Србица — село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево.

Србица
Србица is located in Македонија
Србица
Местоположба на Србица во Македонија
Координати 41°35′17″N 21°1′51″E / 41.58806° N; 21.03083° E / 41.58806; 21.03083Координати: 41°35′17″N 21°1′51″E / 41.58806° N; 21.03083° E / 41.58806; 21.03083
Општина Coat of arms of Kičevo Municipality.png Кичево
Население 1862 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 934 м
Карта на Општина Осломеј со селските атари.

Географија и местоположбаУреди

Селото Арангел се наоѓа во областа Горно Кичево, на западните падини на Челоица. Оддалечено е 13 километри североисточно од Кичево.

ИсторијаУреди

Во минатото селото Србица било населено со православни Македонци, за што доказ е записот во една од манастирските книги во кичевскиот манастир Света Богородица Пречиста во кои стои запишано: „во време на игуменот Гаврил јеромонах, сираче од село Србница, 1811 месец март 20[1].

Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Кичевската нахија (Nahiye-I Kirçova) со 80 семејства, 3 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[2]

Се зборува дека Србица некогаш имала околу 300 словенско-христијански куќи. Селото било многу важна населба за северниот дел на кичевскиот крај. Во Србица имало црква „Св. Никола“.

За време на османлиската власт, веројатно крајот на XVII и почетокот на XVIII век. словенските христијани во Србица нагло се намалиле: едни се иселиле, додека други се исламизиале. А во другата половина на XVIII век, следувало населување на Албанци муслимани, по потекло од областа Матија во Северна Албанија. Најпрво дошле 7-8 албански домаќинства. Така населението во Србица станало мешано: македонско муслиманско и албанско. Помеѓу Торбешите (Македонци-муслимани) и Албанците, поради истата вера, склучувале и брачни врски. Така Македонците-муслимани постепено го губеле својот мајчин јазик и се албанизирале. Македонското население потполно се албанизирало во почетокот на XX век.[3]

Според податоците од 1873 година, селото било познато како Србиската и имало 158 домаќинства со 400 жители муслимани и 92 жители христијани.[4]

За време на Втората светска војна, Балистите селото го преименувале во Кастритери.[5]

ДемографијаУреди

Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Србица живееле 850 жители, Македонци муслимани.[6]

Според пописот од 2002 година, селото имало население од 1.862, од кои 1.859 се изјасниле како Албанци, и 3 други. Иако мнозинското население се изјаснило како албанско, поголемиот дел од народот има македонско потекло со исламска вероисповед.[7]

Родови:Уреди

Еден од најголемите албански родови во селото е родот Спаија (75 куќи), кој потекнува од областа Мат, во северна Албанија. Овде се доселил извесен Али Спаија со своите пет сина во втората половина на XVIII век.[8]

Според истражувањата на Јован Трифуноски во периодот 1961-1965.

  • Родови во селото се:
  1. Староседелци: Касе (36 к.) и Енеџе (35 к.) они се исламизирани, па поалбанчени. Порано зборувале македонски, но мешајќи се со Албанците се албанизирале.
  2. Доселеници: Али Спаија (75 к.) доселени се во втората половина на 18-ти век од областа Мат во северна Албанија; Балаж (35 к.) имаат исто потекло како и претходниот род. Од местото на старина се иселиле тројца браќа, првиот во Србица, вториот во селото Ново Село, а третиот во селото Црвивци; Зиловци (25 к.) исто потекло како и претходните два рода, имаат роднини во селото Арангел (Бајрамовци 25 к.).[9]

Самоуправа и политикаУреди

Изборно местоУреди

Во селото постојат изборните места бр. 785 и 786 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[10]

На претседателските избори во 2019 година, на ова изборно место биле запишани вкупно 1.574 гласачи.[11]

Културни и природни знаменитостиУреди

Археолошки наоѓалишта[12]
  • Маркулија — утврдена населба од железното, хеленистичкото и римското време;
  • Црква — црква и некропола од средниот век;

ЛичностиУреди


ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. Петров, Гьорче. Материали по изучванието на Македония. Печатница Вълковъ, София. стр.347
  2. Турски документи за историјата на македонскиот народ кн.4, Методија Соколоски, д-р Александар Стојановски, Скопје 1971, стр.271
  3. Кичевска Котлина. Сеоска насеља и становништво. Д-р Јован Ф. Трифуноски. Скопје: 1968
  4. „Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г.“ Македонски научен институт, София, 1995, стр.90-91.
  5. Трифуновски, Јован, Кичевска котлина : насеља и становништво, 1968 г
  6. Кънчов, В. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, с.255
  7. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  8. Албанците во Македонија само од 1780 година, д-р Ристо Ивановски, Битола, 2014 г., 9 стр.
  9. Трифуноски, Јован (1968). Кичевска котлина: Селски населби и население. Белград: САНУ.
  10. „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
  11. „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.
  12. Коцо, Димче(1996).Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
  13. „Проекција на филм за Омер Калеши“. Дневник. Посетено на 2010-12-26.
  14. „Европска црна листа“. Посетено на 2010-12-25.
  15. „Кој е Фатмир Дехари“. Дневник. Посетено на 2010-12-26.

Надворешни врскиУреди