Чардаклија
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Чардаклија — село во Општина Штип, во околината на градот Штип.
Чардаклија | |
Куќи во Чардаклија | |
Координати 41°46′58″N 22°11′12″E / 41.78278° СГШ; 22.18667° ИГД | |
Општина | Штип |
Население | 262 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2000 |
Шифра на КО | 30068 |
Надм. вис. | 360 м |
Чардаклија на општинската карта Атарот на Чардаклија во рамките на општината | |
Чардаклија на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиЧардаклија се наоѓа источно од Штип и е оддалечена седум километри од Штип. Селото е на регионалниот пат Штип - Кочани и е поделено на два дела од истиот. Инаку селото е поделено на горно и долно маало. Горното маало е од страната на Штип, а долното мало од страната на Кочани. Чардаклија се наоѓа помеѓу населбата Македонка (Свињогојство) и селото Балван.
На периферијата на селото поминува реката Брегалница.
Историја
уредиСтопанство
уредиНаселение
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Чардаклија живееле 36 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Чардаклија имало 56 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[4]
Населението во Чардаклија е составено од Македонци и Власи.
На пописот од 2002 година, селото имало 922 жители, од кои 878 Македонци, 8 Турци и 36 Власи.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 262 жители, од кои 191 Македонец, 9 Турци, 8 Роми, 37 Власи и 17 лица без податоци.[6]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[7]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 199 |
1953 | 298 | — | — | — | 6 | — | ... | — | — | 304 |
1961 | 426 | 3 | 15 | ... | ... | — | ... | 80 | — | 524 |
1971 | 485 | 11 | 12 | 5 | ... | 1 | ... | 62 | — | 576 |
1981 | 647 | — | 18 | 20 | 47 | 2 | ... | 19 | — | 753 |
1991 | 732 | — | 13 | 11 | 67 | 1 | — | 22 | — | 846 |
1994 | 789 | — | 17 | 10 | 49 | 1 | — | 7 | — | 873 |
2002 | 878 | — | 8 | — | 36 | — | — | — | — | 922 |
2021 | 191 | — | 9 | 8 | 37 | — | — | — | 17 | 262 |
Општествени установи
уредиСамоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 2290 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[8]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 228 гласачи.[9]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[10]
- Бунарче — населба од доцноантичко време;
- Манастирче — црква од ранохристијанско[11] време и среден век;
Редовни настани
уредиЛичности
уредиКултура и спорт
уредиИселеништво
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 230. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 136-137.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Ранохристијанска црква откриена на археолошкото наоѓалиште Манастирче[мртва врска]