албанци 17,3%, Срби 2,9%, Роми 2,9%, Турци 0,8%, Власи 0,3%, и останати 1,3%.
Просечна возраст: На населението е 32,9 години, до 20 години 31,3 %, до 40 години 62,6%, 60 години и повеќе 10,3%.
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиОд 2021 година општина Гази Бабa има 128 вработени во општинската администрација и 17 вработени во општинското јавно претпријатие. Градоначалник на општина Гази Баба е Бобан Стефковски од редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2021 година за мандат од четири години.[3] Советот на општина Гази Баба е составен од 27 члена. Според последните локални избори од 2021 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2021-2025 се:
- ВМРО - ДПМНЕ: 16
- СДСМ: 6
- Левица: 3
- ДУИ: 1
- независен: 1
Културни и природни знаменитости
уредиЗбратимени општини
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиФК Скопје ФК Маџари јуниор
Иселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
- ↑ „Население во Република Македонија на 31.12 по специфични возрасни групи, по пол, по општини, по години“. Државен завод за статистика на Република Македонија. Посетено на 2 мај 2018.[мртва врска]
- ↑ „Заклучок за конечност на резултати од гласањето во вториот круг на Локалните избори 2021“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 3 декември 2017.
Надворешни врски
уреди„Општина Гази Баба“ на Ризницата ? |
- Портал на Општина Гази Баба Архивирано на 28 април 2020 г.
- Општина Гази Баба во „АБВ - деловен именик“ Архивирано на 6 март 2016 г.