Долнени

село во Општина Долнени

Долнени — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. Селото е седиште на истоимената општина.

Долнени

Поглед на Долнени

Долнени во рамките на Македонија
Долнени
Местоположба на Долнени во Македонија
Долнени на карта

Карта

Координати 41°25′35″N 21°27′13″E / 41.42639° СГШ; 21.45361° ИГД / 41.42639; 21.45361Координати: 41°25′35″N 21°27′13″E / 41.42639° СГШ; 21.45361° ИГД / 41.42639; 21.45361
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 300 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7504
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20032, 20532
Надм. вис. 622 м
Долнени на општинската карта

Атарот на Долнени во рамките на општината
Долнени на Ризницата

Географија и местоположба уреди

Долнени се наоѓа во Прилепското Поле, во јужниот дел од територијата на истоимената општина, недалеку од патот Прилеп-Македонски Брод. Селото е рамничарско и се протега на надморска височина од 622 м. Неговиот атар зафаќа површина од 14,2 км2. Од Прилеп е оддалечено 15 км.[2]

Историја уреди

Се претпоставува дека во близина на селото во минатото постоеле други населби во месностите: Пречна, Слатина и Могила. Денешното село се смета дека е основано по пропаста на тие населби. Најстар познат род од селото се Јанкуловци. Во отоманско време, селото најпрвин било рајатско, а потоа насилно биле формирани чифлизи.[3]

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство. Во 1912 година, во селото биле затекнати шест турски чифлизи во сопственост на: Мустафа-ефендија, Усеин-ефенди, Асан-ага, Гусак, Мемет Алија и Абдула; како и еден христијански на Аџи-Поповски.[3] Во Првата балканска војна, 7 лица од селото се вклучиле во Македонско-одринските доброволни чети.[4]

Стопанство уреди

Селото има полјоделска функција. Во рамки на селскиот атар, обработливото земјиште праовладува на површина од 1.198,4 ха, пасиштата зафаќаат површина од 174,2 ха, а на шуми отпаѓаат 2,8 ха.[2]

Население уреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948900—    
1953898−0.2%
1961858−4.5%
1971685−20.2%
1981579−15.5%
ГодинаНас.±%
1991460−20.6%
1994424−7.8%
2002375−11.6%
2021300−20.0%

Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Долнени било село со 72 домаќинства и 350 жители Македонци.[5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долнени имало 650 жители Македонци христијани.[6] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Долнени било село со 480 жители Македонци.[7]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Долњани се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 60 куќи.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 700 Македонци.[9]

Долнени било најголемо село, но со намалување на бројот на населението. Така, во 1961 година броело 858 жители, додека во 1994 година бројот се намалил на 424 жители, македонско население.

Според пописот од 2002 година, во селото Долнени живеат 375 жители, од кои 374 Македонци и 1 останат.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 300 жители, од кои 287 Македонци, 1 Албанец, 1 останат и 11 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 650 480 900 898 858 685 579 460 424 375 300
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови уреди

Долнени е македонско село.

Родови во селото се:

  • Староседелци или доселени со непознато потекло: Јанкуловци (10 к.) најстар род во селото, изгледа се староседелци; Јандровци (5 к.) стар род, изгледа доселени се однекаде; Грневци (3 к.) стар род како и Јандровци;
  • Доселеници: Огњановци (8 к.) доселени се од селото Којчево во Мариово (?), основачот на родот се викал Огњан, го знаат следното родословие: Огњан (жив на 72 г. во 1950-тите) Ѓоре-Анѓеле-Мојсо-Ѓоргија-Огњан, основачот на родот кој се доселил; Војводовци (9 к.) гранка се од родот Огњановци; Пиралковци (4 к.) потекнуваат од домазет, доселен однекаде, кој влегол во делумно иселениот и изумрен род Ѓоревци; Шултиковци (10 к.) доселени се однекаде; Диовци (17 к.) доселени се од селото Дихово во Битолско; Орешани (28 к.), се делат на Богоевци, Филиповци, Сугаревци, Прдешковци и Бакалевци. Доселени се во средината на XIX век од селото Ореше во Велешко; Шилевци (8 к.) доселени се од селото Шилево кај Ѓавато; Митревци (10 к.) гранка се од родот Шилевци; Ајтовци (12 к.) доселени се од селото Ѓавато; Егејци или Ранчановци (1 к.) доселени се во 1947 од околината на Лерин (Егејска Македонија).[16]

Општествени установи уреди

Во селото работи основното училиште „Пецо Даскалот“, каде што се изведува настава до деветто одделение.[17] Освен тоа, во селотом има амбуланта, пошта, дом на културата, земјоделска задруга, ветеринарна станица, продавница и угостителски објекти.[2]

Самоуправа и политика уреди

Селото е седиште на истоимената општина од 1952 година.

Избирачко место уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1489 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 275 гласачи.[19]

Култура уреди

Селото е опеано во народната песна „Отидов в село Долнени“ во изведба на оркестарот на Стевче Стојковски. Песната е во продолжение:

Отидов в село Долнени, де,
там најдов сено косено, де,
там најдов сено косено, де,
и на сено велам, говорам, де.

На сено велам, говорам, де,
вени се сено косено, де,
вени се сено косено, де,
како што се вене млад јунак, де.

Како што се вене млад јунак, де,
за девојче селанче, де,
за девојче селанче, де,
со везено коланче, де.

Море, што ќе биде селанче, де,
нека биде граѓанче, де,
нека биде граѓанче, де,
со шарено фустанче, де.[20]

Културни и природни знаменитости уреди

 
Црквата „Вознесение Христово“

Секоја година во селото Долнени во месноста Рудина се одржува фестивалот на народни иструменти, ора и игри, посветен на светски познатиот гајдаџија Пеце Атанасовски кој бил од ова село.

Археолошки наоѓалишта[21][22]
Споменици
  • Споменик на Пеце Атанасовски
Цркви[23]

Личности уреди

Галерија уреди

Наводи уреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 102.
  3. 3,0 3,1 Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности. стр. 361–362.
  4. „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 843.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 72-73.
  6. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 245.
  7. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  8. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 21 јули 2020.
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. „36 Битољско-прилепска котлина, Ј. Трифуноски.pdf“. Google Docs. Посетено на 2019-01-01.
  17. Образование“. Општина Долнени.
  18. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 21 јули 2020.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. Долнени“. OldPrilep. 12 јануари 2012.
  21. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.
  22. Трифуноски, Јован (1998). Битољско-прилепска котлина (српски). Београд: Српска академија наука и уметности.
  23. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 18. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски уреди