Чалошево

село во Општина Велес

Чалошево или Чолошево — село во Општина Велес, во областа Повардарие, во околината на градот Велес, централна Македонија.

Чалошево
Чалошево во рамките на Македонија
Чалошево
Местоположба на Чалошево во Македонија
Чалошево на карта

Карта

Координати 41°45′17″N 21°47′46″E / 41.75472° СГШ; 21.79611° ИГД / 41.75472; 21.79611
Регион  Вардарски
Општина  Велес
Област Повардарие
Население 209 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1400
Повик. бр. 043
Шифра на КО 29081
Надм. вис. 260 м
Чалошево на општинската карта

Атарот на Чалошево во рамките на општината
Чалошево на Ризницата

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во областа Повардарие во рамничарски предел, на надморска височина од 260 м. Атарот зафаќа површина од 6,3 км2.[2] Чалошево е сместено на 5 км северно од Велес и на 1 километар од патот Скопје-Велес, а на половина пат е денешната приградска населба Дурутовец.

Историја

уреди

Подрачјето на Чалошево е населено уште од римско време, за што сведочи тумулот во наоѓалиштето Кула на 2 км југоисточно од селото.[3]

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чалошево е село со 24 домаќинства сочинето од 73 жители Македонци и 24 муслимани.[4][5]

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Чал’шево (Чалъшево) било мешано македонско-турско село со 60 жители Македонци христијани и 190 Турци.[4][6]

На почетокот на XX век целото село потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Чалишево имало 64 Македонци под егзархијата.[4][7]

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го покажува Чалишлар (Čališlar) како македонско-турско село.[4][8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 100 Македонци.[9]

Во 1950-тите преостанатите Турци го напуштиле селото, а на нивно место се населиле Срби, иако во помал број.[10]

Стопанство

уреди

Чалошево има полјоделско стопанство. Располага со 407 ха обработливо земјиште и 142 ха пасишта.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948161—    
1953180+11.8%
1961179−0.6%
1971177−1.1%
1981197+11.3%
ГодинаНас.±%
1991197+0.0%
1994187−5.1%
2002216+15.5%
2021209−3.2%

Иако во првите децении на XX век населението на Чалошево опаднало, по Втората светска војна тоа бележи постојан пораст, веројатно поради близината на градот Велес. Со заминувањето на Турците во 1950-тите (55 лица), во селото се населиле 24 Срби. Со текот на годините српското население опаѓало, а македонското се зголемувало.[10]

Според пописот од 2002 година селото имало 216 жители, од кои 206 Македонци, 3 Срби и 1 останат.[10]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 209 жители, од кои 203 Македонци, 2 останати и 4 лица без податоци.[11]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 64 161 180 179 177 197 197 187 216 209
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[12]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[13]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[15]

Родови

уреди

По истражувањата од 1929 година, родови во селото биле:

Турски:

  • Доселеници: Куцуровци или Шабановиќ (3 к.) потекнувале од предок Албанец кој се доселил во 18 век од дебарско. мешајќи се со Турците се потурчиле.

Македонски

  • Староседелци: Огњановиќ или Стаменковци (3 к.)
  • Доселеници: Тасевци или Крстевци (1 к.) стари доселеници од околината на Врање во Србија. Од овој род имало многу иселеници во Велес; Стојановиќ (1 к.) потекнуваат од скопско. Пред да се населат овде живееле и во селата Башино Село, Отовица и Новачани; Настовиќ (1 к.) доселени од селото Караслари; Ѓоревиќ (1 к.) доселени од селото Скачинци; Галевиќ (1 к.) доселени од Велес. Подалечно потекло од селото Сопот; Илчевиќ (1 к.) доселени од селото Кумарино. Имаат иселеници во Велес; Ацковиќ (1 к.) доселени од Велес. А уште подалечно потекло од околината на Ениџе Вардар во Егејска Македонија; Ѓошевиќ (1 к.) доселени од селото Отовица, а подалечно потекло од Новачани; Теовиќ (1 к.) доселени од Велес, подалечно потекло од селото Дреново.[16]

Општествени установи

уреди

Самоуправа и политика

уреди

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 2183 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[18]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 166 гласачи.[19]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта
  • Кула — тумул од римско време

Иселеништво

уреди

Според истражувањата направени во 1935 г. родови со потекло од Чалошево има во следниве населени места:[20]

  • Башино Село, Оп. Велес: Ристови, Илчеви, Трајковци и Лашпетковци
  • Сопот, Оп. Велес: Гулевци и Давчеви

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (I. изд.). Скопје: Патрија. стр. 316. ISBN 9989-862-00-1.
  3. Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 88. ISBN 9989-649-28-6.
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр. 184-185.
  6. Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 157.
  7. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 118-119.
  8. Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. 10,0 10,1 10,2 Чалошево — Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година)[мртва врска]
  11. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  12. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  13. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  14. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  15. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  16. . Филиповиќ, Миленко (1935). Северна велешка села. Белград: Етнографски музеј. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)
  17. Освет на камен-темелник
  18. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
  19. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
  20. Филиповиќ, Миленко. Северни велешки села. Белград, 1935. стр. 553

Надворешни врски

уреди