Сетоле
Сетоле — село во Општина Тетово, во околината на градот Тетово.
Сетоле | |
Координати 42°3′16″N 21°3′20″E / 42.05444° СГШ; 21.05556° ИГД | |
Општина | Тетово |
Население | 22 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1200 |
Шифра на КО | 28073 |
Надм. вис. | 950 м |
Слава | Мала Богородица |
Мреж. место | Сетоле |
Сетоле на општинската карта Атарот на Сетоле во рамките на општината | |
Сетоле на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСетоле е едно од најопеаните тетовски села. Оддалечено е од Тетово 12 километри, а од селото Џепчиште до Сетоле води 5 километри асфалтиран пат. Стуткано длабоко во подножјето на Шар Планина, на 1.000 метри просечна надморска височина, денес е пример на селата кои одумираат и се раѓаат едновремено.
Соседни села на селото Сетоле се: Отуње од исток, Ѓермо од запад, Лавце и Селце од југозапад, и Једоарце од југ.
Одредени места во атарот на селото ги носат следните имиња: Волче, Требеница, Османица, Коштанлиќе, Ѓорчеи Падини, Под Гумно, Пеленица, итн.[2]
Историја
уредиСпоред турски документи од 1628 година Сетоле се наоѓало во вилаетот Калканделен (Тетово) и било населено од 25 христијански семејства (домаќинства).[3]
Некогаш, на крајот од 19-от и почетокот на дваесеттиот век, Сетоле имало училиште со 70 ученици. Сетолци живееле од сточарство, особено со овчарството, но се занимавале и со овоштарство. Костените од Сетоле се многу ценети плодови. И оревите, исто така. Старата прочуена сорта Тетовско јаболко денес сè уште може да се најде во питомите падини на Сетоле, чија зелена питомина се спојува со непрегледните пасишта под впечатливиот врв Плоча, на 2.000 метри надморска височина.
Летописот за Сетоле бележи еден долг период на молк, анонимност и децениско обезличување. Вечната сенка на македонскиот народ – печалбарството, овде оставаше свои траги, зошто благостостојбата во Сетоле секогаш се разминувала со вековната упатеност на барање издршка и поубав живот на сите одредишта каде со македонската душа живееја и живеат по светот.
Токму така зборуваат трите невести Сетолки во прочуената песна Огрејала месечина. Лирската мелодија на оваа народна песна е знак за препознавање на Сетолци.
Географски и по судбина се соседните села Отуње и Јадоарце. Сетоле е богато со чиста планинска вода. Овде прочуениот Студенец е еден од повеќето извори каде Сетолци и намерниците во селото уживаат во студената вода што упатува на помислата дека чистата планинска вода е индикатор на богатството на современиот свет.
Денес, Сетоле повторно е меѓу минатото и иднината. Голем број од старите куќи се обновени и се изградени викендици со што започна нов живот во селото. Пасиштата и натаму се без овци и претставуваат исчезната планинска романтика, но се јавуваат нови можности на идниот развој – ловниот туризам со Ловечкиот дом на ловното друштво Шар Планина од Тетово, а особено селскиот туризам, за што питомиот предел на Сетоле пружа извонредни услови.
Стопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Сетоле живееле 330 жители, сите Македонци.[4] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Сетоле имало 352 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според Афанасиј Селишчев, во 1929 година селото било дел од Џепчишка општина (со центар во Порој) и има 36 куќи со 216 жители, Македонци и Албанци.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Македонци.[7]
На пописот од 2002 година, селото имало само 2 жители Македонци.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 22 жители, од кои 19 Македонци и 3 Албанци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 370 | 352 | 128 | 100 | 25 | 9 | 12 | 6 | 7 | 2 | 22 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиСетоле е македонско православно село, родовите во селото се староседелски и доселенички.
Според истражувањата од 1947 година, родови во селото се
- Бачовци (2 куќи), староседелци. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство), Тетово (едно семејство) и во Габрово (едно семејство).
- Буневци (2 куќи), староседелци. од овој род потекнувала Мара Бунева, која е родена во Тетово. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство); Софија (едно семејство) и во Силистрa (едно семејство).
- Ѓуковци (2 куќи), староседелци. Имаат иселеници во Романија (едно семејство).
- Тасевци (2 куќи), староседелци. Имаат иселеници во Туденце.
- Фандевци (2 куќи), се викаат и Богдановци. доселени се од некое место Фанде во Албанија, по старото место на живеење го добиле името. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство), Русе (две семејства) и на други места.
- Џинлевци (1 куќа) доселени се од некое Шарпланинско село. Имаат иселеници во Тетово, Скопје, Белград и на други места.
- Бутковци (1 куќа), доселени се од околината на Призрен. Имаат иселеници во Бугарија (таму станал генерал).
- Мазниковци (1 куќа), исто така од призренско. Имаат иселеници во Тетово (едно семејство).
- Филиповци (2 куќи), од призренско. Имаат иселеници во Бугарија (едно семејство).
- Пљешковци (2 куќи), од призренско.
- Дојчиновци (1 куќа), од призренско. Имаат иселеници во Скопје (едно семејство) и во Бугарија (едно семејство).
- Дуковци (1 куќа) од призренско.
- Ецо Рогопеч (1 куќа) потекнуваат од домазет кој дошол од селото Брезно;
- Биљаковци (1 куќа) потекнуваат од предокот Костадин кој дошол од Вратница;
- Јосифовци (1 куќа) домаќинот во овој род е Саве. Тој е роден во Брезно, па го посиниле во Сетоле. Во Брезно припаѓал на родот Бојковци.[2]
Општествени установи
уреди- Црква „Св. Богородица“ - Сетоле[13] — црква посветена на Рождеството Богородично, изградена во 1862 година врз темели на постара црква
- Ловечко друштво Шар Планина од Тетово
Самоуправа и политика
уредиКултурни и природни знаменитости
уредиРедовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиОд ова село има доста иселеници пред сè во Тетово, Скопје, Бугарија (Русе, Габрово, Софија, Силистрија). Помалце иселеници има во Белград. По овде изнесените иселеници во Сетоле припаѓале на одредени родови. Треба да се истакне и дека од сетолески иселеници во Тетово потекнува позната револуционерка од ВМРО Мара Бунева.[2]
Ѓеровци еден дел изумреле во Сетоле, а другиот дел се иселил во Тетово. Качовци (4 к.) и Цинцаровци (6 к.) се иселиле во селото Лешок, Грубановци се иселиле некаде.[2]
Поврзано
уреди- Огрејала месечина - позната македонска народна песна
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован (1976). Полог. Белград: САНУ. стр. 339-340-341.
- ↑ Турски извори за българската история, т. VII, София 1986, с. 335
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.210.
- ↑ Brancoff D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, р.122-123.
- ↑ Селищев, Афанасий. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. - София, 1929, стр.22.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Ефтоски, Гојко. „Подметнати пожари и експлозив во Сетоле“. Утрински Весник. Посетено на 2010-04-29.[мртва врска]
Надворешни врски
уреди- Мрежно место посветено на Сетоле Архивирано на 18 септември 2017 г.
- Селото Сетоле Архивирано на 7 октомври 2009 г. -опис (историја, стари семејства и др.)