Отвори го главното мени
Пласница

Map of Plasnica Municipality.svg

Знаме на Општина Пласница Грб на Општина Пласница
Знаме Грб
Општи податоци
Седиште Село Пласница
Површина 54,44 км²
Демографија
Население 4.545 жит.
- проценка од 31.12.2016 4.960 жит.
Густина 83,49 жит/км²
Населени места
Локална управа
Градоначалник Исмаил Јахоски
Совет 9 члена
Контактни податоци
Седиште Општина Плашица Пласница
Телефон 045 287-086
Факс 045 287-087
Мреж. место Службен портал
Карта на општина Пласница со селските атари.
Демографска карта на општина Пласница со селските атари.

Општина Пласницаопштина во Западна Македонија. Центар на општината е селото Пласница. Во состав на општината се четири населени места кои се сместени во горниот тек на реката Треска: Пласница, Преглово, Лисичани и Дворци.

ГеографијаУреди

Општина Пласница се наоѓа во средишниот дел на Западна Македонија и се протега на северните и североисточните падини на Бушева Планина и планината Сач. Територијата на општина Пласница има површина од 54,30 км2. Општината се граничи на североисток со општина Македонски Брод, на југоисток со општината Крушево и селото Сопотница и на запад со општина Вранештица.

Територијата на општина Пласница се наоѓа под влијание на умерено-континентална клима, која се одликува со ладни и врнежливи зими и суви и топли лета. На високите планини е изразена планинска клима со кратки и ладни лета и долги и снежни зими.

Најтопол месец со средна месечна температура е јули со 20,0 °C. Најстудени месеци се јануари со просечна месечна температура од 0,6 °C и декември со просечна месечна температура од 2,1 °C. Екстремните температури се движат од 38,9 °C во август до минус 25,9 °C во февруари. Годишниот период на сончеви часа изнесува 2263 часа или 6,2 часа дневно.

ИсторијаУреди

Општина Пласница во овие администратитвни граници е од 1996 година според новата теритиријална поделба на Република Македонија, со поделба на општина Македонски Брод, кога се формирани уште две нови општини: Самоков и општина Пласница.

ДемографијаУреди

Според пописот од 2002 година во општина Пласница живеат 4.545 жители во 1.125 домаќинства и 1.225 станови. Густината на населеност во оваа општина е 84,2 жит./км2. Според националната припадност во општината живеат 4.446 Турци, 34 Македонци, 20 Албанци и 45 жители кои се изјасниле како припадници на други заедници.[1]

народ вкупен број % од вкупното население
Македонци 34 0,75
Албанци 20 0,44
Турци 4.446 97,82
Роми 0 0,0
Власи 0 0,00
Срби 0 0,0
Бошњаци 0 0,00
други 45 0,99
религија вкупно
Православни 34
Муслимани 4.465
Католици 0
Протестанти 0
Други 46


Јазик вкупно
Македонски 63
Албански 22
Турски 4.415
Ромски 0
Влашки 0
Српски 0
Бошњачки 0
Други 45

Гледна точка на локалното населениеУреди

Локалното население тврди дека се етнички Турци кои зборуваат на македонски јазик.

Општо гледиштеУреди

Според останатите гледишта, целото население по етничка припадност всушност се Македонци, поточно Македонци-муслимани, кои се изјасниле како Турци поради политичко-религиски причини. Податоци за ова се наоѓаат во македонски, бугарски, српски и останати светски извори.

ОбразованиеУреди

Во општината постојат 2 основни училишта и тоа:

ИнфраструктураУреди

Патна мрежаУреди

Низ територијата на општина Пласница поминува регионалниот пат P-513, Скопје-Кичево-Македонски Брод-Прилеп, и е единствен пат од повисока категорија. Патната мрежа во општината ја формираат и 20 локални патишта кои ги поврзуваат населените места во општината. Локалните патишта не се сите асфалтирани, дел од нив, низ населените места, се со набиен шлунак-макадам. Основна карактеристика на оваа секундарна мрежа е тоа што таа е со непостојан профил, со променлива широчина и без оформени тротоари, како и неповолниот меѓусебен однос на сообраќајниците. Заради овие причини, треба да се стави акцент на нова сообраќајна концепција со што ќе се придонесе кон максимално сообраќајно поврзување на сите објекти во населените места во општината.

Водовод и канализацијаУреди

Како главен извор за снабдување со вода на населението, индустријата и за комуналните потреби на населените места во општината се користат водите од регионалниот водовод „Студенчица“. Процентот на домаќинства кои живеат во станови со приклучок на јавен водовод (во однос на вкупниот број на домаќинства) изнесува 97,5%.

Водоснабдувањето во општината се врши од еден тип на водоводен систем и тоа: излезна шахта од главниот водовод на Ј. П. Студенчица (КичевоПрилеп), потисен цевковод и четири резервоари, а потоа преку секундарната мрежа по гравитационен пат водата се дистрибуира до самото население. За разновидната секундарна мрежа се користени ПЕТ профили, со пречник од Ф 63 до Ф 160.

Документацијата покажува дека водоводот е реализиран 100%, но на теренот населението се соочува со проблеми со водоснабдувањето.

Процентот на домаќинства кои живеат во станови со приклучок на јавна канализација (во однос на вкупниот број на домаќинства) изнесува 2,6%.

Политика и администрацијаУреди

Градоначалник на општина Пласница е Исмаил Јахоски од редовите на ДУИ. Тој бил избран на локалните избори од 2017 година за петти мандат од четири години.[2] Јахоски претходно победувал на локалните избори во 1996, 2000, 2009 и 2013. Советот на општина Пласница е составен од 9 члена. Според последните локални избори од 2017 година, членовите на советот според политичката припадност за мандатот 2017-2021 се:

 
  ДУИ: 6 места
  СДСМ: 2 места
  ДПТ: 1 место

ЗдравствоУреди

Во населеното место Преглово функционира здравствена станица, која е под Здравствениот Дом Македонски Брод. Здравствената станица во село Преглово функционира од 1965 година кога имало вработено еден доктор, една сестра и еден санитар.

Но поради зголемувањето на бројот на населението и на потребите на граѓаните се изгради нов монтажен објект во 1985 година, во кој функционира здравствена амбуланта, една стоматолошка ординација, една аптека и една лабараторија.

Според бројот на населението и населените места, бројот на вработените и услугите кои ги дава амбулантата не е соодветен на потребите на граѓаните од овие населени места. Вредно е да се напомене дека амбулантите работаат и во попладневна смена.

Во амбулантата се сместени стоматолошката ординација Дентал и аптеката Кристи-фарм.

Во населеното место Лисичани функционира здравствена станица која е под Здравствениот Дом Кичево, работи во една смена со еден доктор и една медицинска сестра.

НаводиУреди

Надворешни врскиУреди