Кадино
Кадино — село во Општина Илинден, во околината на градот Скопје.
Кадино | |
![]() Влезот на село Кадино со патниот знак | |
Координати 41°58′8″N 21°36′5″E / 41.96889° N; 21.60139° EКоординати: 41°58′8″N 21°36′5″E / 41.96889° N; 21.60139° E | |
Општина | Илиден |
Население | 2090 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 25070 |
![]() |
Географиja и местоположбаУреди
Кадино се наоѓа во непосредна близина на Скопје, поточно на 12 км од потесното градско подрачје, а го зафаќа источниот дел на Скопската Котлина, на тромеѓата Скопје-Куманово-Велес. Административно, според територијалната поделба спаѓа под општина Илинден.
Од запад се граничи со село Идризово Од север со село Марино, североисток со село Бунарџик, а од исток и југ со село Миладиновци односно село Мралино.
Има многу добра сообраќајна поврзаност, бидејќи преку нејзината територија минуваат делниците М-1, М-3 и М-4 од меѓународните автопати и тоа: коридорот 10 (Е-75) СЕВЕР-ЈУГ и коридорот 8 (Е-65) ИСТОК-ЗАПАД; железничката линија Белград-Скопје-Атина и меѓународниот аеродром „Скопје“.
ИсториjaУреди
Голем број на луѓе се доселиле од Кривопаланечко во селото Кадино во педесетите години на ХХ век.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Кадино живееле 170 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Кадино имало 176 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 2.090 жители. Следува табела на националната структура на населението:[3]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1 845 |
Албанци | 11 |
Турци | 13 |
Роми | 11 |
Власи | 0 |
Срби | 140 |
Бошњаци | 0 |
останати | 70 |
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[4]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | 782 |
1953 | 615 | 5 | — | 1 | — | 165 | ... | 2 | 788 |
1961 | 749 | 5 | — | ... | ... | 162 | ... | 6 | 922 |
1971 | 951 | 33 | — | — | ... | 169 | ... | 7 | 1.160 |
1981 | 1.236 | 46 | — | — | — | 177 | ... | 7 | 1.466 |
1991 | 1.406 | 31 | — | 6 | — | 138 | — | 63 | 1.644 |
1994 | 1.481 | 24 | 1 | 1 | — | 146 | — | 74 | 1.727 |
2002 | 1.845 | 11 | 13 | 11 | — | 140 | — | 70 | 2.090 |
РодовиУреди
Кадино е мешано село.
Според истражувањата од 1953 година, родови во селото се.
Македонски
- Доселеници: Тргачевци (22 к.), Филиповци (10 к.) и Стаменковци (3 к.) ова се трите најстари рода во селото. Доселени се, но не знаат од каде; Субашовци (5 к.) доселени се од селото Кишино кај Свети Николе. Го знаат следното родословие: Блаже (жив на 50 г. во 1953 година) Миајло-Стојан-Ване, основачот на родот кој се доселил; Посерковци (5 к.) доселени се во XIX век од селото Долно Лисиче. Старо име им било Дуњешковци; Варварци (3 к.) и Најдовци (6 к.) доселени се од селото Варвара во долината на Маркова Река; Китинчевци (3 к.) доселени се од селото Долно Лисиче; Богдановци (2 к.) доселени се од селото Текија. Го знаат следното родословие: Мите (жив на 32 г. во 1953 година) Трајан-Младен-Богдан, кој се доселил; Мурџевци (1 к.) доселени се, но не знаат од каде; Корабџиовци (3 к.) доселени се од селото Јурумлери; Димитријовци (1 к.) доселени се однекаде; Гочевци (3 к.) доселени се од Лисиче; Ваневци или Роглевци (4 к.) доселени.се од селото Бунарџик. Таму имале роднини; Златановци (3 к.) и они се доселени од селото Бунарџик во 1919 година; Атанасоски (1 к.) доселени се во 1919 година од мијачкото село Лазарополе; Стојанови (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Радишани; Иваноски (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Пуста Брезница. Таму припаѓале на родот Василевци; Ивкоски (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Љубанци; Филипоски (1 к.) и Николоски (1 к.) доселени се во 1942 година од мијачкото село Галичник; Митрески (1 к.) доселени се во 1942 година од мијачкото село Лазарополе; Софраниоски (1 к.) доселени се во 1942 година од селото Мелничани кај Дебар; Давчеви (1 к.) и Апостоловски (1 к.) доселени се во 1942 година од Скопје.
Српски
- Доселеници: Ѓоргијевски (1 к.) овој род потекнува од дечко кого го украле некои Роми од околината на Бујановац во Србија, во 1912 година. Детето покасно е посинето во родот Субашовци; Милошевиќи (2 к.), Балканџици (8 к.) и Велковиќи (2 к.) доселени се во 1920 година од селото Петровац кај Пирот во Србија; Ранчиќи (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Сукова кај Пирот во Србија; Маниќи (1 к.) доселени се во 1934 година од селото Држина кај Пирот во Србија; Страхиниќи (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Вучиделци кај Сурдулица во Србија; Станковиќи (1 к.) доселени се во 1920 година од селото Гостиљ кај Ужице во Србија; Карановиќи (1 к.) доселени се во 1920 година од околината на Шабац во Србија;. Пејиќи (4 к.), Павковиќи (1 к.) и Каменковиќи (3 к.) доселени се во 1921 година од селото Осредци кај Лика во Хрватска; Богдановиќи (1 к.) доселени се во 1921 година од Лика во Хрватска; Десниќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Срба кај Лика во Хрватска; Рогановиќи (1 к.) доселени се во 1921 година од селото Струпиќ кај Мостар во БИХ; Јовановиќи (1 к.) доселени се во 1925 година од селото Вучковица кај Чачак во Србија; Жигиќи (2 к.) доселени се во 1927 година од селото Дуги До кај Лика во Хрватска; Радојици (1 к.) доселени се во 1950 година од селото Ташковца кај Босанска Крајина во БИХ.
Влашки
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Културни и природни знаменитостиУреди
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
Кадино има добро развиен спорт. Најзастапен е фудбалот со екипата ФК Кадино.
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.207
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.114-115.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Сеоска насеља Скопске котлине - развитак села, порекло становништво и привредне одлике. Скопје: Филозофски факултет.