Селник
Селник — село во Општина Делчево, во областа Осоговија, во околината на градот Делчево.
Селник | |
![]() Куќи во Селник | |
Координати 42°02′27″N 22°43′50″E / 42.04083° СГШ; 22.73056° ИГДКоординати: 42°02′27″N 22°43′50″E / 42.04083° СГШ; 22.73056° ИГД | |
Регион | ![]() |
Општина | ![]() |
Област | Осоговија |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09022 |
Надм. вис. | 880 м |
![]() |
Географија и местоположба Уреди
Селник се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Бугарија. Селото е ридско и е сместено на надморска височина од 880 метри. Селскиот атар зафаќа површина од 11,1 км2. Селото е оддалечено 17 км од Делчево.[2]
Историја Уреди
Во почетокот на XX век, Селник било село во Малешевската каза на Отоманското Царство.
Стопанство Уреди
Селото има мешовита земјоделска функција. Во неговиот атар, шумите зафаќаат површина од 442 ха, на пасишта отпаѓаат 348 ха, а на обработливо земјиште 266 ха.[2]
Население Уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Селник живееле 120 жители, сите Македонци.[3] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото имало 112 жители Македонци.[4]
На пописот од 2002 година, селото имало 28 жители, сите Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото немало жители.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 120 | 112 | 286 | 335 | 314 | 195 | 131 | 72 | 66 | 28 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Родови Уреди
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Самоуправа и политика Уреди
Селото влегува во составот на Општина Делчево од 1955 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од општината Киселица во склоп на Делчевската околија.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од општината Драмче во склоп на Малешевската околија.
Избирачко место Уреди
Во селото постои избирачко место бр. 0599 според Државната изборна комисија, кое е сместено во трпезаријата во дворот на црквата „Св. Петка“.[11]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 20 гласачи.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 17 гласачи.[13]
Културни знаменитости Уреди
- Археолошки наоѓалишта
- Кадин Чифлик — населба од доцноантичко време[14]
- Цркви
- Црква „Св. Петка“ — главна селска црква
Личности Уреди
- Родени во Драмче
- Трајан Гоцевски (р. 1950) — македонски економист и политичар
Наводи Уреди
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 268–269.
- ↑ Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“, София, 1900, стр.229.
- ↑ Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.140-141.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Посетено на 10 јули 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. стр. 131. ISBN 9989649286.