Оризари (Кочанско)
Оризари — село, односно најстарата населба во Општина Кочани, која се наоѓа на двата брега на Оризарска Река. Оризари било седиште на некогашната Општина Оризари. Со оглед на интензивната изградба на станбени и други градби, Оризари е приградска населба на градот Кочани.
Оризари | |
Оризари и Оризарска Река | |
Координати 41°55′21″N 22°26′46″E / 41.92250° СГШ; 22.44611° ИГД | |
Општина | Кочани |
Население | 2.737 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2300 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 13029 |
Надм. вис. | 361 м |
Оризари на општинската карта Атарот на Оризари во рамките на општината | |
Оризари на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиОризари е ридско-рамничарска населба што се наоѓа на источната страна од Кочани, сместена на двете страни од Оризарска Река, или како што мештаните ја нарекуваат Масалница. Должината на населбата изнесува 2,6 км во правецот север-југ, под текот на реката. Просечната надморска височина на која се наоѓа населбата изнесува 361 метар.
Историја
уредиВо четириесеттите години од XX век Оризари го сочинувале три посебни населби со две одделени маала, и тоа: селото Оризари со Коларско (Лештанско) маало, од левата страна на реката, потоа селото Устран Дол со маалото Дулевци, од десната страна на реката и селото Витоша од левата страна на реката, над селото Оризари, а спротивно од Устран Дол.
Во секое од селата имало посебни гробишта, кои сè уште се во функција. Постоеле и турски гробишта, на локација што се наоѓала на јужната страна на Витоша. Имено, до 1912 година Витоша било населено исклучиво со Турци, кои по Првата балканска војна целосно се иселиле.
Училиштето, во тоа време четиригодишно, било заедничко за сите три села, а објектот се наоѓал во Оризари, јужно од црквата, на местото на постојниот ваковски дом (куќа). Бидејќи тоа не ги задоволувало нараснатите потреби од зголемениот број ученици, во учебната 1939/40 во употреба било предадена нова училишна зграда.
Легенда за името
уредиПрва легенда
уредиМногу одамна, високо над селото, во реонот на Добра вода, во месностите Бела и Црна Црква, постоело населено место. Од него, во тогашното село се доселила една жена по име Јордана со своите два сина Вито и Тошо, според чиј акроним (Вито+Тошо=Витошо, Витоша) се смета дека селото подоцна и го добило името.[2]
Втора легенда
уредиОваа легенда се прераскажува низ генерациите овде. Имено некогаш во Оризари владеала “голема чума“ која го “косела“ населението. За да се спасат од чумата двајца браќа- близнаци од Оризари со помош на два вола, исто така близнаци, и со рало „самотворка“ го заорале Оризари. При орање велеле: „ори-заори“, и сè така во една насока и во повторна насока. Според преданието така „болеста не можела да работи и да го уништува населението“ . Па според ова предание преку овие два збора „ори-заори“ Оризари го добило и своето име.
Трета легенда
уредиСпоред некои кажувања легендата за името на Оризари датира од втората половина на 9 век во времето на Константин Брегалнички, кој како епископ владеал по течението на реката Брегалница во овие краеви. Овој епископ илам голем број на помошници-свештени лица а најпознат меѓу нив бил отец Арсо (Арсениј) . За својата преданост кон епископот,црквата и народот како заслужен свештеник Константин како награда на поп Арсо му одобрил средства да го посети гробот на Исус Христос во Ерусалим. Поп Арсо (отец Арсениј) со радост ја прифатил довербата и отпатувал за Ерусалим. По посетата на гробот на Исус Христос, имал време и услови да го разгледа и градот. На пазарот немало што нема.Во една вреќа видел семе-оризова арпа.Од продавачот побарал објаснување за тоа како се одгледува оваа култура,на каква почва расте и купил еден килограм од оризовата арпа. Но семиња преку граница тешко се пренесувале. Според едни кажувања поп Арсо купил бастун со внатрешна празнина и ја наполнил празнината со арпа, а според други пак купил гуска. Ја огладнел многу и на гуската и го дал семето да го исколва.Пред да дојде на граничната контрола ја заклал гуската и така ја пренел со оризовата арпа. На безбедно место од гушата го извадил семето, а гуската ја дал на анџијата, да му ја подготви за вечера. Когха го донел семето,уште истата пролет на подготвена почва го посеал на нива во близина на сегашно Оризари. Во октомври го собрал целото семе.Идната година од семето дал и на други и така секоја година по година семето успевало и се проширувале површините. Оризопроизводителството се стабилизирало и станало доходовна гранка во земјоделството во овој крај и меѓу жителите на оризари. Од тука семето се проширило и во другите населени места во Брегалничката Котлина, а поради оваа култура Оризари го добило и своето име.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Оризари заедно со маалата Устран Дол и Витоша имало 1.665 жители, од кои 900 Македонци, 610 Турци, 150 Роми и 5 Албанци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Оризари имало 576 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[5]
Селото броело 2.154 жители во 1961 година, додека во 1994 година живееле 3.795 жители.
Според Пописот на населението од 2002 година, во Оризари, денес приградска населба на Кочани, живеат 3.776 жители, од кои 3.768 Македонци, 2 Срби, 1 |Влав и 4 останати народности.[6]
Според |последниот Попис од 2021 година, во селото живееле 2.737 жители, од кои 2.564 Македонци, 1 Влав, 8 останати народности и 164 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.665 | 576 | 1.497 | 1.677 | 2.154 | 2.808 | 3.475 | 3.957 | 3.795 | 3.776 | 2.737 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиОризари е македонско православно село, денес приградска населба на Кочани.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се.
Маало Долно Оризари
- Коларци (17 к.), Дедо-Ановци (8 к.), Црвенџици (7 к.), Кримаци (6 к.), Ананови (3 к.), Дедо-Минови (3 к.), Шеќерци (2 к.), Дедо-Томови (1 к.), Беќарци (1 к.) и Трпковци (1 к.) сите наведени родови се староседелски.
- Дилижанци (4 к.) потекнуваат од истиот род во маалото Горно Оризари.
- Рецовци (3 к.) доселени се од Кочани. Таму се викале Бегалци.
- Поп-Миајловци (4 к.) доселени се од селото Тркање.
- Бекерци (5 к.) доселени се од селото Истибања кај Виница.
- Ушковци (1 к.) доселени се од селото Бели.
- Од 1950 година овде се населиле домаќинства од Пресека (15 к.), Вранинци (2 к.) и Цера (15 к.)
Маалото Горно Оризари
- Шутаци (13 к.), Брзаци (10 к.), Ѓораци (2 к.), Каргашовци (20 к.), Козаримци (5 к.), Брзилци (4 к.), Гојовци (4 к.), Трчковци (4 к.), Дедо-Коцеви (4 к.), Дилижаци (3 к.), Лифовци (3 к.), Калимерци (3 к.), Дедо-Доневи (3 к.), Чорловци (2 к.), Дедо-Гошеви (2 к.), Клиндури (2 к.), Дедо-Накови (2 к.), Косовци (2 к.), Дедо-Андови (2 к.) и Трипунци (1 к.) сите наведени родови во селото се староседелски.
- Чобанци (4 к.) доселени се од селото Пресека.
- Спанчевци (1 к.) доселени се од селото Спанчево.
- Дулевци (2 к.) и Стаменковци (2 к.) доселени се од селото Вранинци.
Маало Витоша
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиВо периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната Општина Оризари, во која покрај селото Оризари, се наоѓале селата Безиково, Грдовци, Пресека, Прибачево и Цера. Во периодот 1955-1996, селото било сместено во рамките на проширената Општина Кочани. Во периодот 1996-2004, населбата била седиште на возобновената рурална Општина Оризари. Од 2004 година до денес, Општина Оризари повторно била укината и селото Оризари повторно станало дел од Општина Кочани.
Избирачко место
уредиВо селото постојат избирачките места бр. 898, 899, 890 и 891 според Државната изборна комисија, сместени во основното училиште, Амбуланта и сала на дом на културата -оризари.[13]
На претседателските избори во 2019 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 3.120 гласачи.[14]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Бела Црква - доцносредновековна црква;
- Затселиште - населба од железното и римското време;
- Јаловец - старохристијанска црква;
- Куново - Чуки: Некропола — тумули од железното и доцноантичкото време;
- Куново - населба од римското време;
- Селиште - населба од железното и римското време;
- Сланец - населба од доцноантичкото време;
- Соколовско Маало - населба од доцноантичкото време;
- Топлак - населба од неолитското време;
- Цигански Рид - населба од неолитското, железното и римското време;
- Црквиште - Крушарски Рид - средновековна некропола;
- Црна Црква - средновековна црква со некропола.
- Верски градби
- Црква „Св. Атанасиј“
- Манастир „Пресв. Богородица“, познат и како „Добра Вода“
- Настани
Култура и спорт
уредиВо селото постои Фолклорниот ансамбл „Љупчо Сантов“.
Активен е и фудбалскиот клуб Младост кој една сезона има играно во Втората македонска фудбалска лига.
Галерија
уреди-
Западниот дел на Оризари
-
Западниот дел на Оризари
-
Западниот дел на Оризари
-
Средишниот и западниот дел на Оризари
-
Средишниот дел на Оризари
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Оризари во четвртата деценија на XX век, Љупчо Тодоров Симеонов, монографија, 1999 г.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 225.
- ↑ D.M.Brancoff. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Париз, 1905, стр. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-13. Посетено на 21 декември 2019.