Самоков

село во Општина Македонски Брод


Самоков — село во Општина Македонски Брод, во областа Порече, во околината на градот Македонски Брод.

Самоков
Samokov view.JPG

Поглед на селото

Самоков во рамките на Македонија
Самоков
Местоположба на Самоков во Македонија
Самоков на интерактивна карта

Карта

Координати 41°41′0″N 21°8′39″E / 41.68333° СГШ; 21.14417° ИГД / 41.68333; 21.14417Координати: 41°41′0″N 21°8′39″E / 41.68333° СГШ; 21.14417° ИГД / 41.68333; 21.14417
Регион Logo of Southwestern Region, North Macedonia.svg Југозападен
Општина Coat of arms of Makedonski Brod Municipality (2012).svg Македонски Брод
Област Порече
Население 356 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 6535
Повик. бр. 045
Шифра на КО 03040
Надм. вис. 600 м
Самоков на општинската карта
Самоков во Општина Македонски Брод.svg

Атарот на Самоков во рамките на општината
Commons-logo.svg Самоков на Ризницата

До 2004 година, Самоков претставувал административно седиште на истоимената општина, која ги опфаќала селата во Горно Порече.

Географија и местоположбаУреди

 
Станбени згради во селото

Селото се наоѓа во областа Порече, во западниот висок планински дел на територијата на Општина Македонски Брод, на просторот на левата страна на реката Треска.[2] Селото е ридско, на надморска височина од 600 метри.[2]

Атарот зафаќа простор од 14,2 км2. Најзастапени се шумите на површина од 869 хектари, на пасиштата отпаѓаат 256 хектари, а на обработливото земјиште 182 хектари. Во вкупната површина влегува и просторот околу селото Ковач, кое не е заведено во катастарската евиденција и го дели атарот со Самоков.[2]

До селото води асфалтен пат, кој се двои од регионалната делница Македонски Брод-Скопје.[2]

ИсторијаУреди

Во XIX век, Самоков било село во Поречката нахија на Кичевската каза на Отоманското Царство. За време на отоманското владеење, Самоков било административниот центар на Порече[3]. Во Самоков се наоѓал поречкиот мудур, а привремено престојувала и војска. Во тие времиња во Самоков се ковала железната руда, која се ископувала и измивала во поречките мелови[3].

СтопанствоУреди

Селото има мешовита земјоделска функција.[2]

Во минатото, најзначаен индустриски објект била фабриката за оружје „Сувенир“, која денес работи под името „Сумбро Трејд“.

НаселениеУреди

Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948367—    
1953171−53.4%
1961270+57.9%
1971209−22.6%
1981194−7.2%
ГодинаНас.±%
1991212+9.3%
1994292+37.7%
2002388+32.9%
2021356−8.2%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Самоков имало 5 жители, сите Албанци.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Самоков имало 400 жители.[5]

Селото е мало, без поголеми промени на бројот на населението. Така, во 1961 година имало 270 жители, а во 1994 година 292 жители и е населено само со македонско население.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Самоков имало 388 жители, сите Македонци.[6]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 356 жители, од кои 331 Македонец, 6 Албанци, 1 останат и 18 лица без податоци.[7]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 5 400 367[8] 171 270 209 194 212 292 388 356
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

РодовиУреди

 
Влезот во некогашната фабрика за оружје „Сувенир“

Самоков во целост е населено со родови на Македонци од православна христијанска вероисповед. Како средиште кое и во минатото имало управна (административна) и стопанска важност Самоков е привлечно место за доселување поради што населението во најголем дел е сочинето од доселенички родови од околните поречки села, а со изградбата на фабриката „Сувенир“ и од други краишта на Македонија. Според истражувања од 1925 година во Самоков живееле пет куќи од родот Ушиновци и три куќи од родот Лазаровци, доселени од селото Ковач[3]. Во денешно време во Самоков живеат семејствата и родовите: Аврамоски, Ангеловски, Ванески, Видески со потекло до блиското село Косово, Златески со потекло од блиското село Ковач, Карафиловски, Јанкулоски, Огненоски и др.

Општествени установиУреди

 
Подрачното основно училиште „Св. Климент Охридски“ во Самоков

Самоуправа и политикаУреди

Селото влегува во рамките на Општина Македонски Брод, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Самоков. Во периодот од 1996-2004 година, селото било седиште на некогашната Општина Самоков.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Самоков.

Во периодот 1952-1955, селото било седиште на тогашната општина Самоков, во која покрај селото Самоков се наоѓале селата Бенче, Брест, Звечан, Зркле, Инче, Ковач, Ковче, Лупште, Рамне, Старо Село и Сушица.

Во периодот 1955-1957, селото било дел од тогашната општина Манастирец.

Во периодот 1957-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Брод.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Брод.

Избирачко местоУреди

Во селото постои избирачко место бр. 0259 според Државната изборна комисија, кое е сместено во основното училиште.[14]

На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 290 гласачи.[15] На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 286 гласачи.[16]

Културни и природни знаменитостиУреди

Археолошки ликалитети[17]
  • Кале — градиште од доцноантичко време; и
  • Во Селото — населба и некропола од доцноантичко време.
Цркви[18]

ЛичностиУреди

ИселеништвоУреди

Многу жители на Самоков и околните села се иселени во поголемите градови во Македонија. Исто така, многу жители на Самоков и околните села за време на Втората светска војна се иселени во странство.

ГалеријаУреди

НаводиУреди

  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 264. Посетено на 31 октомври 2017.
  3. 3,0 3,1 3,2 Јовановиќ, Петар (1935). Порече. Српски етнографски зборник (српски). 28. Белград: СКА. стр. 327.
  4. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 258.
  5. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 156-157.
  6. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 31 октомври 2017.
  7. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  8. Податоците за населеното место Ковач, согласно важечката територијална организација од 1948 година, се вклучени во податоците за населеното место Самоков.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „ПУ Самоков“. македонски: ОУ „Св. Климент Охридски“ - Македонски Брод. Посетено на 17 октомври 2017.
  14. „Описи на ИМ“. Посетено на 16 октомври 2017.
  15. „Локални избори 2017“. Посетено на 16 октомври 2017.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-05-05. Посетено на 5 мај 2019.
  17. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  18. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
  19. 19,0 19,1 19,2 19,3 19,4 19,5 . Крајчески, Цуте (2017). Порече (1943 - 1945). Скопје: Државен Архив на Република Македонија. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: друго (link)

Надворешни врскиУреди