Стримница
Стримница — село во Општина Желино, во околината на градот Тетово. Според пописот од 2002 година, селото имало население од 2.422 жители.
Стримница | |
Глетка на Стримница од север | |
Координати 41°58′3″N 21°2′4″E / 41.96750° СГШ; 21.03444° ИГД | |
Општина | Желино |
Население | 1.937 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 28079, 28579 |
Надм. вис. | 621 м. м |
Стримница на општинската карта Атарот на Стримница во рамките на општината | |
Стримница на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е во областа Долни Полог. Селото лежи на бреговите на реката Вардар, во подножјето на планината Сува Гора. Во близина Стримница е селото Фалише.
Историја
уредиСпоред податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало население од 245 муслимани (Албанци).[2] Рускиот публицист Афанасиј Селишчев во 1929 година забележал дека селото било дел од Општина Желино и имало 65 куќи со 404 жители Албанци.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Албанци.[4]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.422 жители, од кои 2 Македонци, 2.404 Албанци и 16 останати.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.937 жители, од кои 1.862 Албанци, 1 останат и 74 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 245 | — | 733 | 840 | 1.042 | 1.406 | 1.831 | 0 | 2.194 | 2.422 | 1.937 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачките места бр. 2109, 2109/1, 2110 и 2110/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 2.567 гласачи.[12]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 212.
- ↑ Селищев, Афанасий. Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии, София, 1929, стр. 24.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Стримница на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |