Марена
Марена — село во Општина Кавадарци, во областа Тиквеш, во околината на градот Кавадарци.
Марена | |
Влезот во селото Марена | |
Координати 41°27′59″N 22°01′40″E / 41.46639° СГШ; 22.02778° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Кавадарци |
Област | Тиквеш |
Население | 913 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1426 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 11027 |
Надм. вис. | 207 м |
Слава | Голема Богородица |
Марена на општинската карта Атарот на Марена во рамките на општината | |
Марена на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во североисточниот дел од Општина Кавадарци, во Тиквешката Котлина, недалеку од градот Кавадарци, поради што селото влегува во рурбалната зона на централното место.[2] Селото е рамничарско, на надморска височина од 207 метри.[2]
Од градот Кавадарци, селото е оддалечено околу 4 километри, додека од градот Неготино е оддалечено 8 километри. Сместено е на самиот регионален пат помеѓу овие два града. Селото се наоѓа во Тиквешијата на десниот брег на реката Луда Мара во падините на ридот Градиште.
Атарот зафаќа простор од 12,4 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 1.000 хектари, а на пасиштата отпаѓаат 135 хектари.[2]
Селото е од збиен тип со разредени краеви, поделено на три маала, Горно, Средњо и Долно Маало.[3]
Историја
уредиПодрачјето на Марена е населено уште од доцната антика, за што сведочи наоѓалиштето Сува Чешма околу 3 км југоисточно од селото.[4]
Селото било христијанско-муслиманско и христијаните биле чифчии во турско време.[3]
Во XIX век, Марена било село во Тиквешката каза на Отоманското Царство.
Стопанство
уредиСелото има исклучително полјоделска функција.[2]
Во минатото, селаните главно се занимавале со земјоделство. Марена пред скоро сите села во Тиквешко имала пазар и била мало стопанско средиште на штипско-прилепскиот друм. Сѐ до појавата на пазарот во Неготино, кое имало подобри сообраќајни врски, Марена имала голем пазар и посети на трговци и занаетчии.[3]
Денес, селото главно се занимава со земјоделство и сточарство. Во последно време се отвораат многу претпријатија во селото како и околината најчесто за транспорт и шпедиција.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Марена имало 576 жители, од кои 270 христијани, 300 муслимани и 6 Роми.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Марена имало 288 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]
Муслиманските родови од селото се иселиле пред Втората светска војна, што може да се забележи и од податоците од спроведените пописи по војната.
Марена е средна по големина село, но со пораст на бројот на населението. Во 1961 година броело 690 жители, од кои 622 биле Македонци, 33 Албанци, 23 Срби, 3 Турци и осум жители неопределени, а во 1994 година преминало во големо село со 988 жители, од кои 920 Македонци, 49 Роми, 11 Срби и 8 други.[2]
Според пописот од 2002 година, во селото Марена имало 997 жители, од кои 903 Македонци, 71 Ром, 21 Србин и 2 останати.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 913 жители, од кои 789 Македонци, 1 Албанец, 58 Роми, 6 Срби, 2 останати и 57 лица без податоци.[9]
Низ годините ова било вкупното население и етничка припадност на населението во Марена:[10]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Срби | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | 486 |
1953 | 517 | 0 | 1 | 4 | 20 | 1 | — | 543 |
1961 | 622 | 33 | 3 | — | 23 | 9 | — | 690 |
1971 | 705 | 43 | 0 | 0 | 26 | 31 | — | 805 |
1981 | 879 | 14 | 0 | 66 | 11 | 18 | — | 999 |
1991 | 874 | 0 | 0 | 53 | 23 | 17 | — | 967 |
1994 | 920 | 0 | 0 | 49 | 11 | 8 | — | 988 |
2002 | 903 | 0 | 0 | 71 | 21 | 2 | — | 997 |
2021 | 789 | 1 | 0 | 58 | 6 | 2 | 57 | 913 |
* Извор: Државен завод за статистика на Република Македонија (1953-2021), според податоци од официјалните пописи во соодветните години
Родови
уредиСпоред истражувањата од 1920-1924 година родови во селото Марена се:
- Христијански македонски
- Староседелци: Крушаровци (1 к.), Чучуковци-Шкоровци (2 к.), Смилевци (1 к.) и Дуковци (1 к.)
- Доселеници: Дубровци (1 к.) доселени се средината на 19 век од селото Дуброво; Уланчани (3 к.) доселени се во средината на 19 век од велешкото село Уланци; Мицовци (3 к.) доселени се средината на 19 век од прилепското село Радобил; Наунчевци (1 к.) доселени се средината на 19 век од прилепското село Ракле; Поп-Дафчевци (3 к.) доселени се средината на 19 век од селото Гарниково; Куричановци (4 к.) доселени се во 1865 година од селото Рисјанска Курија; Катарловци (2 к.) доселени се во 1870 година од селото Долни Дисан; Кралевци (2 к.) доселени се во 1870 година од селото Конопиште; Риџаловци (2 к.) доселени се околу 1875 година од селото Долни Дисан; Тремничановци (1 к.) доселени се во 1875 година од селото Тремник; Паневци (1 к.) доселени се во 1880 година од Неготино, а таму во 1870 година од селото Кукуричани, каде прешле средината на 19 век од Вардар Чифлик; Ѓеловци (1 к.) доселени во 1885 година од Кавадарци; Јосифовци (1 к.) доселени во 1890 година од Кавадарци; Недевци (1 к.) доселени во 1894 година од Страгово; Илковци (1 к.) доселени во 1894 година од селото Глишиќ; Рибаречки (1 к.) доселени во 1896 година од селото Глишиќ, а таму од селото Рибарци во 1890 година; Митревци (2 к.) доселени во 1898 година од селото Сопот; Дисанци (2 к.) доселени во 1907 година од селото Долни Дисан; Ѓорчевци (1 к.) доселени во 1910 година од селото Глишиќ; Џаковци (1 к.), Стојановци (1 к.) и Василовци (1 к.) доселени во 1913 година од селото Џидимирци.
- Муслимански македонски
- Староседелци: Алковци (7 к.), Аличковци (3 к.), Сулејмановци (1 к.), Хаџи-Куртишовци (1 к.), Амчевци (8 к.), Адемовци (1 к.), Елмазовци (2 к.), Курделије (1 к.), Шулишовци (1 к.) и Османагини (1 к.)
- Доселеници: Јунузовци (3 к.) доселени во 1868 година од селото Ваташа; Зекировци (1 к.) доселени во 1890 година од селото Ваташа; Галезци (1 к.) доселени во 1890 година од Кавадарци; Мусафендијини (1 к.) доселени во 1908 година од селото Криволак; Еминовци (1 к.) доселени во 1908 година од селото Ваташа; Сулејмангатини (1 к.) доселени во 1912 година од селото Долни Дисан; Адемовци (1 к.) доселени во 1913 година од Долни Дисан.[11]
Општествени установи
уреди- Основно училиште „Страшо Пинџур“ до IV одделение[12], подрачно училиште на ОУ „Страшо Пинџур“ - Кавадарци.
- Месна заедница
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Кавадарци, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната општина, Конопиште. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Кавадарци.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Сопот, во која се наоѓале селата Курија, Марена и Сопот.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Кавадарска градска општина, во која покрај селото Марена се наоѓале градот Кавадарци и селата Ваташа, Глишиќ и Сопот.
Во периодот 1955-1965, селото било дел од тогашната општина Кавадарци.
Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Кавадарци.
Избирачко место
уредиСелото е опфатено во склоп на избирачкото место бр. 0703 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште во селото Марена.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 791 гласач.[14] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 784 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Сува Чешма — населба и некропола од доцноантичко време;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ — главна селска црква, изградена во втората половина на XIX век
Редовни настани
уреди- Голема Богородица (28 август) — селска и верска слава
Личности
уреди- Родени во Марена
- Блажо Паракеов (1913-1984) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија.
- Блашко Толев (1981-2001) — македонски бранител;[19]
- Илија Камчев (1937-2009) — македонски стопанственик, основач на Орка Холдинг; и[20]
- Ристе Стефанов (р. 30 август 1981) — македонски кошаркарски репрезентативец.
Култура и спорт
уредиВо селото Марена има фудбалски клуб ФК Марена кој игра во третата лига на Македонија.
Иселеништво
уредиДенес, селото го има зафатено миграција, па многу семејства се иселуваат во соседните општини Кавадарци и Неготино, а исто така дел од жителите се иселуваат и надвор од Македонија.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 191-192. Посетено на 27 февруари 2018.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. стр. 375-377.
|access-date=
бара|url=
(help) - ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 154. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 153.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 104-105.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 27 февруари 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „ООУ Страшо Пинџур“. Архивирано од изворникот на 2018-06-06. Посетено на 25 февруари 2018.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 27 февруари 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-12-14. Посетено на 27 февруари 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „Цркви во Маренската парохија“. Повардарска епархија. Посетено на 27 февруари 2018.
- ↑ „Цвеќе за жртвите од НОБ од село МаренаОпштината и градоначалникот Александар Панов не ги забораваат ниту жртвите од НОБ“. Општина Кавадарци. Посетено на 2012-05-10.[мртва врска]
- ↑ „Основач“. Орка. Архивирано од изворникот на 2012-04-27. Посетено на 2012-05-10.