Турија
- За други значења на поимот видете на појаснителната страница
Турија — село во Општина Делчево, во областа Пијанец, во околината на градот Делчево.
Турија | |
Панорама на Турија | |
Координати 41°57′07″N 22°38′57″E / 41.95194° СГШ; 22.64917° ИГД | |
Регион | Источен |
Општина | Делчево |
Област | Пијанец |
Население | 46 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 2320 |
Повик. бр. | 033 |
Шифра на КО | 09027 |
Надм. вис. | 620-800 м |
Турија на општинската карта Атарот на Турија во рамките на општината | |
Турија на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиТурија се наоѓа на северозападните падини на планината Голак, од лвата страна на реката Брегалница. Сместено е во западниот дел на територијата на Општина Делчево и неговиот атар се граничи со Општина Виница. Селото е ридско и од разбиен тип, а неговите маала се наоѓаат на надморска височина од 620-800 м. Атарот на селото зафаќа мала површина од 4,9 км2. Од Делчево е оддалечено 19 км.[2]
Историја
уредиВо почетокот на XX век, Турија било село во Кочанската каза на Отоманското Царство.
Само 1 жител на оваа населба е заведен како жртва во Втората светска војна.[3]
Стопанство
уредиСелото има полјоделско-шумарска функција. Во селскиот атар преовладуваат шумите на површина од 332 ха, додека на обработливо земјиште отпаѓаат 103 ха.[2]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Турија имало 112 жители Македонци.[4]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[5]
Според пописот од 2002 година, во селото Турија живееле 102 жители, сите Македонци.[6]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 46 жители, од кои 41 Македонец, 1 останат и 4 лица без податоци.[7]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 112 | — | 172 | 196 | 182 | 171 | 153 | 134 | 127 | 102 | 46 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]
Родови
уредиСпоред истражувањата на Бранислав Русиќ во 1953 година, родови во селото:
Македонски
- Староседелци: Рударци (7 к.), Никовци (3 к.), Цековци (4 к.), Костовци (2 к.), Долномалци (4 к.), Војинове (2 к.) и Црнговци (6 к.).[12]
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во составот на Општина Делчево од 1952 година.
Во периодот 1950-1952, селото било дел од тогашната општина Бигла во склоп на Делчевската околија.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачко место бр. 0603 според Државната изборна комисија, кое е сместено во старото основно училиште.[13]
На локалните избори во 2017 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 72 гласачи.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 70 гласачи.[15]
Културни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија: географски, демографски, и аграрни обележја. Скопје: Патрија. стр. 304.
- ↑ „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 132-133.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ Русиќ, Бранислав. Фонд Русиќ. Архивски фонд на МАНУ к- 3, АЕ, 96/1 в.
- ↑ „Изборна единица 3 — Општина Делчево“ (PDF). Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Локални избори 2017“. Архивирано од изворникот на 2021-02-18. Посетено на 22 мај 2018.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. II. Скопје: Македонска академиjа на науките и уметностите. стр. 132. ISBN 9989649286.