Лагадин
Лагадин — летна туристичка населба, изградена во втората половина на XX век. Се наоѓа на источниот брег на Охридското Езеро, непосредно покрај патот Охрид-Свети Наум. Местото традиционално се нарекува Света Мартинија и се наоѓа кај селото Елшани.
Лагадин | |
Поглед на дел од населбата | |
Координати 41°2′24″N 20°48′35″E / 41.04000° СГШ; 20.80972° ИГД | |
Регион | Југозападен |
Општина | Охрид |
Област | Охридско |
Население | 81 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 6000 |
Повик. бр. | 046 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 696 м |
Лагадин на општинската карта Атарот на Лагадин во рамките на општината | |
Лагадин на Ризницата |
Во Лагадин како постојано население живее 81 човек, а другите тука доаѓаат само во летниот период. Целата населба се состои од стотина приватни вили и неколку хотели.[2]
Географија и местоположба
уредиНаселбата се наоѓа веднаш до Охридското Езеро.
Историја
уредиЛагадин започнал да се гради по завршувањето на Втората светска војна.
Стопанство
уредиТуризмот е најзначајна стопанска гранка.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
За Лагадин не се водела посебна евиденција на населението до пописот од 2002 година.[3]
Според пописот од 2002 година, во селото Лагадин живееле 20 жители, од кои 18 Македонци, 1 Србин и 1 останат.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живеел 81 жител, од кои 79 Македонци, 1 Албанец и 1 лица без податоци.[5]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 20 | 81 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[6]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[7]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[8]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[9]
Општествени установи
уреди- Месна заедница
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Охрид, која била проширена при новата територијална поделба на Македонија во 2004 година.
Во периодот од 1996 до 2004 година, селото било дел од некогашната Општина Охрид.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото било сместено во големата општина Охрид.
Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од тогашната општина Охрид.
Во периодот 1952-1955, населбата како дел од селото Елшани била дел од тогашната Општина Галичица, во која покрај селото Елшани, се наоѓале и селата Велгошти, Велестово, Лескоец, Љубаништа, Коњско, Пештани, Рамне, Скребатно, Трпејца и Шипокно. Во периодот 1950-1952, селото Елшани било дел од некогашната општина Пештани, во која влегувале селата Елшани и Пештани.
Избирачко место
уредиНаселбата е опфатена во избирачкото место бр. 1294 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште во Долно Коњско. Во избирачкото место се опфатени населените места: Коњско, Долно Коњско, Лагадин, населба Здравје и населба Исток.[10]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 647 гласачи.[11]
Културни и природни знаменитости
уреди- Цркви
- Црква „Св. Петка Римјанка“ — главна црква, камен-темелник поставен на 15 септември 2013 година;[12]
- Црква „Св. Софија, Вера, Нада и Љубов“ — изградена во 2000 година.[13]
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Мишо Јузмески: „Елшани - живот меѓу каменот и водата“, Елшани, 2009
- ↑ Податоците за населените места Елешец и Лагадин, согласно важечките територијални организации за време на пописите од 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 година, се содржани во податоците за населеното место Елшани.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 9 јануари 2020.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 9 јануари 2020.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2020-01-02. Посетено на 9 јануари 2020.
- ↑ КАМЕН ТЕМЕЛНИК НА ХРАМОТ „ПРЕП. ПАРАСКЕВА“ ВО ЛАГАДИН, ОХРИД[мртва врска]
- ↑ НАД 400 ВЕРНИЦИ ВО ЛАГАДИН ГО ПРОСЛАВИЈА ПРАЗНИКОТ ВЕРА, НАДА И ЉУБА И ВЕЛИКОМАЧЕНИЦАТА СОФИЈА
Поврзано
уреди- Општина Охрид
- Охрид
- Лагадина — истоимен град во Солунскиот округ, Егејска Македонија