Ќоселија
Ќоселија — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[2]
Ќоселија | |
Координати 41°39′29″N 22°33′01″E / 41.65806° СГШ; 22.55028° ИГД | |
Регион | Југоисточен |
Општина | Радовиш |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 22027 |
Надм. вис. | 780 м |
Ќоселија на општинската карта Атарот на Ќоселија во рамките на општината | |
Ќоселија на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во источниот дел на општината, североисточно од градот Радовиш. Лежи на јужните падини на планината Плачковица над селото Сариѓол, на надморска височина од 780 м. Атарот е мал, со површина од 3 км2.[3] Во селото извира поток кој тече на југ, и пред с. Ораовица се слева со друг поток, образувајќи ја реката Ступница.
Историја
уредиВо XIX век Ќоселија било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Ќосели имало 100 жители, сите Турци.[4]
Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Ќуселии живееле 156 Турци.[5]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Во периодот пред Втората светска војна, населението на Ќоселија доживеало пораст и продолжило со умерен раст по војната. Ова се променило во 1950-тите кога целото село е испразнето, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Ќоселија немала ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | — | 213 | 236 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 306. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 234.
- ↑ Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.