Горни Балван
Горни Балван — мало село во Општина Карбинци, сместено во околината на градот Штип.
Горни Балван | |
![]() Влезот во селото | |
Координати 41°50′31″N 22°11′57″E / 41.84194° СГШ; 22.19917° ИГДКоординати: 41°50′31″N 22°11′57″E / 41.84194° СГШ; 22.19917° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Население | 57[1] жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2000 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 30009 |
Надм. вис. | 385 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Ова село се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Карбинци, од десната страна на реката Брегалница.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 385 метри. Од градот Штип е оддалечено 15 километри на север.[2]
ИсторијаУреди
Во XIX век, Горни Балван било село во Штипската каза на Отоманското Царство.
Во Втората светска војна, во 1944 во селото биле стрелани 26 лица од страна на Германците, за што во селото постои споменик во нивна чест.
СтопанствоУреди
Атарот зафаќа простор од 15 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 467,2 хектари, на пасиштата отпаѓаат 441,1 хектар, а на шумите само 22,3 хектари.[2]
Селото, во основа, има полјоделско-сточарска функција.[2]
Во минатото, во селото работел ЗИК „Црвена Ѕвезда“.
НаселениеУреди
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото имало 300 жители, сите Македонци.[3] Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 448 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Од Горни Балван се иселил значителен дел од населението, така што тоа преминало од средно во мало село. Во 1961 година селото броело 451 жител, а во 1994 година бројот се намалил на 78 жители, македонско население.[2]
Според последниот попис од 2002 година, во селото Горни Балван живееле 57 жители, сите Македонци.[1]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900[5] | 1905[6] | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 300 | 448 | 513 | 551 | 451 | 241 | 140 | 87 | 78 | 57 |
- Извор за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[7]
Општествени установиУреди
- Поранешно основно училиште
Самоуправа и политикаУреди
Селото влегува во рамките на Општина Карбинци, која била една од ретките општини кои не биле променети по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото исто така се наоѓало во Општина Карбинци.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Штип. Селото припаѓало на некогашната општина Штип во периодот од 1955 до 1965 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Крупиште, во која покрај селото Горни Балван, се наоѓале и селата Горно Трогерци, Долни Балван, Крупиште, Пишица и Уларци. Селото припаѓало на Општина Долни Балван во периодот 1950-1952, во која влегувале селата Батање, Горни Балван, Горно Трогерци, Долни Балван, Долно Трогерци и Чардаклија.
Избирачко местоУреди
Во селото постои избирачкото место бр. 2318 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основно училиште. Во избирачкото место е опфатено и селото Горно Трогерци.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 36 гласачи.[9]
На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 33 гласачи.[10]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Археолошки наоѓалишта[11]
- Богослов Камен — утврдување од римското време;
- Градиште - Киово — градиште од римското време и средновековна црква со некропола
- Лоза — утврдување од римското време; и
- Лозја — осамен наод од бронзеното време.
- Цркви[12]
- Црква „Св. Јован Крстител“ — главна селска црква
- Споменици
- Споменик на НОБ
ЛичностиУреди
- Родени во или по потекло од Горни Балван
- Иван Јанев-Брло — македонски револуционер
ГалеријаУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 јануари 2021.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 74. Посетено на 27 јануари 2021.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 230.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.134-135.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 27 јануари 2021.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Предвремени избори за пратеници 2020“. Посетено на 23 јануари 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 429. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
ПоврзаноУреди
Надворешни врскиУреди
- Горни Балван на Ризницата ?