Вржогрнци

село во Општина Ранковце

Вржогрнци — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во околината на градот Крива Паланка.

Вржогрнци
Вржогрнци во рамките на Македонија
Вржогрнци
Местоположба на Вржогрнци во Македонија
Вржогрнци на карта

Карта

Координати 42°9′11″N 22°5′3″E / 42.15306° СГШ; 22.08417° ИГД / 42.15306; 22.08417
Регион  Североисточен
Општина  Ранковце
Население 18 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15006
Надм. вис. 539 м
Вржогрнци на општинската карта

Атарот на Вржогрнци во рамките на општината

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во крајниот западен дел на Општина Ранковце. Оддалечено е 7 килиометри од општинското средиште Ранковце и 26 километри западно од Крива Паланка. Претставува село од растурен маалски тип.

Историја

уреди

Се верува дека на местото на денешното село постоела населба од доцното античко време

Стопанство

уреди

Населението во селото главно се занимава со сточарство. Во селото нема никакви стопански или услужни објекти.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194864—    
195388+37.5%
1961109+23.9%
1971101−7.3%
198166−34.7%
ГодинаНас.±%
199141−37.9%
199437−9.8%
200229−21.6%
202118−37.9%

Според податоците од пописот во 2002 година во Вржогрнци живеат 29 жители сите од македонско етничко потекло и со православна вероисповед.[2]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 18 жители, сите Македонци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 175 96 64 88 109 101 66 41 37 29 18
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]

Родови

уреди

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Мишинци (4 к.), Воловарци (2 к.) и Џукели (1 к.)
  • Доселеници: Груинци (4 к.) доселени се околу 1900 година од селото Отошница.[7]

Самоуправа и политика

уреди

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото било седиште на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така се наоѓало во тогашната општина Ранковце, во која покрај Вржогрнци се наоѓале и селата Ветуница, Гулинци, Лубинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш, Ранковце и Станча. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  3. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  4. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  5. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  6. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  7. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.

Надворешни врски

уреди