Горно Јеловце
Горно Јеловце — село во Општина Гостивар, во околината на градот Гостивар.
Горно Јеловце | |
![]() Поглед на Горно Јеловце | |
Координати 41°48′25″N 20°47′22″E / 41.80694° N; 20.78944° EКоординати: 41°48′25″N 20°47′22″E / 41.80694° N; 20.78944° E | |
Општина | Гостивар |
Население | 2 жит. (поп. 2002) |
Шифра на КО | 07023 |
Надм. вис. | 1313 м |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
ИсторијаУреди
Во XIX век селото е дел од Гостиварската нахија на Тетовската каза во Отоманското Царство.
СтопанствоУреди
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Горно Јеловце живееле 710 жители, од кои 390 Македонци и 320 Албанци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Горно Јеловце имало 520 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Според Афанасиј Селишчев во 1929 година, Горно Јеловце е дел од Долнојеловска општина (со центар во Здуње) во Горнополошкиот срез и има 57 куќи со 405 жители, Македонци и Албанци.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Горно Јеловце живеат само 2 жители, Македонци.[4]
На табелата е прикажана состојбата на населението во сите пописни години:[5]
Година | 1900 | 1905 | 1929 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 710[1] | 520[2] | 405[3] | 238 | 275 | 197 | — | — | 2 | 2 | 2 |
РодовиУреди
Горно Јеловце е македонско село.
Родови во селото се: Радевци (4 к.), Цопаковци (6 к.), Царуски (10 к.) доселени се од селото Ничпур, Горна Река; Дудевци (4 к.) и Буревци (4 к.) доселени се од селото Реч, Горна Река; Сурлевци (6 к.) доселени се од селото Штировица, Горна Река; Кекеревци (3 к.) доселени се од некое село во Горна Река; Фенчевци (4 к.) доселени се од некое село во Полог.
Помуслиманен македонски род: Ковачевци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија, таму предците им биле православни.
Албански род: Мерсимовци (1 к.) доселени се од некое место во Албанија.[6]
Општествени установиУреди
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Селото е опфатено во изборното место бр. 533 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште на селото Долно Јеловце.[7]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 14 гласачи.[8]
Културни и природни знаменитостиУреди
- Цркви[9]
- Црква „Св. Атанасиј“ - главната селска црква;
- Црква „Св. Мина“ - главната и единствена црква на Горнојеловскиот манастир;
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Будимиров Гроб — средновековна некропола;
Редовни настаниУреди
ЛичностиУреди
Култура и спортУреди
ИселеништвоУреди
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 213.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, стр. 124 – 125.
- ↑ 3,0 3,1 Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929, стр. 25.
- ↑ Министерство за локална самоуправа. База на општински урбанистички планови
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 237-238-239.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Надворешни врскиУреди
- Горно Јеловце кани амбасадори (Дневник, 26.05.2010)
- Крштавка по половина век во Горно Јеловце (Утрински Весник, 12.05.2010)
- Традиција на сучење на врвката за Водици во Горно Јеловце (Kiss TV, 13.01.2013)