Растојца
Растојца — село во Општина Демир Хисар, во областа Железник, во околината на градот Демир Хисар.
Растојца | |
Поглед на селото Растојца | |
Координати 41°19′43″N 21°11′38″E / 41.32861° СГШ; 21.19389° ИГД | |
Регион | Пелагониски |
Општина | Демир Хисар |
Област | Железник |
Население | 10 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7244 |
Повик. бр. | 047 |
Шифра на КО | 16020 |
Надм. вис. | 720 м |
Слава | Ѓурѓовден[2] |
Растојца на општинската карта Атарот на Растојца во рамките на општината | |
Растојца на Ризницата |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа во крајниот северен дел на територијата на Општина Демир Хисар, недалеку од патот Демир Хисар-Крушево. Селото е ридско, сместено на надморска височина од 720 метри.[3]
Атарот на селото зафаќа простор од 8 км2, при што преовладуваат шумите со површина од 540 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 125 хектари, а на пасиштата 116 хектари.[3]
Селото е мало, населено со македонско население. До 2004 година селото припаѓало на Општина Крушево, кој и физички е поблиску до селото, но сепак поради подобрата патна поврзаност било припоено кон Општина Демир Хисар. Најблиски соседни села се Кочиште и Ракитница.
Околни села се: Острилци од исток, Кочиште од север, Ракитница од југ, и Радово од запад. А исто така граничи и со градот Крушево од североисток.
Историја
уредиВо XIX век, Растојца било христијанско село во рамките на Битолската каза (нахија Демир Хисар), на Отоманското Царство.
Легенда
уредиСтарото село, кое исто го викале Растојца, се наогало на друга местоположба, 6-7 километри југоисточно од сегашната, односно меѓу селата Прибилци и Ново Село на место викано „Стара Растојца“. За време на турското ропство, во близината на селото Прибилци бил разместен турски гарнизон. Аскерот, башибузукот често правеле зулуми. Населението давало отпор. Еден ден, биле убиени неколку турски војници. Аскерот се вратил во Прибилци, се прегрупирал имал за цел да го запали селото и сурово да го казни населението. Растојчани очекувале одмазда и штом забележале движење на аскерот кон нивното село, веднаш избегале од селото оставајќи го празно. Селото било опожарено, разурнато до темел. Мештаните заминале во различни правци, само со најнеопходното. Двајца браќа заминале во правец на север за да се скријат во густата шума. Тука оформиле живеалиште, а новото живеалиште го нарекле Растојца.
Стопанство
уредиСелото во основа има полјоделско-шумарска функција.[3]
Население
уреди
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Растојца имало 170 жители, сите Македонци христијани.[4] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Растојца имало 200 жители.[5]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Растовица се води како чисто македонско село во Битолската каза на Битолскиот санџак со 32 куќи.[6]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 250 Македонци.[7]
Растојца е мало село, населено со македонско население. Така, во 1961 година броело 238 жители, а во 1994 година бројот се намалил само на 23 жители македонско население.[3]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 19 жители, сите Македонци.[8]
Зимно време има само неколкумина жители, не повеќе од 10. А летно време бројката се зголемува, до дваесетина жители.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 10 жители, сите Македонци.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 170 | 200 | 268 | 286 | 238 | 138 | 81 | 38 | 23 | 19 | 10 |
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]
Родови
уредиРастојца е македонско село.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1951 година родови во селото:[13]
- Староседелци: Жулевци (18 к.), Торневци (15 к.) и Црнтеловци или Домазетовци (11 к.), порано живееле во Стара Растојца.
Самоуправа и политика
уредиСелото влегува во рамките на проширената Општина Демир Хисар, на која ѝ била додадена поранешната Општина Сопотница по новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото припаѓало на Општина Демир Хисар.
Во периодот од 1955 до 1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата општина Демир Хисар.
Во периодот 1952-1955, селото било во рамките на тогашната Општина Демир Хисар, во која покрај селото Растојца, се наоѓале и селата Бараково, Вардино, Белче, Граиште, Единаковци, Журче, Кутретино, Мургашево, Ново Село, Лесково, Прибилци, Ракитница, Сладуево, Слепче, Стругово и Суви Дол. Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната Општина Растојца, во која влегувале селата Зашле, Кочиште, Ново Село, Растојца, Радово и Ракитница.
Избирачко место
уредиВо селото постои избирачкото место бр. 640 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[14]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 5 гласачи.[15]
Културни и природни знаменитости
уреди- Археолошки наоѓалишта[16]
- Гумниште — старохристијанска базилика;
- Кула — утврдување од средниот век;
- Млаки Грмаѓи — рудник од средниот век;
- Над Сопатот — некропола од средниот век;
- Синоец — некропола од доцноантичко време.
- Цркви[17]
- Црква „Св. Богородица“ — главна селска црква
- Споменици
- Споменик за НОБ
- Природни реткости
- Стар даб во дворот на селската црква, едно од најстарите дрвја во Македонија
- Каменот
- Цуцулот
- Понорната река Жаба
Редовни настани
уреди- Илинденски срцекази — традиционална мултимедијална манифестација[18]
Личности
уреди- Трајко Мирчевски (1940-2010) — македонски новинар[19]
- Тале Сотировски (р. 1948) — новинар, уредник на Вечер Недела
- Андреа Андрески (1949-2004) — истакнат правник, во ЖТП Македонија, член на Државната Изборна Комисија во периодот 1995-1999
- Наќе Стојановски (р. 1950) — македонски политичар и пратеник во 3 мандата[20]
- Живко Андревски (р. 1955) — декан и професор на Факултетот за политички науки на Европскиот Универзитет[21]
- Петар Мирчевски (p. 1956) — глумец
- Миле Кузмановски (p. 1971) — естраден уметник
- Гоце Петрески — академик, професор на Економскиот факултет на Скопскиот универзитет
- Христо Петрески — новинар, писател, издавач, член на Друштвото на писатели на Република Македонија
- Живко Маминко — воен пилот, подоцна капетан во цивилно воздухопловство
- Ристо Вељанов Димоски — македонски револуционер од ВМОРО.[22]
- Степан Андрев Богојески — македонски револуционер од ВМОРО.[23]
- Манојло Вељановски — македонски партизан.
- Трајан Деспотовски — македонски партизан.
- Крсте Сотировски — македонски партизан.
Иселеништво
уредиОд родовите поединечно се знае за следните иселеници до 1951 година:
Галерија
уреди-
Руинирана градба во селото
-
Селските гробишта
-
Стариот даб
Наводи
уреди- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Димитров, Никола В. (2017). Географија на населби: општина Демир Хисар (PDF). Битола. стр. 102. ISBN 978-608-65616-4-2.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 255-256. Посетено на 25 декември 2016.
- ↑ Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 240.
- ↑ D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р.172-173.
- ↑ Михајловски, Роберт, уред. (2017). Етнографска карта на Битолскиот вилает (PDF). Каламус. стр. 14.
- ↑ „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
- ↑ „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 24 декември 2016.
- ↑ К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
- ↑ Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
- ↑ „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
- ↑ „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
- ↑ 13,0 13,1 Русиќ, Бранислав. фондот „Бранислав Русиќ“. Архивски фонд на МАНУ, к-5, АЕ 97.
- ↑ „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ „„Илинденски срцекази" во Растојца, Демирхисарско“. Сител Телевизија. Скопје. 31 јули 2016. Посетено на 25 декември 2016.
- ↑ „Последен збор Трајко Мирчевски 1940-2010, новинар“. Утрински Весник. 18 мај 2010. Посетено на 2010-05-18.
- ↑ „Список на пратеници“. Собрание на Република Македонија. Посетено на 2010-04-04.
- ↑ „Факултет за политички науки“. Европски универзитет - Република Македонија. Посетено на 2010-04-04.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел II. Скопје: Државен архив на Република Македонија.
- ↑ Јасмина Дамјановска; Ленина Жила; Филип Петровски (2016). Илинденски сведоштва том I, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.