Велесело
Велесело — село во Општина Новаци, во околината на градот Битола.
Географија и местоположба уреди
Селото е сместено во подножјето на Селечка Планина, југоисточно од Битола.
Историја уреди
Во XIX век селото било дел од Битолската каза на Отоманското Царство.
Стопанство уреди
Население уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Велесело живееле 110 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Велесело имало 128 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Велесело, поради иселувањето на населението, преминало од средно во мало село. Така, во 1961 година броело 131 жител, а во 1994 година 8 жители, Македонци.
Според пописот од 2002, селото брои само 4 жители, сите Македонци.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 2 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 110 | 128 | 90 | 117 | 131 | 81 | 30 | 12 | 8 | 4 | 2 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[5]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[6]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]
Родови уреди
Велесело е македонско село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото:
- Староседелци: Караџовци (4 к.), Амбаровци (1 к.), Велковци (1 к.) и Дултевци (1 к.)
- Доселеници: Ќутевци (2 к.) потекнуваат од домазет, кој се доселил од селото Тепавци во XIX век. Таму имаат роднини, подалечно потекло од некое село во околината на Корча во Албанија; Кочовци (2 к.) и Петковци (2 к.) родовите ги основале доселеници од селото Тепавци, и нивното подалечно потекло е од околината на Корча во Албанија; Рибицовци (1 к.) доселени се од селото Полог.[9]
Општествени установи уреди
Самоуправа и политика уреди
Избирачко место уреди
Селото е опфатено во избирачкото место бр. 172 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Брод.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 62 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости уреди
Редовни настани уреди
Личности уреди
Култура и спорт уреди
Иселеништво уреди
Родовите Мојановци и Враговци се иселиле во селото Брод. Даскале се иселиле во Бач. Стојковци и Беџовци се иселиле во Долно Егри. Димуловци во Средно Егри. Трајковци во Орехово.[9]
Наводи уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.237
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 168-169.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 9,0 9,1 Трифуноски Ф., Јован (1998). Битољско-Прилепска котлина : антропогеографска проучавања (1914-1997). Српска академија наука и уметности. ISBN 8670252678. OCLC 469501519.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.