Мождивњак

село во Општина Крива Паланка


Мождивњак — село во областа Славиште, во Општина Крива Паланка, во околината на градот Крива Паланка.

Мождивњак
Поглед на Мождивњак.jpg

Долниот дел од селото Мождивњак

Мождивњак is located in Македонија
Мождивњак
Местоположба на Мождивњак во Македонија
Координати 42°9′28″N 22°15′14″E / 42.15778° СГШ; 22.25389° ИГД / 42.15778; 22.25389Координати: 42°9′28″N 22°15′14″E / 42.15778° СГШ; 22.25389° ИГД / 42.15778; 22.25389
Регион Logo of Northeastern Region, North Macedonia.svg Североисточен
Општина Coat of arms of Kriva Palanka Municipality.svg Крива Паланка
Област Славиште
Население 770[1] жит.
(поп. 2002)
Пошт. бр. 1333
Повик. бр. 031
Надм. вис. 822 м
Мождивњак на општинската карта
Мождивњак во Општина Крива Паланка.svg

Атарот на Мождивњак во рамките на општината
Commons-logo.svg Мождивњак на Ризницата

Географија и местоположбаУреди

 
Поглед на горниот дел на селото

Селото се наоѓа во областа Славиште, во крајниот југозападен дел на територијата на Општина Крива Паланка, под северните падини на Осогово.[2] Селото е планинско и раштркано, чии маала се наоѓаат на надморска височина од 580 до 780 метри. Од градот Крива Паланка е оддалечено 13 километри.[2]

Куќите на селото се наоѓаат во долините на реките Можданица и Мождивњачка Река. Едната половина се наоѓа на планинска падина, додека друга половина непосредно во планинското подножје. Трета група на куќи пак е во близина на Крива Река. Околни села се: Псача на запад, Конопница и Борово на исток и Длабочица на север.[3]

Месностите во атарот ги носат следниве имиња: Стражин, Суводол, Чивлак, Облово, Лино Брдо, Бежанов Рид, Златар Градиште, Црквиште, Карпи, Поповица, Китка, Горни Мождивњак и Острец.[3]

Селото има разбиен тип. Се разликуваат следниве маала: Острец и Киселица на падините на Осогово, Чивлак, Суви Дол и Кајсторско во планинското подножје и Грамада во близина на Крива Река. Покрај маалата, селото може да се подели на Горни, Средни и Долни Мождивњак. Во Средни Мождивњак се наоѓа главната селска црква.[3]

Мождивњак се наоѓа во областа Славиште, со комплетен асфалтиран пат. На север се граничи со селата Длабочица и Т’лминци, на исток со селата Конопница и Борово, на југ со Општина Кратово и на запад со Општина Ранковце.

ИсторијаУреди

 
Улица низ селото

Во горниот дел на селото се наоѓаат месностите Градиште и Златар. Градиште е на возвишување на кое се познаваат ѕидини и биле откопани земјени ќупови. Во подножјето на Златар поминува Мождивњачка Река, во која се наоѓаат златни зрни.[3]

Поради поволниот атар на селото, истото влегува во старите населби во областа. Народната традиција пренесува дека селото е старо како и соседното село Псача, кое е споменато уште во средниот век. Се верува дека Горни Мождивњак е најстариот дел на селото.[3]

Во XIX век, Мождивњак било село во Кривопаланечка каза, на Отоманското Царство.

СтопанствоУреди

Атарот зафаќа простор од 12,4 км². На него преовладуваат шумите на површина од 627 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 424 хектари, а на пасиштата 125 хектари.[2]

Селото, во основа, има полјоделско-шумарска функција.[2]

До крајот на Втората светска војна, во селото било особено развиено сточарството.[3]

НаселениеУреди

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мождивњак имало 675 жители, од кои 630 Македонци и 45 Роми.[4][5] Според секретарот на бугарската егзархија Димитар Мишев, во 1905 година во Мождивњак имало 680 жители, егзархисти.[6]

По Првата светска војна селото било седиште на истоимената општина и имало 530 жители.[7]

Мождивњак е средно село по големина, без некои поголеми промени во населението. Така, селото во 1961 година броело 671 жител, додека во 1994 година имало 694 жители, македонско население.[2]

Според последниот попис од 2002 година, во селото Мождивњак живееле 770 жители, од кои 769 Македонци и 1 останат.[1]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900[8] 1905[9] 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002
Население 675 680 714 739 671 634 677 732 694 770
Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

РодовиУреди

Мождивњак е македонско православно село. Родовите се делат на старинци и доселеници.[3]

Родови во селото се:

  • Горни Мождивњак: Остречани (7 к.), живеат во маалото Острец, доселени се од кратовското село Нежилово, родот го основал Рајко; Киселичани (4 к.), живеат во маалото Киселица, доселени од споменатото село Нежилово;
  • Средни Мождивњак: Суводолци (17 к.), живеат во маалото Суви Дол, најверојатно се староседелци; Кајсторовци (16 к.), живеат во истоименото маало и тие се најверојатно староседелци; Чифлижани (17 к.), доселени се од селото Петралица;
  • Долни Мождивњак: Грамадци (4 к.), Ѓунерци (3 к.), Аџици (2 к.), Антовци (2 к.), Соколовци (2 к.), Стојчевци (2 к.), Прекориѓани (2 к.), Чековци (1 к.) и Фудовци (1 к.), помеѓу овие родови некои се староседелци, а некое доселени од околината на Врање, така се Антовци по потекло од околината на Врање, таму утепале некој Турчин, па преминале во селото Нежилово, Кратовско. Од Нежилово во Мождивњак преминал Анто, а неговите браќа останале во Нежилово. Ја знаат следната генеологија Станојко (жив на 57 год. во 1973 година) Јаќим-Ѓорѓе-Анто, основачот на родот.


Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Цупевци и Младеновци (3 к.), Соколовци и Ќупчето (4 к.), Менидолци и Спасовци (4 к.), Кутлишани (2 к.), Шапкалијци (1 к.), Баба Калинци (2 к.),
  • Со непознато потекло: Јовановци и Николовци (4 к.), Маринковци и Денковци со Стојановци (4 к.), Петревци (1 к.), Деа Павлевци (4 к.), Стевановци (4 к.), Цветановци (1 к.), Ѓошови и Стојанови (3 к.) и Алексинци и Филиповци (4 к.)
  • Доселеници: Деа Стаменкови (6 к.) доселени се на почетокот од 19ти век од некое село во кумановско; Рајковци (5 к.) доселени се околу 1818 година од околината на Врање во Србија; Кајсторци или Кумендарци (14 к.) доселени се околу 1828 година од околината на Врање; Качаровци (3 к.) доселени се околу 1854 година од околината на Врање; Маџови (3 к.) доселени се околу 1835 година од селото Конопница; Баратлијци (3 к.) доселени се од селото Баратлија кај Врање; Спаскови со Деа Стојановци (3 к.) доселени се околу 1840 година од селото Страцин кај Кратово; Деа Младеновци со Цветановци и Додевци (7 к.) доселени се околу 1855 година исто така од селото Страцин кај Кратово; Митенци (2 к.) доселени се околу 1858 година од селото Калиманци кај Виница; Антовци (2 к.) доселени се пред 1875 година од селото Нежилово кај Кратово; Стојовци (2 к.) доселени се после 1880 година од селото Крстов Дол; Крстовци (1 к.) доселени се од селото Крстов Дол; Деа Ристинци (2 к.) доселени се од селото Нежилово кај Кратово; Ѓоргијовци (2 к.) доселени се во 1903 година од селото Крстов Дол.[11]

Општествени установиУреди

 
Поглед на подрачното училиште Мождивњак II

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Крива Паланка, која била една од малкуте општини, кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Длабочица, во која покрај селото Борово, се наоѓале и селата Баштево, Длабочица, Мождивњак, Псача и Т’лминци. Општината Длабочица постоела и во периодот 1950-1952.

Изборно местоУреди

Во селото постои изборното место бр. 0965 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Мождивњак.[12]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 474 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитостиУреди

 
Параклисот изграден до црквата „Св. Троица“
Археолошки локалитети[14]
  • Авлија — осамен наод од доцноантичкото време;
  • Градиште — градиште од доцноантичкото време;
  • Дуќаниште — населба од доцноантичкото време;
  • Опашуљка — средновековна црква и некропола; и
  • Црквиште — населба од доцноантичкото време.
Цркви[15]
Реки[16]

ИселеништвоУреди

Покрај иселувањето на ромското население од селото, по војните се иселувало и другото население. Најголемо иселување се случило во периодот околу 1960 година. Од Мождивњак има колонисти во Банат.[3]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. конс. 10 јули 2019. 
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998) (на македонски). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 199. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:%D0%95%D0%BD%D1%86%D0%B8%D0%BA%D0%BB%D0%BE%D0%BF%D0%B5%D0%B4%D0%B8%D1%98%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%B2%D0%BE_%D0%A0%D0%B5%D0%BF%D1%83%D0%B1%D0%BB%D0%B8%D0%BA%D0%B0_%D0%9C%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0.pdf. посет. 10 јули 2019 г. 
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 3,6 3,7 Трифуноски, Јован (1973). Кривопаланачка област. Загреб: Хрватска академија на науките и уметностите. стр. 333-336. 
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 224.
  5. Ромите (православни и муслимански) во селото биле присутни до крајот на Втората светска војна и живееле во месноста Стражин.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 142-143.
  7. Списък на населените места в Македония, Моравско и Одринско, София 1917, стр. 29.
  8. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  9. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  10. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика. 
  11. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка. 
  12. „Описи на ИМ“. конс. 10 јули 2019. 
  13. „Претседателски избори 2019“. конс. 10 јули 2019. 
  14. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска. уред (на македонски). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7. 
  16. Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 49. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди