Дабјани

село во Општина Долнени

Дабјани — раселено село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп. На местото на коешто се наоѓало селото денес се среќаваат само остатоци.

Дабјани

Остатоци од Дабјани

Дабјани во рамките на Македонија
Дабјани
Местоположба на Дабјани во Македонија
Дабјани на карта

Карта

Координати 41°25′37″N 21°22′00″E / 41.42694° СГШ; 21.36667° ИГД / 41.42694; 21.36667
Регион  Пелагониски
Општина  Долнени
Област Прилепско Поле
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 7537
Повик. бр. 048
Шифра на КО 20027
Надм. вис. 605 м
Дабјани на општинската карта

Атарот на Дабјани во рамките на општината
Дабјани на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Дабјани се наоѓа во северниот дел на Прилепското Поле. Селото е рамничарско и е сместено на надморска височина од 605 м. Неговиот атар зафаќа површина од 4,5 км2.[2]

Историја

уреди

Во XIX век, селото било дел од Прилепската каза на Отоманското Царство.[3]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194811—    
19536−45.5%
19610−100.0%
197100.00%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Дабјани е село со 19 домаќинства и 87 жители Македонци.[4]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Дабјани имало 130 жители Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година Дабјани е село со 56 жители Македонци.[6]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Дабени се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 11 куќи.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало од 25 до 50 Македонци.[8]

Селото е целосно раселено по 1953 година, кога броело само 11 жители, Македонци.[9]

Според пописот од 2002 година, во селото Дабјани немало жители.[10] Истото било потврдено и на пописот во 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 130 56 11 6 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1952 година.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 90.
  3. Дабјани“. OldPrilep. 19 октомври 2014.
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 76-77.
  5. Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900. ISBN 954430424X. стр. 246.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 148-149.
  7. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 21.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  10. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 17 јули 2020.
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди