Калиманци е село во Општина Виница. Се наоѓа во близина на Калиманското Езеро.

Калиманци
Калиманци is located in Македонија
Калиманци
Местоположба на Калиманци во Македонија
Координати 41°58′27″N 22°36′59″E / 41.97417° СГШ; 22.61639° ИГД / 41.97417; 22.61639Координати: 41°58′27″N 22°36′59″E / 41.97417° СГШ; 22.61639° ИГД / 41.97417; 22.61639
Регион Источен регион
Општина Општина Виница
Население 239 жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 2310
Повик. бр. +38933
Надм. вис. 842 м
Калиманци на општинската карта
Калиманци во Општина Виница.svg

Атарот на Калиманци во рамките на општината

Географиja и местоположбаУреди

Селото Калиманци е планинско село на надморска височина од 850 метри и се наога над браната Калимаци, на левата страна над кањонот на реката Брегалница. Од градот Виница е оддалечено 20 километри, а од градот Македонска Каменица 8 километри.

ИсториjaУреди

Во Калимаци меѓу 17 и 24 Јули 1913 се водела битката кај Калиманци.[1]

ДемографијаУреди

Според бугарот К’нчов Калимаци во 1900 година имало 600 жители македонци (според него Бугари), од кои 425 биле муслимани а 175 христијани.[2] Во 1971 селото имало 731 жители македонци. Во 1981 бројот на населенито бил 535 жители, а во 1991, 350 жители. Според пописот од 2002 година во Калиманци живееле 239 жители, македонци.[3]

РодовиУреди

Калиманци е македонско село.

Родови во селото: Чаловци (10 к.), Стаменковци (10 к.) Маниловци (7 к.), Каменарци (4 к.) и Мртвачи (4 к.) за Стаменковци се знае дека се доселени од селото Безиково, а останатите родови возможно е да се староседелски; после 1912 година во Калиманци се населиле голем број на македонски жители. Од Безиково се доселиле (27 к.), од Дулица кај Македонска Каменица (27 к.), од Саса кај Македонска Каменица (10 к.), од Грљани (8 к.), од Пресека (6 к.), и од Вратиславци, делчевско (3 к.).[4]

Културни и природни знаменитостиУреди

Во селото има повеќе археолошки локалитети од римскиот период и средниот век.[5]

Редовни настаниУреди

ЛичностиУреди

ГалеријаУреди

Надворешни врскиУреди

НаводиУреди

  1. [Михайлов, Иван. Спомени II. Освободителна борба 1919 - 1924, Льовен, 1965, стр. 718
  2. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.229
  3. Државен завод за статистика
  4. Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: МАНУ. 
  5. Музеј Виница