Лаки
Лаки — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Лаки | |
Координати 41°47′48″N 22°40′09″E / 41.79667° N; 22.66917° EКоординати: 41°47′48″N 22°40′09″E / 41.79667° N; 22.66917° E | |
Општина | Виница |
Население | 314 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 05010 |
Географиja и местоположбаУреди
ИсториjаУреди
Во XIX век селото е дел од Кочанската каза во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Лаки живееле 600 жители, сите Македонци.[1]
Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Лаки имало 640 Македонци, егзасрхисти.[2]
Во 2002 година во селото живееле 314 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 600[1] | 640[2] | 882 | 957 | 797 | 712 | 559 | 422 | 397 | 314 |
РодовиУреди
Лаки е македонско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
- Котроманци (18 к.) доселени се однекаде пред повеќе од 200 години. Нивното потекло е влашко.
- Улезовци (5 к.), Ковачевци (4 к.) и Маџирци (2 к.) првиот род е доселен од селото Ратево кај Берово. А другите два се со непознато потекло.
- Везировци (6 к.) и Домазетовци (1 к.) доселени се од селото Будинарци кај Берово.
- Сапунџии (5 к.) доселени се од селото Митрашинци кај Берово.
- Паничарци (2 к.) доселени се од некое село Паничари кај Берово (?).
- Бигланци (3 к.) доселени се од селото Бигла кај Делчево.
- Чорбаџици (9 к.) доселени се однекаде.
- Карадаци (4 к.) доселени се од селото Ветрен кај Ќустендил во Бугарија.
- Анѓелковци (6 к.) доселени се однекаде.
- Спасинци (6 к.) исто така не знаат од каде се доселени.
- Ѓор Стојанци (4 к.), Анџии (1 к.), Дедо Оканци (1 к.), Заовци (5 к.), Марковци (4 к.), Петковци (3 к.), Зуламци (2 к.), Мечкарци (2 к.), Славујци (1 к.) и Замбулии (1 к.) доселени се однекаде.[5]
Општествени установиУреди
- Цркви[6]
- Црква „Св. Јован Богослов“ - главната селска црква;[7]
- Црква „Св. Богородица Балаклија“ - малечка црквичка;[8]
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 324 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[9]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 266 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
После Втората светска војна преку 20 семејства од Лаки се иселиле во Блатец и Виница. Во Пекљани се иселиле неколку родови, како. Рашниковци, Трајановци, Јовановци, Ангелови, Симеонови и Момчилови. Околу 30 семејства се иселиле во селата Сушево и Злеово во струмичко-радовишко.[5]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 226
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ 5,0 5,1 Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ С. Лаки– Црквата посветена на Св. Јован Богослов
- ↑ Албум со слики
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.