Стар Истевник

село во Општина Делчево


Стар Истевник — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.

Стар Истевник
Поглед на Стар Истевник (1).jpg

Поглед на дел од селото

Стар Истевник во рамките на Македонија
Стар Истевник
Местоположба на Стар Истевник во Македонија
Стар Истевник на интерактивна карта

Координати 41°52′20″N 22°51′21″E / 41.87222° СГШ; 22.85583° ИГД / 41.87222; 22.85583Координати: 41°52′20″N 22°51′21″E / 41.87222° СГШ; 22.85583° ИГД / 41.87222; 22.85583
Регион Logo of Eastern Region, North Macedonia.svg Источен
Општина Coat of arms of Delčevo Municipality.svg Делчево
Област Пијанец
Население 22 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2325
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09024
Надм. вис. 800 м
Стар Истевник на општинската карта
Стар Истевник во Општина Делчево.svg

Атарот на Стар Истевник во рамките на општината
Commons-logo.svg Стар Истевник на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

 
Селската чешма

Селото се наоѓа во областа Пијанец, во југоисточниот дел на територијата на Општина Делчево, од левата страна на реката Брегалница, чиј атар се допира со подрачјето на соседната Општина Пехчево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 800 метри. Од градот Делчево, селото е оддалечено 16 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 17,7 км2. На него сите три вида аграрни структури заземаат, речиси, иста површина, односно по околу 500 хектари.[2]

Селото Стар Истевник е сместено во Пијанечката Котлина и северниот дел од Малешевската Котлина, разделена со планината Бејаз Тепе (1.348 метри). Од источна страна селото е заградено со планината Влаина по чии сртови се протега границата со Пиринска Македонија, Бугарија. На западната страна (Нов Истевник) се издигаат ограноците на Малешевските Планини (врвот Средно 1.025 метри, локален назив Високата Чука), на север Репничкиот Рид го дели од селото Вирче, а на југ Клинчовица и Леинскиот Рид.

Морфолошки, атарот на селото е ридско-планинско земјиште со плодни пространи зарамнини што благо се шират и спуштаат кон Желевица и шумовит и делумно карпест и суводолест дел што се спушта од сртот на границата (Влаина).

ИсторијаУреди

Првите податоци за селото се наоѓаат во даночните книги (дефтери) од 1570 година. Запишани се поединечно, возрасните немуслимани, способни за стопанисување, кои плаќале данок на непосредниот феудален господар.

Селото во минатото се сметало за едно со соседното село Нов Истевник, на другиот брег на реката.

Во XIX век, Стар Истевник било село во рамките на Малешевската каза на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Селото, во основа, има мешовита земјоделска функција.[2]

Денес, во селото постои претпријатието „Дон-Пампас“ со основна дејност земјоделство, како и производство на персиски килими.

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948922—    
1953772−16.3%
1961493−36.1%
1971354−28.2%
1981250−29.4%
ГодинаНас.±%
1991145−42.0%
1994137−5.5%
200270−48.9%
202122−68.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Истевник (Нов и Стар) имало 895 жители.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Истевник (Нов и Стар) имало 640 жители.[4]

Во 1961 година, селото броело 493 жители, од кои 454 биле Македонци, а 38 жители Турци, додека во 1994 година бројот се намалил на 137 жители, македонско население.[2] Турското население целосно се отселило од селото во 1960-тите години од минатиот век.

Според последниот попис од 2002 година, во селото Стар Истевник живееле 70 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 17 Македонци и 5 лица без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 615 640 922 772 493 354 250 145 137 70 22
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

РодовиУреди

Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:

Македонски

  • Староседелци: Попове (3 к.), Вечинци (3 к.), Рошковци (5 к.), Гашници (6 к.), Невестевци (3 к.), Орловци (8 к.), Самарџијци (11 к.), Шалавци (6 к.), Лавчивци (15 к.), Чукарци (14 к.)
  • Доселеници: Стоименовци (4 к.) доселени се во 1912 година од селото Лешко кај Благоевград во Пиринска Македонија, Бугарија; Караџевци (2 к.) доселени се во 1924 година од селото Панчарево.

Читаци (муслимански Македонци)

  • Староседелци: Пиштевци (2 к.), Аџијовци (2 к.), Рслановци (1 к.), Усеиновци (1 к.), Оџовци (4 к.), Решидовци (1 к.), Велијовци (2 к.), Маџарци (3 к.), Ќамиловци (3 к.), Исмаиловци (2 к.),Исјаимовци (2 к.), Чинарци (1 к.), Шаиновци (1 к.), Усевци (1 к.), Решидовци (3 к.), Југовци (2 к.) и Аруловци (1 к.)

Српски

Турски

Општествени установиУреди

 
Задружниот дом во селото
  • Задружен дом

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Делчево, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Делчево.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стар Истевник, во која влегувале селата Нов Истевник и Стар Истевник.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната општина Тработивиште, во која покрај селото Стар Истевник се наоѓале селата Вирче, Нов Истевник, Панчарево, Разловци и Тработивиште.

Во периодот 1955-1996 година, селото се наоѓало во рамките на општината Делчево.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачко место бр. 0592 според Државната изборна комисија, кое е сместено во задружниот дом.[12]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 46 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Главната селска црква „Св. Никола“
Цркви[15]

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

Родени во Стар Истевник

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 284. Посетено на 13 јуни 2018.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 229.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 140-141.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 13 јуни 2018.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
  12. „Описи на ИМ“. Посетено на 13 јуни 2018.
  13. „Локални избори 2017“. Посетено на 13 јуни 2018.
  14. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врскиУреди