Виничка Кршла
Виничка Кршла — село во Општина Виница, во околината на градот Виница.
Виничка Кршла | |
Координати 41°53′53″N 22°33′37″E / 41.89806° СГШ; 22.56028° ИГД | |
Регион | Источен Регион |
Општина | Виница |
Население | 58 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2310 |
Повик. бр. | +38933 |
Шифра на КО | 05003 |
Надм. вис. | 472 м |
Виничка Кршла на општинската карта Атарот на Виничка Кршла во рамките на општината | |
Виничка Кршла на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Виничка Кршла, се наоѓа на североисточната страна на градот Виница, селото е распрскано на поголема територија над реката Драгобраштица. Од централното градско подрачје е оддалечено 5 км. Селото, односно Кршлата, по која го носи името започнува од источниот излез на градот.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Виничка Кршла живееле 100 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, во 1905 година во Виничка Кршла имало 112 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според пописот во 2002 година во селото живееле 99 жители Македонци.[5]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 58 жители, од кои 57 Македонци и 1 лице без податоци.[6]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 100 | 112 | 147 | 302 | 393 | 378 | 212 | 134 | 119 | 99 | 58 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[7]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[8]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]
Родови
уредиВиничка Кршла е македонско село.
Според истражувањата од 1959 година, родови во селото се:
- Доселеници: Јуруци (8 к.), Мечкарци (4 к.), Газарци (3 к.) и Ташовци (1 к.) првите три рода се најстари во селото, доселени се однекаде; Газарци (5 к.), Насевци (3 к.) и Анаќијовци (2 к.) доселени се од селото Драгобраште; Божанци (4 к.) доселени се од селото Илиово кај Делчево. Го знаат следното родословие: Блажо (жив на 49 г. во 1959 година) Ефтим-Арсо, кој се доселил во селото; Туријчани (2 к.) доселени се од селото Турија кај Делчево; Трајановци (2 к.) и Чакалци (1 к.) доселени се од селото Грљани; Митрашинци (1 к.) доселени се од селото Митрашинци кај Берово; Катанци (3 к.) доселени се од селото Дулица кај Македонска Каменица.[11]
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 314 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[12]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 50 гласачи.[13]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[14]
Во селото има повеќе археолошки наоѓалишта од античкиот римски период, кои се под надлежност на Виничкиот музеј.[15]
- Барбашки Дол — некропола и тумули од железното време.
- Вршник — могила од римското време.
- Градиште 1 — некропола и тумули од железното време.
- Градиште 2 — утврдена населба од железното време и доцноантичкото време.
- Ѓафурски Лозја — населба од римското време.
- Кршлански Гумења — некропола од железното време.
- Могила — населба и могила од римското време.
- Русалски Гробишта — некропола од железното време.
- Сушица — населба и некропола од римското време.
- Коколов Рид — населба од раното и доцното бронзено време и железно време;[16]
Култура и спорт
уредиВо селото постои основно училиште.
Галерија
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Општина Виница
- ↑ Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.226.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.132-133.
- ↑ Државен завод за статистика
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Трифуноски, Јован (1970). Кочанска Котлина. Скопје: Универзитетска печатница.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Археолошка карта на Република Македонија, Том 2, 1996, издание на МАНУ, Скопје, Македонија.
- ↑ „Музеј Виница“. Архивирано од изворникот на 2012-02-06. Посетено на 2012-05-14.
- ↑ „Нови наоди на Коклов рид кај Виница“. Архивирано од изворникот на 2014-11-08. Посетено на 2014-11-05.