Костин Дол (Делчевско)

село во Општина Македонска Каменица

За истоименото кочанско село, погл. Костин Дол (Кочанско).

Костин Дол

Поглед на Костин Дол

Костин Дол во рамките на Македонија
Костин Дол
Местоположба на Костин Дол во Македонија
Костин Дол на карта

Карта

Координати 42°03′11″N 22°38′48″E / 42.05306° СГШ; 22.64667° ИГД / 42.05306; 22.64667
Регион  Источен
Општина  Македонска Каменица
Област Осоговија
Население 59 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 2304
Повик. бр. 033
Шифра на КО 09014
Надм. вис. 600-1.040 м
Костин Дол на општинската карта

Атарот на Костин Дол во рамките на општината
Костин Дол на Ризницата

Костин Дол — село во Општина Македонска Каменица, во областа Осоговија, во околината на градот Македонска Каменица.

Географија и местоположба

уреди

Костин Дол се наоѓа во областа Осоговија, во североисточниот дел на Општина Македонска Каменица. Селото е ридско-планинско и од разбиен тип, а неговите маала се издигаат на надморска височина од 600-1.040 м. Селскиот атар зафаќа површина од 14,3 км2.[2]

Маалата во селото се познати како: Лажовска Маала, Умска Маала, Чобанска Маала и Штабска Маала.

Историја

уреди

Селото се споменува во пописните опширни дефтери од 1570 година како село во Ќустендилскиот санџак, нахија Пијанец, со 15 христијански семејства, 3 неженети и 3 вдовици христијани.[3]

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

уреди

Селото има полјоделско-шумарска функција. Во рамките на селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 742 ха, по што следуваат обработливото земјиште на површина од 396 ха и пасиштата на 128 ха.[2]

Население

уреди
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948323—    
1953354+9.6%
1961322−9.0%
1971319−0.9%
1981243−23.8%
ГодинаНас.±%
1991148−39.1%
1994153+3.4%
2002116−24.2%
202159−49.1%

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Костин Дол живееле 154 жители, сите Македонци.[5] По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Костин Дол имало 112 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Македонци.[7]

Во текот на XX век е забележителен значителен пад на бројот на населените, па така селото преминало од средна во мала населба.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Костин Дол живеат 116 жители, сите Македонци.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 59 жители, од кои 51 Македонец и 8 лица без податоци.[9]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 154 112 323 354 322 319 243 148 153 116 59
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[10]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[11]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[13]

Општествени установи

уреди

Во селото има основно училиште во коешто повеќе не се одржува настава.

Самоуправа и политика

уреди

Селото влегува во рамките на Општина Македонска Каменица од 1996 година.

Во периодот 1955-1996, селото било дел од Општина Делчево.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Драмче.

Во периодот 1950-1952, селото било дел од Општина Луковица.

Во XIX век, селото било дел од Малешевската каза на Отоманското Царство.

Избирачко место

уреди

Во селото постои избирачкото место бр. 607 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на поранешното основното училиште.[14]

На парламентарните избори во 2020 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 78 гласачи.[15]

Културни знаменитости

уреди
Археолошки наоѓалишта[16]
  • Јачков Рид - Селиште — населба од неолитско и римско време;
  • Селиште — населба, могила и црква од римско и старохристијанско време;
  • Чукар — населба од неолитско и доцноантичко време.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја (PDF). Скопје: Патрија. стр. 159.
  3. „Турски документи за историјата на македонскиот народ, опширен пописен дефтер за Ќустендилскиот санџак од  1570 година“, том V, книга V, Архив на Македонија, Матица Македонска, стр. 200-201
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Кънчов, Васил. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900, стр. 229.
  6. Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, pp. 140-141.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 26 март 2021.
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  11. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  12. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  13. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  14. „Описи на ИМ“ (PDF). Посетено на 26 март 2021.
  15. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2020-07-15. Посетено на 26 март 2021.
  16. Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академија на науките и уметностите. ISBN 9989649286.

Надворешни врски

уреди