Дурутлија

село во Општина Радовиш

Дурутлија (или Дурутли) — село во Општина Радовиш, источна Македонија. Денес нема жители.[2]

Дурутлија
Дурутлија во рамките на Македонија
Дурутлија
Местоположба на Дурутлија во Македонија
Дурутлија на карта

Карта

Координати 41°39′50″N 22°33′24″E / 41.66389° СГШ; 22.55667° ИГД / 41.66389; 22.55667
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Население 0 жит.
(поп. 2021)[1]

Повик. бр. 032
Шифра на КО
Надм. вис. 740 м
Дурутлија на општинската карта

Атарот на Дурутлија во рамките на општината
Дурутлија на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото е сместено на јужната падина на Плачковица. Атарот е мошне скромен, со површина од 2,8 км2.[3]

Историја

уреди

Во XIX век Дурутлија било турско село во Радовишката каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Дурутли имало 50 жители, сите Турци.[4]

Според османистот Димитар Гаџанов во 1916 г. во Дуруќој живееле 68 Турци.[5]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
194848—    
195352+8.3%
19610−100.0%
197100.00%
198100.00%
ГодинаНас.±%
199100.00%
199400.00%
200200.00%
202100.00%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 25 до 50 Турци.[6]

Во текот на 1950-тите селото е наполно напуштено, веројатно поради иселувањето на Турците од Македонија. Според пописот од 2002 година, Дурутлија немала ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 50 48 52 0 0 0 0 0 0 0
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]


Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
  3. Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 118. ISBN 9989-862-00-1.
  4. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 234. ISBN 954430424X.
  5. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в Новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.

Надворешни врски

уреди