Биџево
Биџево или Биџово — село во Општина Струга, во околината на градот Струга.
Биџево | |
Ширината со големиот даб и чешмата во Биџево | |
Координати 41°13′48″N 20°41′53″E / 41.23000° СГШ; 20.69806° ИГД | |
Општина | Струга |
Население | 290 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 26003 |
Надм. вис. | 694 м. м |
Биџево на општинската карта Атарот на Биџево во рамките на општината | |
Биџево на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа на источната страна на територијата на Општина Струга, североисточно од градот, на оддалеченост од околу 10 километри. Бидејќи лежи на рамништето на Струшкото Поле, селото е рамничарско, на надморска височина од 700 метри.
Историја
уредиНа крајот на XIX век, селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Според податоците од 1873 г. селото имало 68 жители, Македонци.[2]
Стопанство
уредиАтарот е мошне мал и зафаќа површина од само 2,3 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 222,6 ха, на пасиштата отпаѓаат 2,6 ха, додека шумско земјиште нема. Селото има полјоделска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Биџево живееле 66 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Биџево имало 72 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Бижево е претставено како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 9 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[7]
Во 1961 година, селото броело 351 жители, од кои 223 биле Македонци, а 125 Албанци, додека во 1994 година бројот се зголемил на 450 жители, од кои 336 се Албанци, а 114 Македонци.
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 546 жители, од кои 118 Македонци, 421 Албанец и 7 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 290 жители, од кои 71 Македонец, 207 Албанци и 12 лица без податоци.[9]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | Лица без под. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 249 |
1953 | 192 | 98 | 1 | — | — | 2 | ... | 1 | — | 294 |
1961 | 223 | 125 | 2 | ... | ... | — | ... | 1 | — | 351 |
1971 | 179 | 231 | — | — | ... | — | ... | — | — | 410 |
1981 | 186 | 269 | — | — | — | — | ... | — | — | 455 |
1991 | 184 | 4 | — | — | — | — | ... | 1 | — | 189 |
1994 | 114 | 336 | — | — | — | — | ... | — | — | 450 |
2002 | 118 | 421 | — | — | — | — | — | 7 | — | 546 |
2002 | 71 | 207 | — | — | — | — | — | — | 12 | 290 |
Родови
уредиБиџево е македонско-албанско село.
- Македонски родови се:
- Пеќиновци (6 куќи) од околината на Пеќ се доселиле двајца браќа, но тие немале деца, па еден од браќата го посинил Трајан од селото Свиништа, охридско, го знаат следното родословие: Роме (жив на 33 г. во 1980 година) Ѓоше-Онуфрија-Ристо-Трајан, кој бил посинет од Свиништа; Плаќановци (5 куќи) доселени се од охридското село Плаќе, го знаат следното родословие: Михајл (жив на 86 г. во 1980 година) Цветан, основачот на родот кој се доселил, со брат му Димо; Блажевци (2 куќи) доселени се однекаде; Чавдаровци (2 куќи) доселени се од селото Свиништа, охридско; Танковци (6 куќи) доселени се од денешното албанско село ЛивадаЛивада; Рачиовци (1 куќа) доселени се од соседното сега албанско село Ново Село; Луковчани (7 куќи), Пискупштани (3 куќи), Нережани (1 куќа), Модричани (1 куќа), Вевчанци (2 куќи) доселени се од разни села во Дримкол.
- Албански родови се:
- Положан (15 куќи) доселени се од селото Делогожди пред почетокот на Втората светска војна; Велештани (5 куќи), Мислодеждани (5 куќи), Дабовјанци (2 куќи), Татешани (2 куќи), Богојчани (2 куќи), Калиштани (1 куќа), Поумци (1 куќа) и Горенци (1 куќа) имињата ги носат по селата од кои се доселени, доселени се после Втората светска војна.
- Ромски род е:
- Абази (2 куќи) не знаат од каде се доселени.[11]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940-тите, родови во селото биле:
Македонски
- Пеќиновци (5 к.) доселени се од неко— село Пеќишта во Албанија (?). Они се први доселеници во селото. Доселени се уште во XVIII век; Плакановци или Марковци (3 к.) доселени се околу 1898 година од селото Плаќе кај Охрид. Таму припаѓале на родот Марковци; Арачиовци (2 к.) по потекло се од селото Брежани во Дебрца. Најпрво се населиле во селото Ново Село, па во 1908 година се доселиле во денешното село; Танковци (3 к.) по потекло се од селото Ливоишта кај Охрид. Од таму најпрво се населиле во селата Ливада и Драслајца, па во 1919 година се населиле во селото Биџево; Милиќевиќи или Милиќевци (1 к.) потекнуваат од лице кое било службено во селово. Он се земал со некојка тукашна девојка, и останал во селото. По потекло основачот на родот бил од Смедерево во Србија. Тој дошол овде 1923 година; Шкуртевци (3 к.) по потекло се од Белчишта или Слатино во Дебрца. Овде најпрво се населиле во Ливада (каде живееле 8 години), па во Ново Село (6 години) и во 1923 година се населиле во Биџево; Коловци (4 к.) доселени се од селото Луково во Дебарски Дримкол, таму имале истоимени роднини; Ѓутевци (1 к.) доселени се во 1935 година од селото Пискупштина во Дебарски Дримкол. Таму имале истоимени роднини; Филковци (2 к.) доселени се од селото Нерези во Дебарски Дримкол, во 1938 година; Попевци (1 к.) доселени се од селото Вевчани во 1936 година; Анѓелковци (2 к.) доселени се во 1898 година од селото Сирула кај Охрид.
Албански:
- Положани (4 к.) доселени се од селото Делогожда; Леш (1 к.) доселени се во 1914 година од Долен Дебар; Елмаз (1 к.) доселени се во 1941 година од селото Делогожди; Ќура или Ќуровци (3 к.) доселени се во 1942 година од селото Велешта; Дико (1 к.) доселени се во 1944 година од селото Долно Татеши.[12]
Културни и природни знаменитости
уредиЦрквата Свети Спас во Биџево
Џамија во Биџево
Личности
уреди- Артим Положани (1982) - македонски фудбалер.
Иселеништво
уредиОд родовите поединечно се знае за следните иселеници до крајот на 1940-тите:
Македонски:
- Пеќиновци иселени се во: Драслајца (од 1893 година, познати како Ламушовци)
- Арачиовци иселени се во: Битола (едно семејство од 1938 година).
- Танковци иселени се во: Ложани (како домазет од 1926 година)
- Шкуртевци иселени се во: Волино (од 1928 година, познати како Шкуртовци)
Албански
- Леш се иселени во: Охрид (едно семејство од 1938 година).
Поврзано
уреди- Дримкол
- Општина Струга
- Биџова Маала — слично наречено село во Меглен, Воденско, Егејска Македонија
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 102-103.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија. Скопје: Патрија. стр. 30.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995. стр. 172-173.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.164-165.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. САНУ. ISBN 8670251582. OCLC 466478840.
- ↑ 12,0 12,1 Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Ташмаруништа. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Биџево на Карти на Гугл