Куково
Куково — село во Општина Пробиштип, во Злетовско-пробиштипскиот регион, во околината на градот Пробиштип.
Куково | |
Панорама на селото Куково | |
Координати 41°55′47″N 22°06′25″E / 41.92972° СГШ; 22.10694° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Пробиштип |
Област | Злетовско-пробиштипско |
Население | 4 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2210 |
Повик. бр. | 032 |
Шифра на КО | 21017 |
Надм. вис. | 570 м |
Куково на општинската карта Атарот на Куково во рамките на општината | |
Куково на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиКуково се наоѓа на крајниот југозападен дел на Пробиштипско-злетовскиот басен и територијата на Општина Пробиштип, источно од падините на планината Манговица, а неговиот атар се граничи со територијата на Општина Свети Николе. Оддалечено е на 17 км од Пробиштип, а атарот зафаќа површина од 9,4 км2. Селото е ридско и се наоѓа на надморска височина од 570 м. Припаѓа на сливното подрачје на Злетовска Река.[2]
Историја
уредиВо XIX век, Куково се наоѓало во Штипската каза, во Отоманското Царство.
Во текот на Првата балканска војна, од селото имало 7 доброволци кои биле дел од Македонско-одринските доброволни чети.[3]
Стопанство
уредиВо атарот на селото има земјоделска површина од 992 ха, од кои 449 ха го сочинуваат обработливото земјиште, 404 ха отпаѓаат на пасишта, а на површина од 24 ха се простираат шуми.[4]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Куково имало 90 жители, сите Македонци христијани.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Куково имало 80 жители.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 200 Македонци.[7]
Според пописот од 2002 година, во селото живееле 18 жители, сите Македонци. Бројот на домаќинства изнесувал 10, а бројот на живеалишта 28.[8]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 90 | 80 | 238 | 257 | 262 | 177 | 86 | 45 | 45 | 18 | 4 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиКуково е македонско село.
Според истражувањата од 1970-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Дедо-Тимовци (3 к.), Корлунци (4 к.) и Соколовци (1 к.)
- Доселеници: Мартиновци (4 к.) доселени се од селото Петршино, а таму од селото Гујновци; Тнковци (5 к.) доселени се од селото Стануловци во Овче Поле; Какарци-Златановци доселени се од селото Петршино; Божиновци (2 к.) доселени се од селото Макреш во Овче Поле; Катранџијци (5 к.) доселени се од селото Ранченци во Овче Поле; Наковци (4 к.) и Дрчевци (2 к.) доселени се од сега раселеното село Тоол; Накарачи (2 к.) доселени се од селото Мечкуевци во Овче Поле.[13]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на Општина Пробиштип, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што биле споени поранешните општини, Пробиштип и Злетово. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот од 1965 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Пробиштип. Во периодот од 1955 до 1965 година, селото било дел од некогашната Општина Пробиштип.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Општина Трооло, во која покрај селото Куково, се наоѓале и селата Бучиште, Гајранци, Гујновци, Зарапинци, Лезово, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло. Во периодот 1950-1952 година, селото било дел од некогашната Општина Пуздерци, во која влегувале селата Зарапинци, Куково, Пестришино, Пуздерци, Стризовци и Трооло.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1546 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на приватна куќа.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 4 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Грамадиште — населба и некропола од доцноантичко време; и
- Мошевица — населба од доцноантичко време.
Галерија
уреди-
Регионалниот пат од Свети Николе до Пробиштип што ги поврзува Овче Поле и Злетовско-пробиштипско во близина на селото
-
Пејзаж во Злетовско-пробиштипско со селото Куково во позадина
-
Поглед на куќи во селото
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 167–168.
- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 855.
- ↑ Населени места во Општина Пробиштип — Куково, официјално мрежно место на Општина Пробиштип.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 232.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 134-135.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 ноември 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Апостолов Александар; Кондев Тодор; Апостол Керамидчиев (1974). Злетовска област. Географско-историски осврт. Скопје.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069