Долно Лисиче
Долно Лисиче — село во Општина Аеродром, во околината на градот Скопје.
Долно Лисиче | |
![]() Поглед на дел од селото Долно Лисиче | |
Координати 41°57′26″N 21°32′15″E / 41.95722° СГШ; 21.53750° ИГДКоординати: 41°57′26″N 21°32′15″E / 41.95722° СГШ; 21.53750° ИГД | |
Општина | Аеродром |
Население | 2.627 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 25039, 25539 |
![]() |
Географија и местоположбаУреди
Селото се наоѓа во источниот дел на територијата на Општина Аеродром и практично е приградска населба на Скопје. Расположено е на десниот брег на реката Вардар на 4 км. југоисточно од вливот на Маркова Река во Вардар. Граничи со населените места Подстаница и Драчево на југ, Горно Лисиче на запад и Јурумлери на север и воедно на спротивниот лев брег на Вардар.
ИсторијаУреди
Селото за првпат се споменува во римските повелби од XII век, но не е сигурно дали тогаш претставувало една населба со Горно Лисиче. Географот и етнолог Јован Трифуноски во книгата „Слив на Маркова Река“ (српски: „Слив Маркове Реке“), дава податоци според кажувањата на селаните. Некаде на почетокот на XVIII век селото страдало од колера. После ова има доселувања од другите предели на Македонија и тоа Овче Поле, Врање и селата под Китка. Во османлискиот период селото било чивчиско со околу 30-тина куќи. Во нив православните Македонци живееле во семејства од по 20-на луѓе. Имало и три османлиски кули кои биле растурени по Балканските војни. До тоа време селото немало вистинска црква туку само мала градба од плетер. Малата црква „Св. Троица“ била срушена во 1980-тите години, а во 1991 година, нејзино место бил изграден нов храм. Во селото има масовно доселување помеѓу 1970-2006 кое уште трае и тоа главно од селата на реката Бабуна, Крива Паланка и Босилеград.
Во XIX век, селото било дел од Скопската каза, во Отоманското Царство.
НаселениеУреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото имало 2.440 жители, од кои 2.378 Македонци, 1 Влав, 47 Срби и 14 останати.[2]
Според последниот попис на населението на Македонија од 2021 година, Долно Лисиче има 2.627 жители, од кои 2.481 Македонец, 1 Албанец, 1 Влав, 30 Срби и 114 останати. Се состоело од 869 домаќинства и 922 станови.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 260 | 216 | 253 | 526 | 630 | — | — | — | — | 2.440 | 2.627 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[3]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[4]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[5]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[6]
РодовиУреди
Во Долно Лисиче живеат следните македонски православни родови: Еровци, Миленковци, Неслатковци, Пупунчевци (сите старинци), Мусјаковци (од „планините“ од Алдинци или Палиград во изворишниот дел на Кадина Река), Чваровци (од Варвара), Ѓоковци (од с. Зркле во Поречје), Голубовци и Боргиовци (двата рода од Овче Поле), Ашиковци и Кечовци (од Драчево), Трабиновци (од Ракотинци), Малезановци (од Добри Дол), Дојранци (од Дојран)[7].
Културни и природни знаменитостиУреди
Култура и спортУреди
Единствен спортски клуб во ова село е ФК Победа основан во далечната 1976 година од група ентузијасти. Клубот поседува свое тревнато игралиште со свое име ,,Купишта,,.Веќе 20 години низ школата на овој клуб поминале над 200 фудбалери од кои многумина ја продолжиле својата кариера во други Македонски клубови. Од многуте имиња на тренерската клупа треба да се одбележи името на прославениот Вардаров Ас Лазо Мојсов. Клубот успешно настапува во Меѓурегионалнaта лига. Поранешното име на ФК Победа било Аждер кој постоел уште пред 1950 година (може и постар).
НаводиУреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски Ф. Јован. „Слив Маркове Реке - антропогеографска проматрања“. Филозофски факултет Скопје, 1958. стр.103 - 104
Надворешни врскиУреди
- Долно Лисиче на Ризницата ?