Скачинци
Скачинци — село во Општина Градско, централна Македонија. Денес нема жители.[2]
Скачинци | |
Координати 41°36′00″N 21°48′29″E / 41.60000° СГШ; 21.80806° ИГД | |
Регион | Вардарски |
Општина | Градско |
Област | Клепа |
Население | 0 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1420 |
Повик. бр. | 043 |
Шифра на КО | 29068 |
Надм. вис. | 640 м |
Слава | Света Троица |
Скачинци на општинската карта Атарот на Скачинци во рамките на општината | |
Скачинци на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото е сместено во областа Клепа, на десниот брег на реката Вардар, 20 км јужно од Велес во јужното подножје на врвот Куен.
Историја
уредиПодрачјето на Скачинци е населено уште од доцната антика, за што сведочат археолошките наоѓалишта околу селото.[3]
Во XIX век Скачинци било македонско село во нахијата Клепа во Велешката каза на Отоманското Царство. Селската црква „Св. Троица“ е од 1870 г.[4] Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Скачанци (Scatchantzi) било село со 48 домаќинства од 226 жители Македонци.[5][6] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Скаченци имало 500 жители, сите Македонци христијани.[5][7]
На почетокот на XX век жителите на селото потпаднале под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Скачинци (Skatchintzi) имало 520 Македонци, сите под егзархијата.[5][8]
На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го посочува Скачанци (Skačanci) како македонско христијанско село.[5][9]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 300 Македонци.[10]
Стопанство
уредиСкачинци е ридско село со полјоделско-сточарска функција. Преовладуваат пасиштата, а обработливото земјиште зафаќа значително помала површина.[11]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Селото е речиси иселено некаде 1960-тите, за во 1971 година да останат само 4 лица. Во текот на 1970-тите селото било конечно напуштено, и во него се доселиле неколку албански семејства (26 лица). Во следната деценија од него се иселиле и тие жители, повторно сведувајќи се на 4 жители Албанци. Во 1990-тите сите тие го напуштиле селото, и во него се вратил еден жител Македонец.[12] Според пописот од 2002 година, Скачинци немало ниеден жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 500 | 520 | 236 | 173 | 116 | 4 | 26 | 4 | 1 | 0 | 0 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[13]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[14]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]
Родови
уредиСкачинци било македонско село.
Според истражувањата од 1920-1924, родови во селото биле:
- Староседелци: Ордевци со Чаушовци, Илевчевци, Маневци, Поп-Теовци и Мицековци (14 к.), Бошковци со Трајковци, Манасијовци, Стојановци и Бошковци (9 к.), Крстевци и Буревци (10 к.), Карафендоловци (10 к.), Таневци (3 к.), Марковци и Поповци (8 к.), Камчевци (6 к.), Пецевци (2 к.), Тодоровци (1 к.) и Геговци (2 к.)
- Доселеници: Петровци (1 к.) потекнувале од домазет доселен во 1919 година од Велес.[17]
Општествени установи
уреди- Цркви
- Црква „Св. Троица“ од 1870 г.
- Црква „Вознесение Христово“ („Св. Спас“)
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиСелото е опфатено во избирачкото место бр. 2225 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Виничани. Во избирачкото место се опфатени населените места: Скачинци, Виничани, Грнчиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 526 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
- Врчва — населба од доцноантичко време
- Долни Дабје — населба од доцноантичко време
- Кале — градиште од доцноантичко време
Редовни настани
уреди- Света Троица — селска слава
Личности
уреди- Павел Арсов — духовник, селски свештеник од 1874 до 1908 г.
- Ангел Мишев — македонски револуционер и партизан, кој ја возобновил дејността на ВМРО во 1947 година, борец за Независна Македонија
- Сута Бочварова (р. 1864) - македонска револуционерка, жена на Јован Пеливанот[20]
Иселеништво
уредиСелото е целосно иселено, а најголем број од населението е иселено во Велес. А иселеници имало и во Приштина (од родот Мицековци) и др.
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 4 јануари 2021.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 81. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ „Парохија Градско - цркви и манастири“. Повардарска епархија. 30 јуни 2008. Посетено на 16 февруари 2014.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, с. 180 - 181.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 158.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne, Paris, 1905, рp. 118-119.
- ↑ Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 272. ISBN 9989-862-00-1.
- ↑ Скачинци — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ . Радовановиќ, Воислав. Тиквеш и Рајец. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 8 јануари 2020.
- ↑ Фељтон: Илинденски сведоштва : од Сута Бочварова од град Титов Велес (20)