Штурово

село во Општина Радовиш, Македонија

Штурово — село во Општина Радовиш, во околината на градот Радовиш.

Штурово

Поглед на селото Штурово

Штурово во рамките на Македонија
Штурово
Местоположба на Штурово во Македонија
Штурово на карта

Карта

Координати 41°40′50″N 22°28′36″E / 41.68056° СГШ; 22.47667° ИГД / 41.68056; 22.47667
Регион  Југоисточен
Општина  Радовиш
Област Јуруклак
Население 6 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2420
Повик. бр. 032
Шифра на КО 22050
Надм. вис. 782 м
Штурово на општинската карта

Атарот на Штурово во рамките на општината
Штурово на Ризницата

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 11 жители[2], со што селото се вбројува во мали села во областа на Конче и Радовиш.[3]

Потекло и значење на името

уреди
 
Сретселото

Името на селото првпат се сретнува во историските документи како Штурово во XX век (1900 г.). Името е придавско изведено од штур со значење на скуден, мршав, празен или пуст или пак од антропонимот Штур(о) со значење „за човек празен, празноглав, глупав“. Како трета претпоставка е дека доаѓа од штурец.[4]

Географија и местоположба

уреди

Селото се наоѓа во северниот дел на територијата на Општина Радовиш, сместено на јужните падини на планината Плачковица.[5] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 750 метри. Селото се наоѓа северно од градот Радовиш, оддалечено 7 километри.[5]

Во близина на самото село поминува регионалниот пат 2431.

Историја

уреди

Според бројните археолошки наоѓалишта во близина на селото, може да се потврди дека во атарот на селото постоел живот уште во дамнина.[6]

Стопанство

уреди

Атарот на селото зафаќа простор од 6,2 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 451 хектар, на пасиштата отпаѓаат 81 хектар, а на обработливото земјиште 68 хектари.[5]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948227—    
1953257+13.2%
196180−68.9%
1971102+27.5%
198152−49.0%
ГодинаНас.±%
199135−32.7%
199424−31.4%
200211−54.2%
20216−45.5%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, Штурово имало 60 жители, сите Турци.[7]

Според Димитар Гаџанов во 1916 година во Штурово живееле 134 Турци.[8]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Турци.[9]

Штурово е мало село по големина, населено со македонско население. Тоа, во 1961 година имало 80, а во 1994 година само 24 жители.[5]

Според пописот од 2002 година, во селото Штурово живееле 11 жители, сите Македонци.[2]

До 1950-тите години, селото било населено исклучиво од Турци. Подоцна, турското население целосно го напуштило селото, а на нивно место се населиле Македонци. Во поново време, селото е во фаза на раселување.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 6 жители, од кои 3 Македонци и 3 лица без податоци.[10]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 60 227 257 80 102 52 35 24 11 6
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[11]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[12]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[14]


Самоуправа и политика

уреди

Во XIX век, Штурово било село во Радовишката каза на Отоманското Царство.

Селото влегува во рамките на Општина Радовиш, која била проширена по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било исто така во рамките на Општина Радовиш.

Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Радовиш.

Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Калаузлија, во која покрај селото Штурово, се наоѓале и селата Алилоба, Држаоци, Калаузлија, Каралоба, Караџалар, Чешме Маале и Шаинташ. Општина Калаузлија постоела и во периодот 1950-1952.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 1604 според Државната изборна комисија, сместено во простории на приватен објект.[15]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[16] На локалните избори во 2021 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 11 гласачи.[17]

Културни и природни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[6]
Споменици
  • Споменик на НОБ пред влезот на селото

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 25 мај 2016.
  3. Атанасов, Зоранчо (2011). Инфраструктурни одлики на населените места во општините Радовиш и Конче (PDF). стр. 65–77. Архивирано од изворникот (PDF) на 2019-04-19. Посетено на 25 мај 2016.
  4. Иванова, Олга (2014). Речник на имињата на населените места во Р Македонија : (Б,Ѓ,Е,Ј,Н,Р,Т,Ќ,У,Ф,Х,Џ,Ш). Скопје: Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“. стр. 210. ISBN 978-608-220-026-2.
  5. 5,0 5,1 5,2 5,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 324. Посетено на 25 јануари 2022.
  6. 6,0 6,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 331. ISBN 9989-649-28-6.
  7. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 234.
  8. Гаджанов, Димитър Г. Мюсюлманското население в новоосвободените земи, во: Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноиздателски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско издателство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 243.
  9. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  10. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  11. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  12. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  13. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  14. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  15. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  16. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  17. „Локални избори 2021“. Архивирано од изворникот на 2021-12-02. Посетено на 25 јануари 2022.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди