Чашка
Чашка — село и седиште на истоимената Општина Чашка од десната страна на реката Тополка, во околината на градот Велес.
Чашка | |
Поглед на селото Чашка | |
Координати 41°39′02″N 21°39′43″E / 41.65056° СГШ; 21.66194° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Чашка |
Население | 1.390 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1413 |
Шифра на КО | 29082, 29582 |
Надм. вис. | 240 м |
Мреж. место | Чашка |
Чашка на општинската карта Атарот на Чашка во рамките на општината | |
Чашка на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиЧашка е рамничарско село и лежи на надморска височина од 240 метри, од десната страна на реката Тополка. Од градот Велес е оддалечена 13 километри и претставува железничка станица на пругата Велес - Прилеп - Битола.
Историја
уредиРазвојот на Чашка започнува во времето на изградбата на железничката пруга Велес - Прилеп - Битола во триесеттите години на XX век.
Поголем развој селото бележи по Втората светска војна, кога поради својата специфична местополжба и близина до градот Велес во него се доселуваат голем број на жители од околните села. Во текот на шеесеттите и седумдесеттите години на XX век во селото се изградени повеќето инфраструктурни и стопански објекти.
Стопанство
уредиЧашка е стопански многу активно село. Главно селото има полјоделска функција поради самата местоположба (алувијална рамнина на реката Тополка). Најмногу се одгледува пченица, пченка, јачмен, тутун, грав, зелка, домати и други градинарски култури. Во помала мера застапено е и сточарството особено одгледувањето на овци и крави.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чашка живееле 262 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чашка имало 120 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]
Селото броело 561 жител во 1961 година, додека во 1994 година бројот се зголемил на 1.346 жители.
На пописот од 2002 година, селото имало 1.471 жител, од кои 1.425 Македонци, 44 Срби и 2 останати.[5]
Порастот на населението пред сè се должи на доселувањето на луѓе од околните села и селата во областа Азот поради самата местоположба на Чашка, која има функции на помало гратче. Исто така порастот на населението се должи и на големата стапка на новородени деца.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 1.390 жители, од кои 1.300 Македонци, 1 Албанец, 1 Влав, 23 Срби, 6 останати и 59 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 262 | 120 | 398 | 491 | 561 | 834 | 1.158 | 1.339 | 1.346 | 1.471 | 1.390 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиВо селото Чашка живеат следните македонски родови: Крушаровци, Новаковци, Ризовци, Науновци (овие родови го основале денешното село Чашка доселувајќи се од соседното сега раселено село Црници), Маневи, Таневци, Милкини, Шотевци, Савинци, Недини, Бошковци, Коликрава[11].
Општествени установи
уредиВо селото работат осумгодишно основно училиште, црква, пошта, амбуланта, ветеринарна станица. Исто така има и споменик посветен на НОБ.
Цркви
уредиСамоуправа и политика
уредиЧашка претставува седиште на истоимената Општина Чашка.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 2234, 2234/1 и 2235 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште населба чашка и објект на костадин димов село чашка.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 1.153 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Врчви — наоѓалиште на неколку добро сочувани ранохристијански гробови
- Капиново - Коњарник — населба од римско време
- Мраморје — населба од неолитот. Позната по тоа дека тука е пронајдена глинената окарина стара 6000 години.[14]
- Сретсело — средновековна некропола
- Сулинар — населба од римско време
- Хереон — ископини од римска гробница во археолошкото наоѓалиште на месноста Сулинар, во непосредна близина на последните куќи крај железничката пруга и станица
- Тулана — некропола од римско време
- Ќерамидница - Црна Круша — населба и некропола од римско време
Редовни настани
уредиПочнувајќи од ноември 2007 г. Општина Чашка започнала со регистрација на недвижен имот. Оваа активност започна со конституирање на комисии за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот и обука на членовите на комисиите за користење на методологијата за утврдување на пазарната вредност која се одржа во Скопје. Обуката ја спроведуваше ЗФРЛСЈП и експерти предавачи како и самиот творец на Методологијата за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот Г-дин Васе Доневски.
Со спроведувањето на проект на УНДП ”Меѓуопштински партнерства за ефикасно испорачување на услуги” во соработка со Министерството за локална самоуправа, Општина Чашка доби база на податоци за даночни обврзници. Истовремено се изврши нова регистрација на целокупниот имот на својата територија и со тоа се постигна зголемување на даночниот капацитет на Општина Чашка.
Затоа, со оваа цел на спроведувањето на активноста се изврши ажурирање на податоците содржани во базата што беше преземена од Управата за јавни приходи и се доби една реална слика на сите даночни обврзници и имоти на спомнатата територија составена од поранешните општини Извор, Богомила како и Горно и Долно Јаболчиште.
Општина Чашка има 42 населени места,претходно некои од нив не беа регистрирани како даночни обврзници,односно беа ослободени со закон . За завршувањето на евиденцијата на обврзниците и имотите се формира една комисија за регистрација во летниот период кога многу од имотите и даночните обврзници се присутни за да можат да бидат регистрирани и евидентирани,со што завршна фаза на проектот беше во октомври 2008 година. По завршувањето на евиденцијата на обврзниците и имотите и нивната проценка се пристапи кон ажурирање на базата на податоци која Општина Чашка ги имаше преземено од УЈП .Претходната состојба броеше околу 1000 даночни обврзници а со преземената активност бројот се зголеми и изнесува околу 3200 даночни обврзници.
Новата ажурирана база беше ставена во функција за изготвување на редовни решенија за 2008 година, со помош на меѓуопштинската соработка со Општина Велес. Целата активност беше финансиски поддржана од UNDP и има за цел промовирање на меѓуопштинска соработка како делотворен пристап во испорачување на јавни услуги. Решенијата за данок на имот веќе ги дистрибуираат претседателите на месни заедници на Општина Чашка. Од подготвеноста на граѓаните за подмирување на обврските како даночни обврзници, ќе зависи висината на Буџетот како и успехот на активностите за развој на Општина Чашка во наредниот период да помогнат во реализацијата на стратешките планови и проекти.
Личности
уреди- Дејанчо Богданов (1980 - † 2001) — македонски бранител
Култура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ. Македония. Етнография и статистика. София, Българското книжовно дружество, 1900, с. 157
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macedoine et sa Population Chretienne“. Paris, 1905, р.118-119.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Ф. Јован. „Област Бабуне и Тополке“. Скопје, 1968. стр.268
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Археолошки наоѓалишта“. Архивирано од изворникот на 2016-10-02. Посетено на 2017-01-09.