Ореовец (Порече)

село во Општина Македонски Брод

Ореовец (понекогаш нарекувано и Ореоец) — село во Општина Македонски Брод, во областа Долно Кичево, во околината на градот Македонски Брод.

Ореовец
Ореоец

Камена куќа во селото

Ореовец во рамките на Македонија
Ореовец
Местоположба на Ореовец во Македонија
Ореовец на карта

Карта

Координати 41°29′44″N 21°07′49″E / 41.49556° СГШ; 21.13028° ИГД / 41.49556; 21.13028
Регион  Југозападен
Општина  Македонски Брод
Област Долно Кичево
Население 75 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6530
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03036
Надм. вис. 760 м
Ореовец на општинската карта

Атарот на Ореовец во рамките на општината
Ореовец на Ризницата

Географија и местоположба

уреди
 
Дом на „Св. Јован Крстител“ во селото

Селото се наоѓа во областа Долно Кичево, во југозападниот дел на територијата на Општина Македонски Брод, непосредно од левата страна на реката Треска. Атарот на селото се допира со подрачјето на Општина Кичево.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 760 метри. Од градот Македонски Брод е оддалечено 10 километри.[2]

Атарот зафаќа простор од 8,3 км2. На него преовладуваат шумите на површина од 391 хектар, на пасиштата отпаѓаат 275 хектари, а на обработливото земјиште 96 хектари.[2]

Покрај селото поминува регионалниот пат Македонски Брод-Кичево. Според катастарот, северниот дел од регионалниот пат припаѓа на атарот на селото Ореовец. Поради тоа, дел од новоизградените куќи на жители од селото Пласница, кај самата раскрсница кон тоа село, влегуваат во атарот на село Ореовец.

Историја

уреди

Во XIX век, Ореовец било село во Кичевската каза на Отоманското Царство.

Стопанство

уреди

Селото во основа има полјоделско-шумарска функција.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948175—    
1953193+10.3%
1961153−20.7%
1971108−29.4%
198156−48.1%
ГодинаНас.±%
199177+37.5%
199485+10.4%
2002155+82.4%
202175−51.6%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ореовец имало 144 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ореовец имало 128 жители.[4]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Ореовец се води како чисто македонско село во Кичевската каза на Битолскиот санџак со 20 куќи.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Селото е мало, коешто во 1961 година имало 153 жители, од кои 152 биле Македонци и тројца Турци. Во 1994 година бројот се намалил на 85 жители, од кои 52 Турци и 33 жители Македонци.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ореовец имало 155 жители, од кои 26 Македонци, 128 Турци[7] и 1 останат.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 75 жители, од кои 7 Македонци и 68 Турци.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 144 128 175 193 153 108 56 77 85 155 75
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Родови

уреди

Ореовец е македонско село.

Според истражувањата на Јован Трифуноски во 60-тите години на XX век родови во селото се: Марковци (12 к.) и Рашајковци (11 к.), староседелци, потекнуваат од стариот народ кој живеел овде. Рашајко имал два сина од кои се намножиле родовите, во родот Рашајковци се знае следното родословие: Александар (жив на 48 г. во 1961 година) Мике-Стојан-Илија-Стојан, Рашајко бил дедо или прадедо на Стојан; Карпузовци (5 к.), потекнуваат од предокот Карпуз, споменатиот предок на врвење дошол во селото, и тука останал за Рашајко да не бидет сам. Населување на Карпузовци е извршено околу 1730-1760 година.[13]

Според истражувањата пак на Тома Смиљаниќ во периодот од 1921-1926 година родови во селото се: Марковци (7 к.), Рашајковци (7 к.) и Карпузовци (9 к.), сите родови се староседелски.[14]

Самоуправа и политика

уреди
 
Главната селска црква „Св. Архангел Гаврил“

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од некогашната општина Русјаци, во која влегувале селата Ореовец и Русјаци.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Ижиште, во која покрај селото Ореовец се наоѓале селата Дворци, Ижиште, Лисичани, Пласница, Преглево и Русјаци.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Брод.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачко место бр. 0225 според Државната изборна комисија, кое е сместено во Селскиот дом.[15]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[16] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 10 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[18]
  • Мал Рид — црква и некропола од средниот век
Цркви[19][20]
Манастири

Иселеништво

уреди

До 1961 година од селото имало иселување во Македонски Брод (6 семејства) и во Кичево (5 семејства). Населението продолжило да се иселува и потоа, што се гледа и по падот на население од 1961 година до денес.[13]

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 199. Посетено на 27 октомври 2017.
  3. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 257.
  4. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 154-155.
  5. Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 35.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. Изјаснетите Турци живеат во куќите на раскрсницата со селото Пласница, кои катастарски се наоѓаат во атарот на селото Ореовец.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 29 октомври 2017.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. 13,0 13,1 Трифуноски, Јован Ф (1968). Кичевска котлина: сеоска насеља и становништво. Скопје: Издање аутора.
  14. Smiljanić, Toma (1935). Kičevija. U Beogradu: Srpska kraljevska akademija.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2020-05-29. Посетено на 16 октомври 2017.
  17. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 5 мај 2019. Посетено на 5 мај 2019.
  18. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  19. „Русјачка парохија“. Дебарско-кичевска епархија. Архивирано од изворникот на 2014-03-05. Посетено на 29 октомври 2017.
  20. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

уреди