Сарамзалино

село во Општина Лозово

Сарамзалино — село во Општина Лозово, во областа Овче Поле, во околината на градот Свети Николе.

Сарамзалино
Сарамзалино во рамките на Македонија
Сарамзалино
Местоположба на Сарамзалино во Македонија
Сарамзалино на карта

Карта

Координати 41°47′20″N 21°56′31″E / 41.78889° СГШ; 21.94194° ИГД / 41.78889; 21.94194
Регион  Вардарски
Општина  Лозово
Население 86 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2227
Шифра на КО 24032
Надм. вис. 251 м. м
Сарамзалино на општинската карта

Атарот на Сарамзалино во рамките на општината
Сарамзалино на Ризницата
Црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Сарамзалино

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во Овче Поле, на 3,5 километри источно од Лозово, 15,5 километри југозападно од Свети Николе и 25 километри северозападно од Штип.

Историја

уреди

На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 180 Македонци.[2] Според Димитар Мишев, селото во 1905 година имало 104 Македонци христијани.

Демографија

уреди

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[3]

На пописот од 2002 година, селото имало 118 жители. Следува табела на националната структура на населението[4]

Националност Вкупно
Македонци 116
Турци 0
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 2
Бошњаци 0
останати 0

Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Сарамзалино има 86 жители.

Следува табела на народносната структура на населението:

Народност Вкупно
Македонци 84
Албанци 0
Турци 0
Роми 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 2

Родови

уреди

Сарамзалино е македонско село.

Според истражувањата од 1958 година, родови во селото

  • Доселеници: Андоновци (3 к.), Китановци (1 к.), Темелковци (1 к.) и Теофци (1 к.) стари доселеници со непознато потекло; Науновци (3 к.) доселени се однекаде во втората половина на XIX век; Шалварковци (3 к.) доселени се кон крајот на XIX век од селото Делисинци; Топаловци (3 к.) доселени се во 1890 година од селото Ќоселери. Таму изгледа биле староседелци; Зафировци (2 к.) доселени се во 1908 година од селото Кадрифаково. Таму биле доселени однекаде; Петревци (3 к.) доселени се околу 1918 година од селото Делисинци. И таму биле доселени однекаде; Златкови (1 к.) доселени се во 1943 година од селото Богословец. Таму биле староседелци; Спиридоновци (1 к.) доселени се во 1946 година од Кратовско.[5]

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1704 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[6]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 75 гласачи.[7]

Културни и природни знаменитости

уреди
Цркви
Археолошки наоѓалишта
  • Мера — некропола од средниот век

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
  3. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  4. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  5. Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.
  6. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  7. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.

Надворешни врски

уреди