Речани (Кочанско)
Речани — село во Општина Кочани, во околината на градот Кочани.
Географиja и местоположбаУреди
Селото се наоѓа на околу 10 километри североисточно од Кочани, на падините над Бела Река, во јужниот дел на планината Осогово.
ИсториjaУреди
Во XIX век селото е дел од Кочанската каза во Отоманското Царство.
ДемографијаУреди
Според статистиката на Васил К’нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Речани живееле 130 жители, сите Македонци.[1]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Речани имало 160 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[2]
Селото броело 133 жители во 1971 година, а во 1981 година живееле само 40 жители.
Речани е македонско село со мал број на жители во државата и според пописот од 2002 година, во селото имало 8 домаќинства со 17 станови и 13 жители, сите Македонци.[3]
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[4]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 130[1] | 160[2] | 203 | 233 | 201 | 133 | 68 | 40 | 43 | 13 |
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постои изборното место бр. 894 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на шумска куќичка на п.о.с за шумарство "осогово". Во ова изборно место е опфатено и селото Вранинци.[5]
На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 8 гласачи.[6]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр.227.
- ↑ 2,0 2,1 D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 132-133.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
Оваа статија за за место во Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |