Долно Строгомиште
Долно Строгомиште — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.
Долно Строгомиште | |
Координати 41°35′34″N 20°58′23″E / 41.59278° СГШ; 20.97306° ИГД | |
Општина | Кичево |
Население | 355 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 12070, 12570 |
Надм. вис. | 834 м |
Долно Строгомиште на општинската карта Атарот на Долно Строгомиште во рамките на општината | |
Долно Строгомиште на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во областа Горно Кичево.
Историја
уредиСпоред „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ во 1873 г. Остроголишта (Долно и Горно Строгомиште) имало 150 докаќинства и 400 жители муслимани.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Долно Строгомиште живееле 450 жители, сите Македонци муслимани.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 200 Албанци.[4]
Според податоците од 2002 година селото има 698 жители. 692 жители, од различни причини, се декларирале Албанци, 1 Србин и 5 останати.[5]
Најголем дел од населението претставуваат Македонци-муслимани.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 355 жители, од кои 337 Македонци и 18 лица без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 450 | — | 275 | 301 | 340 | 439 | 517 | 0 | 610 | 698 | 355 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиДолно Строгомиште е торбешко село.
Родови во селото се: Рушовци (25 к.) и Мемовци (20 к.) потекнуваат од ист предок кој се доселил од соседното село Горно Строгомиште.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 818 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 596 гласачи.[12]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.96-97.
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.256.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди- Сателитска снимка на Долно Строгомиште на Карти на Гугл
Оваа статија за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |