Митрој Крсти

село во Општина Гостивар

Митрој Крсти — село во Општина Гостивар, во областа Горни Полог, во околината на градот Гостивар.

МитројКрсти
МитројКрсти во рамките на Македонија
МитројКрсти
Местоположба на МитројКрсти во Македонија
МитројКрсти на карта

Карта

Координати 41°44′13″N 20°53′36″E / 41.73694° СГШ; 20.89333° ИГД / 41.73694; 20.89333
Општина Гостивар
Население 9 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 07051
Надм. вис. 840 м
МитројКрсти на општинската карта

Атарот на МитројКрсти во рамките на општината
МитројКрсти на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото е Митрој Крсти, се наоѓа расположено на надморска височина од 840 метри. Во околината на селото има многу месности кои се нарекуваат Крстови, а селото е на оддалеченост од 7 километри јужно од градот Гостивар и се наоѓа на стариот пат таканаречен Виа Игнатиа, за Кичево. Тргнувајќи од Гостивар следи Митрој Крсти, селата Долна и Горна Ѓоновица, па патот води кон планината Буковиќ и така за Кичево. Веднаш над селото се наоѓа врвот Краста, висок околу 990 метри од кој се гледа Тетово и целата околина, а одма под него е селото Лакавица. Во 1924 година е изграден и донесен до селото водовод со една чешма на сретселото и тоа од далечниот извор викан Бела Вода. Атарот на селото Митрој Крсти зафаќа површина од 4 км2.[2]

Историја

уреди

Прв досега познат податок запишан за селото е дека селото е запишано како Димитри Крст во Кичевска нахија во пописот од 1453 година и тогаш броело околу десет куќи. Со текот на времето во македонскиот говор од овој крај името Димитрија постепено преоѓа во Митре и така селото сега го има името Митрови Крсти.

Во историјата нема многу податоци за селото, но за време на Карпошовото востание, кога војската на австрискиот генерал Пиколомини дошла до непосредна близина на селото додека Турците биле протерани до месноста Бунец, по поразот што го претрпеле дел од војниците на Пиколомини некаде кај Призрен и по настаните во и околу Скопје, со повлекувањето на војската на ген. Пиколомини се отселиле и сите селани плашејќи се од одмазда на Турците и околу 1710/20 година турскиот султан со посебен ферман дозволил да се вратат сите лица во своите места и тогаш од тогашна Австроунгарија, денес од Војводина се вратиле во селото двајца браќа кои го продолжиле својот живот на меѓите на своите предци.[се бара извор]

Вкупно 4 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[3]

Стопанство

уреди

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948119—    
1953142+19.3%
196187−38.7%
197140−54.0%
198111−72.5%
ГодинаНас.±%
19911−90.9%
19940−100.0%
200200.00%
20219—    

Селото Митрој Крсти отсекогаш било населено во целост со Македонци од православна христијанска вероисповед, за што потврдуваат и статистичките записи низ историјата, во кои тие се и различно заведувани во зависност од припадноста на запишувачите-статистичари или моменталните власти (бугарски, српски итн.)

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Митрој Крсти живееле 90 жители, сите Македонци, од него запишани како Бугари.[4][5]

Според секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Митрој Крсти имало 200 патријаршисти.[6]

Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, селото имало 19 куќи и 118 жители, Бугари.[7]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[8]

Селото е наполно раселено по 1991 година, кога бил запишан само 1 жител, Македонец.[9]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 9 жители, од кои 8 Македонци и 1 Србин.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 90 80 119 142 87 40 11 1 0 0 9
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Родови

уреди

Митрој Крсти е македонско село.

Според истражувањата од 1947 година, староседелски родови во селото се: Ќибревци го знаат следното родословие: Филип (жив на 30 г. во 1947 година) Блаже-Ќибре-Исаил-Косте-Крсте-Ќибре; Сибиновци; Билбиловци; Лековци; Ѓоргијовци; Јаќимовци. Доселенички родови во Митрој Крсти се: Шукеровци доселени се однекаде. Некои за нив велат дека потекнуваат од предок Ром. Порано во овој род имало луѓе со темна боја на кожата.; Пеповци доселени се од некое село во областа Порече. Го знаат следното родословие: Лазар (жив на 38 г. во 1947 година) Симјан-Даил-Пепо, основачот на родот кој се доселил.; Сенковци доселени се од селото Тајмиште, Кичевско. Го знаат следното родословие: Темелко (жив на 60 г. во 1947 година) Ристе-Спире-Сенко, кој се доселил во селото.

Во селото живеело и семејството Луковац кои потекнувале од предок кој се населил во селото како домазет од Колашин, Црна Гора. Овде бил џандар.[14]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 512 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 503 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Култура и спорт

уреди

Иселеништво

уреди

Од селото Митрој Крсти има бројно иселеништво. Иселеници се забележани во Скопје од родовите: Јаќимовци , потоа во Србија од родовите: Сибиновци (едно семејство), Ќибревци (едно семејство во Ваљево), Ѓорѓијовци (две семејства во Белград), Јаќимовци (едно семејство во Ваљево), Пеповци (три семејства во Алексинац и едно семејство во Лесковац), Сенковци (две семејства во Белград) и во Бугарија од родовите: Шукеровци (шест семејства во Видин)[14]. Бројни иселеници живеат и во Гостивар.

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 198. ISBN 9989-862-00-1.
  3. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  4. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.214.
  5. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, стр.124-125.
  7. Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.25.
  8. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  9. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. 14,0 14,1 Ф., Трифуноски, Јован (1976). Полог : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. OCLC 5846115.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди