Климештани
Климештани — село во Општина Дебрца, во областа Дебрца, во околината на градот Охрид.
Климештани | |
Координати 41°15′21″N 20°46′1″E / 41.25583° СГШ; 20.76694° ИГД | |
Општина | Дебрца |
Население | 37 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 19020 |
Надм. вис. | 904 м |
Климештани на општинската карта Атарот на Климештани во рамките на општината | |
Климештани на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото Климештани се наоѓа во областа Дебрца, во подножјето на Караорман.
Историја
уредиВо XIX век селото било дел од Охридската каза на Отоманското Царство.
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Климештани живееле 80 жители, сите Македонци.[2] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Климештани имало 80 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[3]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Климешчани (Климентово) е претставен како чисто македонско село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 15 куќи.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 100 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Климештани живеат 57 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 37 жители, од кои 35 Македонци и 2 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 80 | 80 | 133 | 145 | 156 | 156 | 150 | 115 | 57 | 57 | 37 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиКлимештани е македонско православно село, селото не е многу старо, настанато е околу 1840 година.[12]
Според истражувањата на Бранислав Русиќ од крајот на 1940тите, родови во селото:
- Староседелци: Белевци (10 к.), Којовци (3 к.) и Крушаровци со Јолевци (3 к.)
- Доселеници: Поповци или Цветковци (4 к.) за нивното потекло има две преданија, според првото доселени се од кичевско, а според второто припаѓаат на родот Поповци во Мешеишта; Крстановци (4 к.) доселени се од струшкото село Ложани, каде припаѓале на родот Шурдовци.[13]
Според истражувањата од 1977 година, родови во селото се:
- Доселеници: Белевци (15к.) еден од трите најстари родови во селото, доселени се од сега раселеното село Црско кое постоело во атарот на селото Поум; Крушаровци (4 к.) доселени се кога и Белевци, доселени се од селото Куратица; Крстановци (2 к.) доселени се кога и претходните два рода, доселени се од селото Волино; после овие 3 рода во селото се населиле Наумовци (3 к.) и Димитриевци (2 к.) доселени се од селото Мешеишта, во родот Димитриевци се знае следното родословие: Аргир (жив на 73 г. во 1980 година) Коста-Лазо-Димитрија кој се доселил од Мешеишта. Во Мешеишта припаѓале на родот Поповци.
Самоуправа и политика
уредиИзбирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 1348 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на месна заедница.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 44 гласачи.[15]
Иселеништво
Постари иселеници од селото има во Северна Америка (1 семејство) од 1923 година, и во Романија (2 семејства) од 1904 година.[13]
Иселеништвото продолжило помасовно после 1960 година и има иселеници во Охрид и Австралија.[12]
Личности
уреди- Наум Наумоски - македонски партизан.
- Стојан Којоски - македонски партизан.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.253
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 164-165.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 30.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 12,0 12,1 Ф., Трифуноски, Јован (1992). Охридско-струшка област : антропогеографска проучавања. Српска академија наука и уметности. ISBN 8670251582. OCLC 27418468.
- ↑ 13,0 13,1 . Русиќ, Бранислав. Струшко Поле-Климештани. Архивски фонд на МАНУ АЕ 88/1. Отсутно или празно
|title=
(help)CS1-одржување: друго (link) - ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
Надворешни врски
уреди„Климештани“ на Ризницата ? |
- Сателитска снимка на Климештани на Карти на Гугл