Пресека

село во Општина Кочани


Пресека — село во Општина Кочани, во областа Осоговија, во околината на градот Кочани.

Пресека
Поглед во Пресека.jpg

Поглед на Пресека

Пресека во рамките на Македонија
Пресека
Местоположба на Пресека во Македонија
Пресека на интерактивна карта

Координати 42°00′24″N 22°30′37″E / 42.00667° СГШ; 22.51028° ИГД / 42.00667; 22.51028Координати: 42°00′24″N 22°30′37″E / 42.00667° СГШ; 22.51028° ИГД / 42.00667; 22.51028
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Kočani Municipality.svg Кочани
Област Осоговија
Население 22 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2300
Повик. бр. 033
Шифра на КО 13033
Надм. вис. 900-1.000 м
Слава Успение на Пресвета Богородица
Пресека на општинската карта
Пресека во Општина Кочани.svg

Атарот на Пресека во рамките на општината
Commons-logo.svg Пресека на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

Пресека се наоѓа во областа Осоговија. Се наоѓа лево од Оризарска Река, на пространо земјиште, и во правец југозапад-североисток е долго 10 км.[2] Селото е планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 900-1.000 н. Селскиот атар зафаќа површина од 25 км2. Од Кочани е оддалечено 23 км.[3]

Главните месности во селскиот атар се познати како: Црн(к)овец, Јаребар, Горница, Дамњанов Рид, Самоклепци, Црн Врв, Студен Дол, Јуручки Дол, Варадинци, Ваљавички Дол, Селиште, Старо Село и Цигански Гробишта. Селото е традиционално поделено на Горна и Долна Пресека. Тоа е најразбиеното село во оваа област и се состои од 13 маала коишто се доста оддалечени едно од друго. Тие се именувани по родовите кои живеат во нив и се познатки како: Старо Село, Селиште, Клинчарци, Јовевци, Лубеновци, Јуруците, Крлевци, Трговица, Ковачите, Гриовци, Шутевци, Врговци и Анџиовци. Во селото има бројни кладенци и чешми од кои селото се снабдувало со добра вода за пиење. Особено добра вода тече од двете чешми во маалото Старо Село и од чешмата во маалото Селиште.[2]

ИсторијаУреди

Не е познато кога било основано денешното село. Во него отсекогаш живеело македонско население. За многу родови не се знае дали се староседелци или доселеници. Во историски извор од 1300 година се споменува село по име „Пресека“, кое можеби се однесува на кочанското село.[2]

Месноста Селиште се наоѓа меѓу маалата Јовевци и Шутевци. Таму биле изградени првите куќи на некои денешни родови. Тие жители подоцна се преселиле на местото коешто денес е познато како Старо Село. Во Старо Село живееле околу 30 години, па потоа се распрснале и ги основале денешните издвоени маала. Раселувањето од Старо Село се случило во средината на XIX век.[2]

СтопанствоУреди

Селото има мешовита земјоделска функција. Во рамките на неговиот атар преовладуваат шумите на површина од 1.075 ха, пасиштата се на површина од 336 ха, а на обработливото земјише отпаѓаат 310 ха.[3]

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948939—    
19531.163+23.9%
1961961−17.4%
1971739−23.1%
1981399−46.0%
ГодинаНас.±%
1991159−60.2%
1994160+0.6%
200268−57.5%
202122−67.6%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Пресека живееле 1.230 жители, од кои 1.200 Македонци и 30 Роми.[4] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Пресека имало 1.080 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Пресека живеат 68 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 13 Македонци и 9 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 1.230 1.080 939 1.163 961 739 399 159 160 68 22
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

РодовиУреди

Пресека е македонско село.

Родови во селото: Шутевци (33 к.), Јовевци (20 к.), Трговци (20 к.), Ковачи (15 к.), Крлевци (12 к.), Соколовци (11 к.), Љубеновци (10 к.), Врговци (9 к.), Гријовци (8 к.), Анџици (5 к.) и Селчани (4 к.) за кои не се знае дали се староседелски или доселеници со непозната старина; Јуруци (8 к.) кои се доселени од јуручкиот предел кај Радовиш.[2]

ИселеништвоУреди

Пресека е едно од селото од коешто има најголемо иселеништво по 1912 година. Поради тоа, во него може да се забележат многу срушени куќи. Еден дел од нивите на иселениците ги обработуваат нивните роднини, а друг дел се напуштени и служат како пасишта. Иселениците главно се населиле во пониските села во Кочанската Котлина. Во Лески се преселиле домаќинства од родовите Соколови, Филипови, Николови, Димитрови, Јаневи, Сребренови и Стаменкови; во Мородвис заминале семејства на Доне, Мите, Благој, Саздо, Јане, Ефтим и Стојо; во Јакимово се иселиле семејства на Коле, Циме и Маринко; во Оризари отишле домаќинства од родот Чобанци, но и од други родови; во Истибања заминале Шутевци, Комарци, Апостолови, Калчини, Ќатибци, Стублици и Јурукови; во Виничка Кршла отишле Пресечани; во Црн Камен се иселиле Чачарци; во Грдовци заминале Пресечани; во Прибачево се населиле Димитрови и Миткови; во Долни Подлог отишле Шутевци; а неколку домаќинства се преселиле и во Мојанци, Калиманци и Градец.[2]

Општествени установиУреди

Во селото има две основни училиште во коишто повеќе не се одржува настава, а во минатото имало и полициска станица. Селото има две гробишта: едните се во маалото Крлевци, а другите меѓу маалата Јовевци и Шутевци.[2]

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Кочани од 2004 година.

Во периодот 1996-2004, селото било дел од Општина Оризари.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Кочани.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Оризари.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на истоимената општина.

Во XIX век, Пресека било село во Кочанската каза на Отоманското Царство.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачкото место бр. 902 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[12]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[13]

Културни знаменитостиУреди

 
Манастирската црква „Св. Харалампиј“
Археолошки наоѓалишта[14]
Манастири
Споменици
  • Споменик на НОБ.
Цркви

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска котлина — сеоска насеља и становништво. Скопје: Универзитетска печатница. стр. 70–71.
  3. 3,0 3,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 244.
  4. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 227.
  5. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 132-133.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  11. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  12. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
  13. „Парламентарни избори 2020“. Посетено на 1 април 2021.
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врскиУреди