Ново Коњарево
Ново Коњарево — село во Општина Ново Село, во околината на градот Струмица.
Ново Коњарево | |
![]() Влезот на селото | |
Координати 41°23′39″N 22°56′23″E / 41.39417° N; 22.93972° EКоординати: 41°23′39″N 22°56′23″E / 41.39417° N; 22.93972° E | |
Општина | Ново Село |
Население | 933 жит. (поп. 2002) |
Пошт. бр. | 2434 |
Шифра на КО | 27064, 27564 |
Надм. вис. | 300 м |
![]() |
Географиja и местоположбаУреди
Ново Коњарево се наоѓа во непосредна близина на граничниот премин Струмица - Ново Село (т.е. Ново Коњарево) и се наоѓа на само 1 км далечина од гранцата со Бугарија. Од центарот на општината, Ново Село, е одалечено 7 километри додека од најблискиот град Струмциа е одалечено 28 километри. Таквата местоположба го прави центар на многу патишта во југоисточниот регион на државата.
ИсториjaУреди
Селото било основано во 1931 година од 15 семејства, српски колонисти, и во почетокот се викало Белите Кашти (Белите Куќи). Во 1941 година овие семејства биле протерани од бугарската војска. По војната во 1945 година, селото го населиле жителите на Бадилен. Според името на соседното село Коњарево, оваа населба го добила името Ново Коњарево. Во близина на селото има споменик наречен „Апостолски премин“, изграден во чест на битката од 1943 година помеѓу окупаторската и македонската војска, предводена од генералот Михајло Апостолски.
Во атарот на селото Ново Коњарево на 100 метри од македонско–бугарската граница се наоѓа наоѓалиштето „Голема Трпеза“. Наоѓалиштето е сместено на издолжен рид со зарамнето плато на кое се наоѓала населбата со должина од околу 150 метри во правец север - југ и 70-тина метри во правец на исток - запад. Ридот од западната, северната и источната страна е заштитен со стрмни долови, додека од од јужната страна со мал преслап е поврзан со подножјето на планината Беласица. Токму на овој дел се наоѓаат остатоци од кула и бедем на западната страна. Во подножјето на ридот на северната страна тече реката Струмица. Наоѓалиштето досега не е истражувано, но судејќи по површинските наоди тој му припаѓал на периодот на доцното бакарно време/раната бронза што не ја исклучува можноста во подлабоките слоеви да се пронајдат остатоци и од неолитот.
ДемографијаУреди
Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 934 жители. Следува табела на националната структура на населението[1]
Националност | Вкупно |
Македонци | 932 |
Турци | 0 |
Роми | 0 |
Албанци | 0 |
Власи | 0 |
Срби | 2 |
Бошњаци | 0 |
Други | 0 |
Општествени установиУреди
Во селото се асфалтирани повеќе улици, и има повеќе места за излегување на младите (базен, кафулиња, кафани, сендвичара, дуќани) и функционира на ниво месна заедница.
Селото има две цркви: едната е „Св. Илија“ осветена во 1973 година, а втората „Св. Климент“, осветена 2003 година.
Самоуправа и политикаУреди
Изборно местоУреди
Во селото постојат изборните места бр. 1791 и 1791/1 според Државната изборна комисија, сместени во дом на културата.[2]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 1.110 гласачи.[3]
ЛичностиУреди
- Проф. д-р Владо Тимовски (р. 1948) — македонски педагог, професор на УКИМ[4]
- Ванчо Ѓорѓиев (р. 1964) — македонски историчар, професор на УКИМ[5]
Култура и спортУреди
- ФК „Граничар“ — фудбалски клуб од селото
- ОК „Граничар“ — одбојкарски клуб од селото
ИселеништвоУреди
Значаен дел од населението е во странство (Швајцарија, Италија, Германија и други места) или претежно се занимава со земјоделство, од причина што земјата е многу плодна и успеваат многу земјоделски култури.
НаводиУреди
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 21 декември 2019.
- ↑ „Проф. д-р Владо Тимовски“. Педагошки факултет - Скопје. Посетено на 2010-03-14.
- ↑ „д-р Ванчо Ѓорѓиев“. Филозофски Факултет Скопје. Посетено на 2010-03-14.
Надворешни врскиУреди
- Ново Коњарево на Ризницата ?