Општина Арачиново

општина во Македонија

Општина Арачиновоопштина во северниот дел на Македонија основана во 1996 година со седиште во Арачиново. Се состои од четири села: Грушино, Мојанци, Орланци и Арачиново.

Општина Арачиново
Општина
Знаме на Општина АрачиновоГрб на Општина Арачиново
Карта
ДржаваМакедонија
РегионСкопски
Година кога е основана со закон1945 (како месен народен одбор), 1996
СедиштеАрачиново
Населени места
Управа
 • ГрадоначалникРидван Ибраими
Површина
 • Вкупна31,3 км2 (12,1 ми2)
Население (2021)[1]
 • Вкупно12.676
 • Густина400/км2 (1,000/ми2)
Час. појасCET (UTC+01:00)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+02:00)
Повикувачки број+02
Регистарски табличкиSK
Мреж. местоharacina.gov.mk
Карта на општината.
Демографска карта на општината.


Демографија

уреди

Општина Арачиново се наоѓа североисточно од Скопје (околу 12 км од главниот град на Македонија). Во состав на општината се четири населени места: Арачиново, Грушино, Орланце и Мојанце. Низ општината поминува регионален пат што ги поврзува Скопје со Куманово и Липково.

Врз основа на резултатите добиени од пописот во 2021 година, во општината живееле 12.676 жители, 2.848 домаќинства и 2.815 станови.[2]

Етничка припадност

уреди
Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за етничката припадност
Етничка припадност Вкупно Удел (%)
Македонци 7 0,06
Албанци 12.353 97,45
Турци 0 0,00
Роми 0 0,00
Власи 0 0,00
Срби 0 0,00
Бошњаци 4 0,03
останати 2 0,02
не се изјасниле 0 0,00
непознато 0 0,00
лица без податоци 310 2,45
Вкупно 12.676 100,00

Вероисповед

уреди
Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според изјаснувањето за религиската припадност
Вероисповед Вкупно
православни 1
муслимани 12.363
католици 1
христијани 0
протестанти 0
евангелисти 0
евангелисти-методисти 0
Јеховини сведоци 0
останати 1
евангелиски протестантски христијани 0
агностици 0
будисти 0
лица без податоци 310
Вкупно 12.676

Мајчин јазик

уреди
Вкупно резидентно население во Општина Арачиново според мајчиниот јазик
Јазик Вкупно
македонски 1
албански 12.357
турски 0
ромски 0
влашки 0
српски 0
бошњачки 6
останати 2
знаковен јазик 0
непознато 0
лица без податоци 310
Вкупно 12.676

Овие лица учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање (бојкотирање) не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик. Кампањата за бојкот на пописот во 2021 година била најмногу водена кај Македонците, поради што најмногу лица за кои нема податоци се токму етничките Македонци.

Општествени установи

уреди

Во рамките на општината е и основното училиште „Скендербег” со повеќе од 1000 ученици.

Цркви
  • Црква „Талалеј“ во Арачиново - изградена во 1994 година, единствената црква во селото Арачиново, а една од малкуте во општината.

Самоуправа и политика

уреди

Градоначалник на општина Арачиново е Миликије Халими од редовите на СДСМ. Таа е избрана на локалните избори од 2017 година за мандатот од 2017 до 2021 година и воедно е првата жена градоначалник на оваа општина и прв градиначалник од редовите на СДСМ.[3] Советот на општина Арачиново е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  СДСМ: 9 места
  ДУИ: 3 места
  АА: 2 места
  БЕСА: 1 место

Културни и природни знаменитости

уреди

Редовни настани

уреди

Личности

уреди

Иселеништво

уреди

Наводи

уреди
  1. „Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 - прв сет на податоци“. Државен завод за статистика на Македонија. Посетено на 30 март 2022.
  2. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име ДЗС.
  3. „Мандати за градоначалници и совет во РМ – Локални избори 2017“. Државна изборна комисија на Македонија. Посетено на 18 октомври 2017.

Надворешни врски

уреди