Станча

село во Општина Ранковце

Станча — село во Општина Ранковце, сместено во областа Славиште, во североисточниот дел на Македонија. Селото се наоѓа на јужните падини на планината Герман.

Станча

Поглед на маалото Митрнци во селото Станча

Станча во рамките на Македонија
Станча
Местоположба на Станча во Македонија
Станча на карта

Карта

Координати 42°14′26″N 22°4′27″E / 42.24056° СГШ; 22.07417° ИГД / 42.24056; 22.07417
Регион  Североисточен
Општина  Ранковце
Население 8 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1316
Повик. бр. 031
Шифра на КО 15047
Надм. вис. 967 м
Станча на општинската карта

Атарот на Станча во рамките на општината
Станча на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во северозападниот дел на Општина Ранковце. Од самото општинско средиште Ранковце е оддалечено 18 километри. До почетокот на селото води асфалтен пат.

Селото е од ридско-планински разбиен тип со маала кои се протегаат од 800 до 1020 метри надморска височина и до нив се доаѓа до земјени патишта, кои не се во задоволителна состојба, особено за време на зимскиот период.

Атарот на селото опфаќа површина од 5,5 км2.

Историја

уреди

Се верува дека на местото на селото било населено уште од доцноантичко време. Според народното предание и верувања селото Станча, не е старо село, туку настанало како и соседното село П’клиште околу 1800 година[2]. Основачи на селото биле четири семејства, доселени од други краишта, меѓутоа научните теренски истражувања не утврдиле дали селото се основало на атар на некое постаро запустено и раселено село[2]. Македонскиот револуционер Ѓорче Петров, во својата книга Материјали по изучувањето на Македонија од 1896 година, за селото наведено како Станци запишал дека е мало село над селото Дурачка Река, распрснато околу изворите на станечката река и по станечката шума во која што меѓу буките има и дрвја од кои прават обрачи за бочви[3].

Стопанство

уреди

Во селото нема никакви стопански и услужни објекти, а населението главно се занимава со сточарство и шумарство.

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948129—    
1953146+13.2%
1961126−13.7%
197185−32.5%
198137−56.5%
ГодинаНас.±%
199127−27.0%
199428+3.7%
200223−17.9%
20218−65.2%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[4]

Бројот на жители во ова село бележи постојан пад, па така во 1961 година имало околу 130 жители, а според пописот во 2002 година, селото имало 23 жители, сите Македонци.[5]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 8 жители, од кои 7 Македонци и 1 лице без податоци.[6]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 357 224 129 146 126 85 37 27 28 23 8
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]

Родови

уреди

Селото Радибуш отсекогаш па сè до денес е населено исклучиво со Македонци од православна вероисповед, при што во селото има 9 родови, и тоа: Бучкинци кои слават Петковден; Гардинци кои слават Ѓурѓовден; Кулинци слават Свети Јован; Дупинци, Стамболијци, Трајковци, Петковци, Јакимови и Митринци кои слават Св. Архангел[2]. Споменатите родови потекнуваат од четири доселени домаќинства, кои се населиле околу 1800 година, на земјиште кое што го крчеле (за обработка), а местото на потеклото не го знаат[2].

Според истражувањата пак на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото се:

  • Староседелци: Дугинци (3 к.), Цветковци (2 к.), Бучкинци (2 к.), Терзијци (1 к.), Митренци (4 к.), Трајковци (1 к.) и Кулинци (1 к.)
  • Доселеници: Тодоринци (3 к.) доселени се околу 1840 г. од некое место Крива Река. Раде (жив на 27 г. во 1953 година) ги знае следните предци. Славко-Јаќим-Анѓел-Тодор, кој се доселил во селото; Гардинци (2 к.) доселени се околу 1855 година од селото Криви Камен, каде имале роднини. Од нив бил Спасе Гарда; Стамболијци (3 к.) доселени се во 1895 година од селото Герман.[11]

Самоуправа и политика

уреди

Селото се наоѓа во Општина Ранковце, која била една од ретките општини во Македонија, која не била воопшто менувана во поглед на нејзините граници со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.

Во периодот од 1962 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Крива Паланка, додека во периодот по војната од 1957 до 1962 година селото се наоѓало во рамките на некогашната општина Ранковце, каде што се наоѓало и во периодот 1955-1957.

Во периодот 1952-1955, селото исто така било дел од тогашната општина Ранковце, во која покрај Станча се наоѓале и селата Ветуница, Вржогрнце, Гулинци, Љубинци, Одрено, Опила, Отошница, Радибуш и Ранковце. Самата Општина Ранковце била дел од Кривопаланечката околија. Општината Ранковце постоела и во периодот 1950-1952 година.

Личности

уреди

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Трифуноски, Јован (1976). Кривопаланачка област (српскохрватски). Загреб: ХАЗУ. стр. 295.
  3. Петров, Ѓорче (1896). превод: Марио Шаревски (уред.). Материјали по изучувањето на Македонија (2016. изд.). Скопје: Единствена Македонија. стр. 422. ISBN 978-608-245-113-8.
  4. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  5. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 30 март 2013.
  6. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  8. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  9. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  10. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  11. Величковски, Драган (2009). Славишки Зборник Бр.1. Крива Паланка: Градски Музеј - Крива Паланка.
  12. Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 259. На |first= му недостасува |last= (help)

Надворешни врски

уреди